Наш државјанин фатен со хероин
Осум килограми хероин заплениле српските цариници од македонски државјанин, кој во „форд ескорт караван“ со германска регистрација преку преминот Прешево се обидел да ја прошверцува во Западна Европа. Српските медиуми пишуваат дека кај македонскиот државјанин С.А. биле пронајдени осум пакети дрога, скриена над предните тркала на возилото. |