Момчиња избодени со нож пред „Мавровка“
Две момчиња од скопското село Визбегово се избодени со нож при тепачка со друга група во Трговскиот центар „Мавровска“ во Скопје. Инцидентот, според полицијата, се случил во саботата околу 21,45 часот пред кафе-барот „Рум“, на булеварот „Крсте Мисирков“.
Осумнаесетгодишниот Х.Љ. од с. Визбегово и неговиот пријател А.И.(19) биле нападнати со нож од страна на неколкумина непознати лица. Притоа двајцата биле избодени со нож и се префрлени во Градската болница во Скопје, каде што се задржани на лекување. „По увидот извршен на самото место, се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите“, велат од полицијата. (Х.Р.) |