|
|
|
|
|
|
Македонија не го прекршува договорот за границата од 2001
Немаме ништо против српските власти да се вклучат во процесот на демаркација на македонско-косовската граница
Македонија не прави ништо спротивно на Спогодбата за утврдување на границата од 2001 година потпишанa со Белград и по ниедна основа не го прекршува договорот кој е депониран во Обединетите нации.
Од МНР вчера информираа дека Министерството за надворешни работи одговори на минатонеделната нота на Министерството за надворешни работи на Србија, кое реагираше на почнатата демаркација на македонската граница во делот кон Косово. Во протестната нота, која му била врачена на македонскиот амбасадор во Белград Александар Василевски, според пишувањето на белградските гласила било изразено незадоволство од „продолжување на активностите за демаркација на границата кон Косово“.
Немаме ништо против српските власти да се вклучат во процесот на демаркацијата доколку успеат да обезбедат физичко присуство во договор со УНМИК и со приштинските власти, велат во МНР. Во Министерството изразуваат жалење што Белград го одложуваше регулирањето на овој проблем околу границата и не го реши и покрај инсистирањето на Македонија кога имаше можност за тоа. Моментно на Македонија и' е важно да го затвори прашањето за обележување на границата за кое постои меѓународно признат договор.
Да потсетиме, во протестната нота од српското МНР, македонската страна се обвинува дека „со чинот на започнување на демаркација на границата со Србија во делот на Косово и Метохија, во соработка со неовластени органи од Приштина покажа дек�� не го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Србија и дека не ја уважува како договорна страна“. Ова, како што се наведува во минатонеделното соопштение на српското Министерство, било во спротивност со Спогодбата за регулирање на меѓусебните односи и за унапредување на соработката од 1996 година со која Србија ја призна Македонија под нејзиното уставно име. (Н.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 1028 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1 |
Датум: 08.07.2008 09:51:51 |
|
Uste ne vi e sram da kazuvate deka ne go prekrsuvate dogovorot. Dogovorot e potpisan pmegu Makedonija i Srbija, a Kosovo e del od Srbija a ne drzava. Kako drzava e vestacka, formirana od zapadot posebno od Amerika i ne treba da bide priznata od nikogo, a posebno od nas, zosto toa ke pridonese za pobrzo izceznuvanje na nasata Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Скопско |
Датум: 08.07.2008 10:29:05 |
|
И те како го прекршува договорот!!! Прави сметка без крчмарот!!! Освен лажење од ВеМеРеОВЦИВЕ ништо друго неможе ни да се очекува!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Goce Viena |
Датум: 08.07.2008 10:30:41 |
|
Srbija da go vrati Prohor Pcinski i gradot Trgoviste da ja priznaat MPC dokolku toa ne se sluci vo kratko vreme Makedonija da go priznae Kosovo odma po zavrsuvaneto na obelezuvanjeto na granicata |
|
|
|
|
|
|
Од: Tetova_1 |
Датум: 08.07.2008 14:53:18 |
|
Umno postapelle so obelezuvanje na granicite.
Nam Kosovarive nise soseda.....i taka ke ostane sasekogas. |
|
|
|
|
|
|
|
|