Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Општините очекуваат 50 отсто поголем буџет

„На владината седница што ќе се одржи идната недела, во целост ќе бидат разгледани барањата на ЗЕЛС“, најави вчера премиерот Никола Груевски по вчерашната посета на заедницата на општини.Членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС пред премиерот и министрите кои имаат допирни точки со функционирањето на локалната власт, вчера ги презентирале барањата упатени до Владата, од кои дел биле во пишана форма, а други усно кажани.

„На голем дел од барањата ќе одговориме позитивно или барем делумно позитивно, односно онолку колку што имаме сили да дадеме поткрепа на работењето на локалната самоуправа, бидејќи децентрализацијата е во врвот на нашите приоритети“, изјави премиерот Груевски во паузата на средбата. Тој нагласи дека ќе биде направена збирна информација и ќе се обидат да ги разгледаат сите прашања.

Претседателот на Управниот одбор на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Гази Баба Коце Трајановски рече дека се надева оти за наредната година општините во Македонија ќе имаат за 50 отсто повеќе средства во буџетите.

„Очекуваме позитивни одговори од страна на Владата за нашите барања. Доколку Владата ги прифати, очекуваме некаде до 50 отсто да се зголемат буџетите на општините врз основа на дополнителните извори на приходи“, рече Трајановски.

Претседателот на ЗЕЛС истакна дека доколку не се направи нешто повеќе за зголемување на изворите за добивање средства за општините, тие нема да можат да ја извршуваат нивната функција на начинот на кој е предвидено со закон.

Трајановски прецизира дека ЗЕЛС на средбата, меѓу другото, побарала зголемување на зафаќањата од персоналниот данок на доход и од ДДВ од сегашните 3 отсто што се наменети за општините на 6 отсто од персоналниот данок и на 30 отсто од ДДВ општините да стопанисуваат со градежното земјиште, а претходно да се расчистат имотноправните односи за земјиштето. Исто така, ЗЕЛС побарал од Владата пари за изработка на деталните урбанистички планови, за кои, како што рече Трајановски, се потребни по околу 1.000 евра по хектар, како и да се одблокираат сметките на општините. (П.Р.)


Статијата е прочитана 194 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Високата партиципација им ги вади забите на болните
Милошоски по изборите очекува датум за преговори
Неждет Мустафа- ЕВН да ја прекине тортурата врз Ромите
Љубе Бошкоски- Премиерот е опкружен со полтрони