Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Скопје

Плоштадот „Скендер-бег“ да се поврзе со ТЦ „Мавровка“

Поврзување на плоштадот „Скендер-бег“ со ТЦ „Мавровка“ е една од идеите што ја предложиле граѓаните во канцеларијата што се наоѓа во општината Чаир. Идејата, веројатно, дополнително ќе го отвори и прашањето каде да биде лоциран амфитеатарот, а каде паркиралиштата. Канцеларијата ќе биде отворена во Чаир само уште една недела и во неа секој заинтересиран ќе може да ја изнесе својата идеја за новиот плоштад. По 1 декември ќе се анализираат сите пристигнати сугестии, а оние што ќе можат да се вклопат во планот, можно е да влезат и во конечното идејно решение за плоштадот.

„Неодамна пред професорите и студентите на Американ колеџ го презентиравме проектот за плоштадот и оттаму добивме една необична сугестија за поставување инсталации на плоштадската површина. Идеите одеа дотаму да се постават различни објекти, згради што би го оформиле платото во еден многу комплициран контекст. Всушност, идејата е поставување привремени инсталации. Во секој случај, јавната дебата ќе даде и повеќе предлози и сугестии што треба да влезат во главното решение“, вели Никола Стрезовски еден од архитектите на идејното решение на плоштадот.

Тој додава дека надлежните во општината финално ќе одлучат какво ќе биде конечното идејно решение што треба да се вклопи во главната замисла, која треба да е во согласност со ДУП и во рамките на тоа што тој ги определува. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 1478 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Дали западот може да се грее од „Исток“?
Прокредит банка го чистеше кањонот Матка Дел од кањонот
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars