Број 3409  понеделник, 18 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника

Дете почина попарено од врела вода

Мајка ја попарила ќерка си капејќи ја во врела вода во шарпланинско Ново Село

Гојко Ефтоски



ТЕТОВО – Тригодишно девојче почина од изгореници при капење со врела вода. Семејната трагедија се случила во шарпланинското Ново Село кога мајката капејќи го детето во бањата, пуштила врела вода, која на тригодишното девојче му нанела смртни изгореници. И покрај обидите на родителите да му го спасат животот на детето, несреќното девојче починало на пат кон тетовската Клиничка болница.

Се' се случувало во бањата во семејна куќа на семејството Муртезани. „Триесет и тригодишната Р.М. во петокот околу 13,30 часот сакала да ја избања својата ќерка, но не сакајќи, пуштила врела вода врз неа. Водата предизвикала изгореници по кожата на несреќното дете“, велат во МВР.

Во обид да му помогне, мајката го премачкала девојчето со масло за јадење и со некоја друга непозната течност. Ја завиткала тригодишната ќерка со пелени, ја легнала и ја покрила со јорган. Наредниот ден забележала дека здравствената состојба на девојчето се влошува.

За случката му кажала на сопругот Д.М., кој веднаш се упатил за Тетово. Но, се' веќе било попусто. Полицијата била известена за случајот од лекар од Клиничкиот центар од Тетово, кој пријавил дека кај нив е донесено починато девојче од тетовско Ново Село. Врз телото на девојчето во саботата била извршена обдукција. Според наодот, смртта настапила како последица на трауматски шок од изгорениците како резултат од невнимание на мајката. Тетовската полиција извршила увид и работи на расветлување на сите детали поврзани со случајот.


#
Статијата е прочитана 2141 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 18.10.2010 18:32:32
БОже , неписмен народ , а 21 ви век сме!! Барем сега постојат доктори и болници !!Па , жено, ако не знаеш што да направиш , јави се по телефон , барем , има некој кој ќе ти каже што и како да направиш!!!Кутро детенце , починало во страшни маки !!!!

Најди! во Утрински
Хроника
Министерот за здравство на домашно лекување
Момчиња избодени со нож пред „Мавровка“
Двојно убиство во Дојран
Ограбена обложувалница во Кавадарци
Kафеанџија шверцувал девојки






Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger
Dutch resistance unlikely to halt Serbia's EU bid
The Great Gas Game: Russia plays Romania against Bulgaria