Денот ќе изобилува со пријатни доживувања и сознанија. Многумина ќе примат љубовна порака која ќе ги засили самодовербата и вербата во подобра љубовна иднина. Зад поканата за патување се крие нешто интересно.
Бик
Вашата немарност или заборавеност ќе разлути еден член од вашето семејство. Ако веќе не можете да стигнете навреме, не заборавајте да завртите на телефон и да им ја јавите промената на оние што ве очекуваат. Една љубовна порака ќе ви го разубави утрото.
Близнаци
Познанството со странец или лице што живее во друг град ќе остави впечаток на вас повеќе отколку што ќе признаете. Внимавајте како ракувате со парите. Можна е грешка. Не поставувајте одвишни прашања.
Рак
Зборовите ќе имаат големо влијание во креирањето на вашиот љубовен живот. Една информација или разговор ќе ви помогне за она што доаѓа. Раздвижете се, повеќе шетајте, трчајте. Немојте да заборавате на насмевката.
Лав
Пред вас е ден преполн со новости, промени и непланирани работни задачи. Колку и да се трудите да ги усогласите работните рокови и се' да завршите навреме, сепак, тоа нема да ви појде од рака. Финансиските случувања ќе ве принудат на штедење.
Девица
Лице или некоја случка од минатото неочекувано ќе добие на важност. Ќе се сретнете со некого кого одамна не сте го виделе. Би можеле да ја договорите следната средба и внимателно да се скриете од погледите на љубопитните.
Терезија
Дозволете си повеќе од своето време, нежност и радост за лицето што го сакате. Помалку мислете на себе. Во работата вистинските искушенија доаѓаат од страна на претпоставените. Бидете трпеливи и никој нема да ве задева. Посетете некој близок роднина.
Скорпија
Љубовната среќа ќе зависи од вашата подготвеност да тргнете во акција. Затоа, немојте да чекате - тргнете! На работа, некои идеи задржете ги за себе. Се' уште не е време да им ги изнесете на претпоставените. Партнерот очекува посебно внимание, овозможете му.
Стрелец
Се јавува желба да се наметнете во она во што не сте умешни. Мора да бидете објективни кон себе доколку сакате од моменталната ситуација да извлечете максимум. Бидејќи настојувате да и' докажете на околината нешто што нема, запаѓате од грешка во грешка.
Јарец
Дури сега е јасно поради што се однесувате чудно. Здравствената ситуација не е прекрасна, а секогаш се однесувате онака како што се чувствувате. Ништо не прикривате. Болеста е латентна, па може и отворено да се изрази. Немојте да се нервирате.
Водолија
Здравствената ситуација не е на завидно ниво. Пожелно е да не донесувате значајни одлуки и да не повлекувате деловни потези, туку да се смирите и колку што е можно попасивно да го минете денот. Пробајте, нема што да изгубите.
Риби
Можни се изненадни напади на нервоза, без видливи причини. Бидејќи често се случува тоа, обидете се да ја препознаете состојбата и да ја ублажите. Олабавете се, одете на фризер или закажете масажа. Доколку се сконцентрирате на здравјето, само ќе го засилите проблемот.