Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Шврговски бара докази од Рамковски

„Ќе побараме информација и од Владата за сите обвинувања на сопственикот на А1“, вели државниот обвинител

Гордана Дувњак


Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски го повика сопственикот на А1, Велија Рамковски, да ги достави доказите за тврдењата дека премиерот Никола Груевски ги плаќал партиските реклами со буџетски пари.

По викенд писмените реакции од Владата и од ВМРО-ДПМНЕ, вчера со изјава околу наводното трошење на буџетски пари за партиски цели, се огласи и вицепремиерот. Во отсуство на премиерот Никола Груевски, кој е на службен пат во Триполи, министерот за финансии, Зоран Ставревски, го обвини Рамковски дека на ваков начин сака да го одвлече вниманието од финансиските малверзации направени на улица „Перо Наков“.

„Деновиве се изнаслушавме најразлични меѓусебни обвинувања и мислам дека е најдобро ако Рамковски има докази, веднаш да ни ги достави, зашто на тој начин многу ќе ни олесни“, рече Шврговски во изјавата за „Утрински весник“.

Шврговски вели дека имал можност на телевизија да го слушне тврдењето на Рамковски во интервјуто, кое било и репрезирано, но би било многу пополезно доколку сопственикот на А1 им донесе докази од кои може да се утврди веродостојноста на кажаното.

Обвинителството и во овој случај ќе постапи на стандарден начин и по службена должност ќе се обиде да ги провери тврдењата. А, уште од петокот е задолжено и скопското обвинителство да отвори предмет.

„Ќе побараме информација за сите обвинувања на сопственикот на А1 и од Владата, како и увид во сите трансакции околу плаќањето владини реклами“, додава Шврговски.

Според вицепремиерот Зоран Ставрески, обвинувањата на сопственикот на А1 телевизија имаат цел да се одвлече јавноста од направениот криминал. „ Временската дистанца и околностите во кои се соопштува ова е доказ дека само се сака да се одвлече вниманието од организираниот криминал и финансиските малверзации, направени во неколку фирми“, истакна Ставрески.

Опозицискиот СДСМ, пак, вчера го повика и охрабри Обвинителство да отвори соодветна постапка и врз основа на принципот на „допрен глас“ да ги испита јавно изречените тврдења за евентуалниот криминал на премиерот Груевски.

„Ова е огромна афера без преседан. Досега Груевски и ВМРО- ДПМНЕ криеја колку народни пари и од кои буџетски ставки трошат на себерекламирање. По изјавите на Рамковски, тој не може повеќе да ги скрие овие податоци“, рече на прес-конференција професорката Ана Данева-Павловска.

Таа го повика Груевски да излезе и да каже колку милиони евра народни пари им исплатил на медиумите.

„Сите обиди на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ и натаму да ги кријат овие податоци ќе завршат безуспешно, бидејќи по смената на власта, ќе се утврди точно колку народни пари се потрошени и од кои буџетски ставки“, нагласи Данева-Павловска.

Рамковски во интервјуто за телевизијата рече дека во хајката што се водела против него било кажано дека му се платени дваесет и пет милиони евра за рекламирање. „Во три години не се повеќе од четири милиони, а создаваше атмосфера на 25 милиони. Во тие четири милиони имаше и партиски пари од буџетот што ми ги плати, тоа го знае и тој. Не правам јас криминал, тој го правеше криминалот“, рече тој.

Според него, ова се случувало во првите три години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ до средината на 2008 година.

Сомневањата се уште поголеми ако се знае дека државниот ревизор констатираше дека само од сметката на Владата, каде што одговорно лице е Никола Груевски, во 2007 и во 2008 година биле потрошени огромни 18 милиони евра народни пари на рекламни кампањи.


