Број 3381  вторник, 14 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Ѓоре Јовановски им се лути на судиите

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација и еден од најуспешните наши тренери, Ѓоре Јовановски, од пред неколку недели е тренер на еден од најдобрите бугарски клубови, ЦСКА од Софија. Јовановски дојде во клубот, кој лошо стартуваше во годинашново првенство и по три кола со само еден освоен бод се наоѓаше на последното место на табелата. Меѓутоа, во наредните три кола под раководство на Јовановски, ЦСКА освои седум бода и од последното место се најде во средината на табелата на осмата позиција, со осум бода. Во овие три кола откако Ѓоре Јовановски е тренер на ЦСКА, го победи Черно Море со 1:0, потоа во гости славеше против Сливен со 3:1, а во неделата на дерби мечот со актуелниот шампион на Бугарија, Литекс, играше нерешено 1:1.

Меѓутоа, ЦСКА, тоа го пишува и бугарскиот печат, на овој меч беше драстично оштетен од судиската тројка, бидејќи не му беа досудени два очигледни пенала во корист на тимот на Јовановски.

„Ова беше вистинска фудбалска кражба“, ни рече вчера во телефонскиот разговор Ѓоре Јовановски. Уште кога дојдов во ЦСКА, се создаде една лоша атмосфера меѓу навивачите на клубот, бидејќи имаше многу анонимни писма до самиот клуб и до бугарскиот печат во кои некои мои душегрижници се обидуваа да ја девалвираат мојата тренерска кариера, тврдејќи дека ЦСКА мошне брзо ќе ми даде отказ. Во последните неколку недели работев под голем притисок, но сега работите полека доаѓаат во нормала, се средуваат, играчите ме прифатија, сега и навивачите, исто така, и се надевам дека ЦСКА ќе се бори годинава за титулата.

Во меѓувреме, ЦСКА одигра и две квалификациони средби за пласман во група во Евро лигата со тимот Тмс од Велс. Во Софија победи со 3:0, во гости играше нерешено 2:2. Според овие резултати на петте последни средби ЦСКА под водство на Ѓоре Јовановски нема пораз.

В четврток ЦСКА ќе гостува во Истанбул во рамките на Евролигата каде што ќе се состане со познатиот Бешикташ. Во групата ЦСКА покрај Бешикташ е и Порто и Рапид од Виена.

Интересно е да е напише дека ЦСКА пред неколку години го тренираше и Ѓоко Хаџиевски, а за него играат и Ќириќ, Бабунски, Марковски и Шакири. (М.М.)


#
Статијата е прочитана 789 пати.

Испрати коментар

Од: antonio
Датум: 14.09.2010 19:36:51
ne,igraat nego nastpuvale vo minatoto. pozdrav

Најди! во Утрински
Спорт
Тргнува ловот по Интер
Дојдоа, видоа, зедоа
Надал во битка сам против себе
Алонсо на седмо небо по победата во Монца
Три гола на Лазаров против Антекера