Дневен хороскоп
Овен
Никому не му е потребно толку љубов како вам. Потрудете се да не претерате со изливите на нежност и врзувањето на партнерот за себе. Наклонети сте на идеализирање, може да увидите дека создавате лажна претстава за партнерот.
Бик
Се возбудувате беспотребно. Обврските ќе ги извршите но без вложување на дополнителен напор. На емотивен план ситуацијата се подобрува. Планирате веридба или заеднички живот. Постои наклонетост кон брзо заљубување.
Близнаци
Размислувате како да решите важно прашање. Иако сте подготвени да тргнете во акција, повеќе околности во тоа можат да ви попречат. Станува збор за вирусни инфекции и ослабување на имунитетот. Ја трошите енергијата на споредни работи.
Рак
Расположени сте, ведри и истрајни. Позитивните особини се во прв план. Може да се каже дека сте идеални, но благата доза на посесивност и љубомора ве спречува да станете совршени. Слободните моменти поминете ги со личностите кои ги сакате.
Лав
Пожелно е смирено да ја прифатите состојбата на малаксаност, намалете ја физичката активност и почекајте се да помине. Постојат работи кои можете да ги извршите а притоа физички да не се исцрпувате. Ве очекуваат позитивни искуства врзани за патување.
Девица
Навооружени сте со трпеливост, затоа не ви пречи бавниот напредок. Насочени сте кон креативна работа и планирање на убави случувања. Шанса да одите на пат постои, но не очекувајте премногу за да не се разочарате.
Терезија
Бидејќи пред вас имате различни случувања, водете сметка и не претерувајте. Потрудете се да се дистанцирате од сите случувања и да не се нервирате без потреба. Невнимателни сте, помалку расеани а со тоа и наклонети на повреди.
Скорпија
Во фаза сте на преобразување, свесни дека морате да вложите многу напор и трпение за да го решите проблемот. Ништо не паѓа од небо, затоа за решавањето на проблемите и ќе ви биде потребен напор и трпение. Смирете се и се ќе дојде на свое место.
Стрелец
Постигнувате неизмерен успех. Во посебно поволна положба се наоѓаат оние припадници на знакот кои се занимаваат со проучување на филозофијата, уметноста и теологијата. Доколку ја зголемите дозата на внимание ризикот ќе го сведете на минимум.
Јарец
Мисловниот процес е зголемен. Во текот на денот неколкупати ќе го промените расположението, затоа се советува одмор. Слободното време поминете го во опуштена атмосфера, не занимавајќи се со работи врз кои не можете да влијаете.
Водолија
Доколку некој се труди да ве извади од такт потрудете се да го сочувате здравиот разум. Можни се професионални нервози и грижа врзана за домашните. Насочете се кон работите од кои можете да имате корист. Партнерот ве поддржува.
Риби
Наклонетоста кон флерт е нагласена, па поведете сметка за тоа. Скандалот во овие моменти најмалку ви е потребен. Постигнувате нови искуства во духовната сфера. Имате многу проблеми кои е се сериозни но морате да им посветите внимание.
|