#
Статијата е прочитана 1047 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 30.11.2010 12:16:04
VMRO koristi prostorii vo "muzejot" na Esma i ne placa kirija. Grad Skopje izglasuva, preku VMRO mnozinstvoto, subvencija za "muzejot" na Esma! Jas, kako i drzavniot obvinitel, mislam deka ednoto so drugoto nema vrska. Nema dokaz za sprotivnoto.
Од: realen
Датум: 30.11.2010 12:20:30
A Shvrgovski malku da go procesla Singo (Sitel), Kanal 5 (Stojmenov), pa da se vidi kade nasiot veleucen Premier se reklamiral najmnogu i propovedal. Ova cisto da mu bide mirna sovesta deka site vrsele ista rabota,a kolku bila cista ili valkana, neka se zanimava za Nova Godina
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.11.2010 12:27:51
Одлично,да видиме што ќе презентира прочуениот медиумски бранител на демократијата.Едниот нека презентира докази другиот под итно да постапи ако има докази.Но и итно да постапи и ако се нема,па така сопственикот на ,,дуќанчината,,да си го плати цехот.Значи сме во исчекување на презентирање докази.
Од: забеган.
Датум: 30.11.2010 12:57:48
ФЕЛИКС-Не верувам дека гос.Велија е толку глуп,И да е сигурно има паметни околу него да му сугестират да не ИЗЛЕТУВА со лажејне.Еве и јас сакам да ги покаже (докаже) ДОКАЗИТЕ како и колку му било платено.Ако е со пари од буџет да се рекламира ВМРО е ќе треба да миги вратат моите пари.Што миги зима од Сметките за струја,телефон и други давачки од 18%.Неможе со мои пари да се рекламира ама нити една Партија па и која дае.Кој сака да се рекламира си има членови нека си платат од свој џеп.Нека им кажат ЛИДЕРИТЕ треба да се рекламира партијата и треба да си платете толки и толки и крај.
Од: karokan "gambit"
Датум: 30.11.2010 20:35:54
G-dine Felix,ti ili ama bas poima nemas od otkrivanje kriminal i istragi ili se pravis naudren!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Sto,ako mu tekne na gazda Velija da ne gi prezentira dokazite??????????????????????????????????? Spored tebe znaci gotovo,nema kriminal. Cak duri ne se ni obiduvas barem da se potpres na izjavite na Svrgovski,deka so prezentiranjeto na dokazite,gazda Velija ce im ja olesni rabotata.Vo sprotiven slucaj,nadleznite drzavni institucii i bez negovo prezentiranje na dokazite treba da ja proverat informacijata. Sto,ako takva informacija stigne od anonimen izvor!!!!!!! Znaci nema kriminal!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! (Sto ako zrtvata,(ubieniot),ne stane,otide vo policija i kaj javniot obvinitel gi prezentira site dokazi za storeniot zlocin (ubivstvo) i potoa pak si legne na mestoto na koe e ubien).. Kolku i da ti sugeriraat,ponekogas upotrebi ja i svojata glava,pa sroci go "izdiktiranoto",na poinakov nacin,za da ima kakva takva smisla!!!!!
Од: Johnny
Датум: 30.11.2010 21:34:49
Feliksce, Vane Cvetanov na Svrgovski i na Grujo im prezentirase dokazi za kriminal na vlasta tezok 120 milioni evra, pa gi odduva vetre dokazite,Taka ke zavrsat i dokazite na Velija i na bilo koj drug dokolku tie dokazi ja kompromitiraat vladeackata partija i "velecesniot " Grujo,Zatoa da ne se zalazuvame,se dodeka e VMRO na vlast nisto nema da ima ni od dokazi ni od krivicni prijavi
Од: velija-jovanov
Датум: 01.12.2010 10:46:47
Jovanov, ti si bil pogolem predviduvac i od VANGJA od Bugarija daj konkuriraj kaj A1 i Velija odma ke te primat no mislam veke si vklopen vo nivnata klapa, pa pomogniku te molam...

Најди! во Утрински
Политика
Што кријат документите од „Перо Наков“ б.б.
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars