Дневен хороскоп
Овен
Можни се взобудувања на емотивен план, настанати како последица на пребрзите избувнувања во однесувањето на партнерот. Доколку досега не сте го запознале и не умеете да изброите до десет и влезете во дискусија со него, ќе бидете оштетената страна. Оставете го да зборува.
Бик
Ќе бидете исполнети од нешта од индивидуална природа. За повеќето од вас, исполнетоста е резултат на среќа поради уметничкото созревање. На емотивен план ситуацијата е непредвидилива. Склони сте кон брзо заљубување, стекнување на популарност и среќа од личните врски.
Близнаци
Непријатната вест може да ви го расипе расположението. Положбата во која се наоѓате не е безнадежна како што мислите. Немате причина за паника. Превземете иницијатива. Иако потиштеноста лесно ја прикривате, кога некој би ве допрел, пукнувате.
Рак
Во форма сте. Успевате максимално да се опуштите и да уживате. Кратка пауза правите за да ги наполнете бетериите бидејќи пред вас се нови предизвици. Моментално пријателите и љубовта се заслужни за вашата убавина и среќа.
Лав
За ниското ниво на оптимизам виновни се планетите. Пожелно е смирено да ја прифатите состојбата на малаксаност, да ги намалите физичките активноси и да почекате да помине овој лош период.
Девица
Размислете за зацврстување на врската или пак на некој друг однос кој не ви вродил плод. Не сакате веќе ништо да толерирате, а чувството на избувливост е реакција на незадоволството. Најпосле сфативте дека проблемите не се без излез.
Терезија
Задоволни сте. Постигнавте она за што сонувавте. Можеби и тоа е причината за среќата во која моментално уживате. Уметничките доживувања е она што денес ве исполнува. Се наоѓате пред голем животен пресврт.
Скорпија
Иако од желбата за наметнување на сопствените убедувања на околината и партнерот имате само штета, сепак тоа е посилно од вас. Вашата склоност некого да убедувате дека вашите ставови се исправни е голема препрека. Пожелно е понекогаш да глумите беспомошност.
Стрелец
Зборовите ги спроведувате на дело кога станува збор за љубовниот живот и спроведувањето на уметничките замисли. Врската во која сте е многу корисна иако не сте за тоа свесни. Во фаза сте на експанзија на сите полиња, па и на финансиско. Она што моментално ви недостига е возбудување. Се изгледа премногу едноставно.
Јарец
Обземени сте со егоистички мечти. Размислете за тоа како вие сте допринеле за да дојде до тоа и обидете се да се корегирате на време. Ако продолжете со ова темпо, можете да се разболите. Свртете се кон љубовта бидејќи ви цвета.
Водолија
Одеднаш ситуацијата се менува од корен. Здравјето нагло ви попушта, а вие се вознемирувате без причина. Причините сепак лежат во емоциите. Бегство побарајте во патување или барем во мечтаењето на далечни краеви. Засега партнерот ставете го на втор план. Не е време за конкретна акција.
Риби
Пожелно е нешто конкретно да превземите, но невидлива сила ве спречува во тоа. Изненадните промени на ситуацијата ги прифаќате стоечки и од нив извлекувате заклучок. Избегнувајте користење на куќните апарати. Шансата за патување сеуште чека на вас.
|