Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Скопје

Дали западот може да се грее од „Исток“?

Корисниците можат да го сменат снабдувачот, но не можат да изберат снабдувач со пониска цена

Снежана Калабакова

Корисниците на парно можат да го сменат снабдувачот со топлинска енергија ако се незадоволни од квалитетот на услугата. Тоа значи дека граѓаните што добиваат парно од „Снабдување запад“ би можеле во иднина да се греат, на пример, преку „Снабдување исток“, но само доколку го побара тоа целата зграда. Сепак, освен право на избор за подобар квалитет, корисниците се' уште не можат да изберат снабдувач со пониска цена. Бидејќи трите снабдувања „Исток“, „Запад“ и „Центар“ во догледно време нема да си конкурираат меѓусебно со различни цени на парното.

Ниту во Регулаторната комисија за енергетика не се убедени дека такво нешто би можело да се случи набрзо, бидејќи, како што објаснија, било потребно да се појави уште некој производител на топлинска енергија. А, за тоа се' уште немало создадено предуслови! Снабдувањата немале економска база, односно таков капитал зад себе за да може некое од нив да оди со пониска цена, а во меѓувреме реалните трошоци да ги покрива од други бизниси. Тоа, тврдат регулаторите, е практика во европските земји каде што пазарот е либерализиран.

Оттаму произлегува дека е потребно кај нас да се вклучат други снабдувачи со топлинска енергија за да им конкурираат на сегашните три претпријатија. Засега граѓаните немаат друг избор, освен можеби да го сменат снабдувачот за да добијат подобар квалитет. Некои граѓани веќе пројавија интерес за такво нешто, незадоволни што радијаторите им се минимално загреани и тоа само наутро и навечер. Снабдувањата тврдат дека испорачуваат топлинска енергија според режимот за греење, согласно со надворешните температури и правилникот за испорака на топлинска енергија, според кој работи производителот на топлинска енергија, во случајов АД „Топлификација“. Објаснуваат дека граѓаните пред да го раскинат договорот со претходниот и да склучат договор со новиот снабдувач прво ќе мораат да си ги расчистат сметките со претходното претпријатие.

„Со новата реорганизација на дејностите, секој објект, односно секое мерно место има можност да избира од кое снабдување („Исток“, „Центар“, „Запад“) ќе добива топлинска енергија. Но, тоа не ќе може да го прави секој потрошувач поединечно. Во овој момент е нереално да се очекува дека кое било од снабдувањата може да понуди пониска цена на услугата. Она што може да го добие потрошувачот е поквалитетна услуга доколку смета дека би му ја овозможило некое друго снабдување“, вели Никола Ниневски од „Снабдување исток“.

Според Ефтим Поцев, директор на „Снабдување центар“, квалитетот во снабдувањето со топлинска енергија зависи исклучиво од квалитетот на мрежата и на инсталациите. А, кој снабдувач и да дојде, вели тој, не може да ја смени мрежата. Квалитетот се регистрира на самото мерно место и снабдувањата се тие што водат сметка за квалитетот и за квантитетот. Според него, засега не може да има разлика во цената меѓу снабдувачите, поради тоа што одобрените трошоци што им ги признава регулаторот влегуваат со 2,5 отсто, па овој процент не може многу да влијае врз цената. Теоретски, вели Поцев, кога сите корисници би отишле кај еден снабдувач поради пониска цена, се' ќе се сведе на она што беше претходно кога постоеше АД „Топлификација“.

„Лично не верувам дека ќе има промени во условите на снабдувачите, бидејќи и за нив треба да помине еден транзициски период. Дали ќе биде така, ќе видиме со последната одлука. Со вклучувањето на топланата „Те-То“ можно е граѓаните да добијат поевтина топлинска енергија затоа и велиме дека на пазарот треба да се појават и други производители“, вели Славко Бундалевски, раководител на техничко-енергетскиот сектор за природен гас и топлинска енергија во Регулаторната комисија за енергетика.


#
Статијата е прочитана 952 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Плоштадот „Скендер-бег“ да се поврзе со ТЦ „Мавровка“
Прокредит банка го чистеше кањонот Матка Дел од кањонот
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars