Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Тендер по тендер, државата без струја

Маја Томиќ

Распиши, па отпиши, стопирај, па повторно започни... И постојано истото, работите никако да излезат од овој маѓепсан круг, наречен тендери во енергетиката. И така со години, наместо да се привлекуваат и задржуваат инвеститорите, кога ние веќе немаме пари за скапите енергетски објекти, ние ги бркаме од разни причини, често и политички. Поради тоа енергетскиот развој постојано заглавува во тендерска фаза.

Една влада објавува тендери, друга поништува, па објавува нови. Тамам ќе наближи моментот кога треба да е се' дефинирано, ќе се најде некоја мана во документите, што не можела да се види во самиот почеток, или пак, ќе не' снајдат избори. Па новата власт, во знакот на транспарентноста и објективноста, поништува се' од претходната и стартува пак од почеток. Јавноста е навистина збунета од она што ни се случува во енергетската дејност. Додека, од една страна, Владата постојано кажува колку многу ни се важни инвестициите и дека тие се приоритет за економскиот развој, од друга страна, како намерно да не се сака да се поттурнат работите и во земјава конечно да никне еден нов и силен енергетски објект што ќе ја поткрепи лошата енергетска ситуација.

Покрај пропаднатите и обновените тендери, како оние за ТЕЦ „Неготино“, за дваесетте мали хидроцентрали и за ХЕЦ „Бошков Мост“ , најсвеж пример за тоа е последното поништување на тендерот за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ , кои требаше да се градат на Црна Река. Она се' што се одвиваше досега со тендерската процедура во изминатата една и пол година, сега пу - пу не важи. Наместо да избере која е подобра од понудите, дали онаа на германската РВЕ или на австриската „Вербунт“, како што се очекуваше, Владата завчера реши да почне од почеток, да го поништи тендерот и да распише нов. Имало некои отстапувања од тендерските критериуми, што досега не биле забележани.

И така, наместо следнава пролет да бидеме сведоци на ставање на темелите на двете хидроцентрали, што ќе значеше дека во државната каса ќе се слеат 500 милиони евра, сега на оваа инвестиција ќе чекаме најмалку уште една година. Всушност, тоа е најоптимистичниот термин, кој сигурно нема да се запази и ќе биде подолг, ако се има предвид досегашната практика на одложување тендери. Владата треба да се замисли дали на новиот тендер воопшто ќе добие подобра понуда од половина милијарда евра или и овој пат се' ќе заврши како приказната за ТЕЦ „Неготино“. На тендерот за негова продажба, претходната влада на СДСМ ја избра понудата на австриската ЕВН, која најавуваше инвестиција од 750 милиони евра. Оваа Влада го поништи тендерот и распиша нов, поради „утврдени низа слабости и пропусти во документацијата“. Таа ја избра контроверзната бугарска фирма „Хач“. Па, исто така, поради нерегуларни документи, по тримесечни натегања, тендерот се поништи и ТЕЦ „Неготино“ остана под државна капа. И така, централата сега е она што беше, застарен капацитет кој (не)работи на мазут и се чува за златна резерва и за не дај боже, односно остана она што беше во годините наназад. Важно, шансата за странски инвеститор пропадна. Не е чудно истото да не' снајде и со „Чебрен“ и „Галиште“.

До лани во Македонија во просек се влеваа по околу 100 милиони долари странски инвестиции годишно, без продажбите на „Телеком“ и на ЕСМ „Дистрибуција“. Годинава Владата оди со бројка од 500 милиони евра инвестиции од странство. Оттаму, колку беше паметно и дали требаше да се откажеме од понудените 500 милиони евра. Сега не останува друго, освен да чекаме и да видиме колкава сума инвестиции ќе биде понудена на новиот тендер. Не може, а да не се постави прашањето, дали суштината на одлуката за „Чебрен“ и „Галиште“ е од економски причини, или, пак, станува збор за некакви политички комбинаторики? Крајно време е, барем кога станува збор за енергетиката, политиката да се тргне далеку настрана.


Статијата е прочитана 656 пати.

Испрати коментар

Од: Saso N
Датум: 05.12.2008 09:15:46
Nekogas podobro e da se otkazes od nesto otkolku da zgresis i so toa tolku da ja opleskas rabotata da ne moze nikoj da ja popravi. Se razbira, mislam na sitkacite na distribucijata koi i pokraj site ukazuvanja i losi primeri napravija nepopravliva steta vo domasnata elektroenergetika i toa za sitni interesi.
Од: tomislav kocevski -pepsi
Датум: 05.12.2008 09:46:26
odlicno maja. pozdrav pepsi
Од: Majdan
Датум: 05.12.2008 10:01:42
Ako tenderskata dokumentacija i definiranjetio na tenderskite uslovi se pravat od navistina visoko strucni lica , i bez politicki pritisoci i nekakvi skrieni kolektivni i licni interesi, togas navistina bi trebalo da bidat predvideni site opcii i postapki i zstitni merki na drzavata za da ne zavrsime kako so slucaite so OKTA ili Telekom. No izgleda kaj nas tie tenderi gi sostavuvaat i raspisuvaat polupriuceni amateri i diletanti, pa otpoisle ime teknuva deka nesto gresile, pa pu-pu ne vazi. Ili mozebi se vo prasanje i nekoi drugi interesi od subjektiven i licen karakter.Znaete nekontroliraniot uvoz na elek. energija e vistinski '"majdan" za pametni i bistri ludje od ELEM
Од: xxl
Датум: 05.12.2008 10:30:13
Da bideme pojasni,koga se vo prasanje tenderi politika nema.Tuka mesaat prsti mafijasite sto gi napravi Branko uste pred mnogu godini.Taka sega se sozdadoa vestacki legendi okolu nas.Po pravilo tie se nesposobnite koj se plasat od sekoj uspesen covek.Gi imate sekade Sport Biznis Politika Zurnalistika itn.Tie moraat da mestat tenderi i pravat pari za da gi platat i potplatat ovie gornive za da ni go razubavat zivotot.
Од: мр.тендер
Датум: 05.12.2008 10:32:58
Saso N- не е страв да не се оплеска работата како што велиш ти, туку во бизнисот со увоз на струја се вртат големи пари,поточно Провизии.И покрај тоа што големите индустриски потрошувачи сами набавуваат струја ние сепак се повеќе и повеќе увезуваме,а Елем се помалку и помалку произведува.Извади ги малку розовите наочари и за промена почни да мислиш со твојата глава
Од: zelezara
Датум: 05.12.2008 12:43:51
do xxl.Ti li najde da zbori za tenderi.glejgi sto praat sega u vlada i znaesli kogo vikaat u sobranie mister tender?
Од: the best
Датум: 05.12.2008 17:38:12
cingo e tapa i lazov neviden. go nasanka gruevski i stavrevski pa sea ne znaat ili ne sakaat da si priznaat deka naprajle utka. pa toj li e energeticar bre? lazovcina edna cela javnost ja stava u zabluda za licen kes interes. jlubomoren e na tugjiot uspeh.
Од: verag
Датум: 05.12.2008 19:12:16
и јас ќе речам како Фрчковски,но заштитена со анонимност.Или власта е корумпирана,или глупа,или едното и другото.Но бидејќи и народот е глуп,не треба Груевски да се плаши од намалување на рејтингот.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Едиторијал