Број 2768  четврток, 21 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Резил на „Охридско лето“

Климе Поповски, Скопје

На 3 август годинава, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, се одржа многу најавуваната светска премиера на претставата на нашиот Иван Поповски „Четирите годишни времиња“, во реализација на Московски музички театар. Оваа претстава беше долго најавувана, како посебен спектакл и со оглед на реномето на режисерот Иван Поповски, оправдано предизвика големо внимание кај публиката.

Иако немав однапред купено влезница, решив да одам со семејството, во надеж дека сепак ќе најдеме влезници. Откако го совладавме сообраќајниот метеж во градот поради концертот на Лени Кравиц, успешно го совладавме и контаминираниот дел на паркингот од преполнетите и неисчистени контејнери. Потоа се пробивме низ облаците чад од разгорените скари во центарот и на променадата од градот на УНЕСКО за, конечно, да стигнеме до вратите на овој пат (не)Културниот дом. Влезници немаше, а девојката од билетарницата, која држеше некакви пликови во рацете, не' тешеше дека утредента претпладне во Дирекцијата на фестивалот ќе може да купиме влезници.

Со мало задоцнување се подотворија вратите на (не)Културниот дом и почнаа да пуштаат од публиката која трпеливо чекаше. Наеднаш вратите се затворија и се објави дека повеќе нема место. Околу 40 посетители со купени влезници не можеа да влезат. Оправдано, кај луѓето со влезници настана револт и гласно протестирање, чукање на прозорците и вратите и барање објаснување зошто е постапено на тој начин. Се подотвори малку вратата и самиот Иван Попоски се обиде нешто да им објасни на разлутените луѓе, но и тој доби серија навреди.

Еден од вратарите, веројатно задолжен и за ПР од фестивалот, им ја пренесе пораката на револтираните дека утре во Дирекцијата ќе може да си ги подигнат парите за влезниците. Меѓу публиката имаше и луѓе кои го прекинале летувањето во Албанија и дошле специјално да ја гледаат претставата. Ваквата постапка апсолутно не доликува на фестивалот „Охридско лето“, кој се фали дека има светско реноме!

Никој од многубројните директори, претседатели на совети, програмски комисии и кои уште не што ги гледаме на конференциите за печат покрај реномираните светски уметници кои гостуваат на фестивалот, не најде за потребно да излезе пред луѓето кои останаа надвор со влезниците в рака. Никој од нив не се извини и не објасни зошто се однесоа спрема нив како спрема последните криминалци, туку едноставно им ја треснаа вратата пред нос.

Наредниот ден поверував дека во Дирекцијата ќе има влезници, но се излажав. Од влезници ни трага. Вечерта, пак, со истата надеж пред претставата, се најдовме со семејството пред вратит�� на (не)Културниот дом. За разлика од претходната вечер, инциденти немаше, но покрај редовно купените влезници, во употреба беа и некои лозинки, како онаа кога две дами влетаа во вратата со по стотина посетители биле почестени од Дирекцијата на „Охридско лето“

и пуштени во салата без влезници. лозинка „Ние сме на Коле“.

Повеќе од 70-80 луѓе со купени влезници извисија. Но, затоа пред да се отворат вратите, салата се полнеше од помошните влезови. Кога прочитав во печатот, покрај пофалбите за претставата, дека салата била специјално адаптирана и можела да прими само 170 посетители, тогаш заклучив дека и на двете претстави.

Се поставува основното прашање, кому му служи вака скап фестивал и кој е тој што ја избира публиката и ја пушта бесплатно. Вакви манифестации во голем дел се финансираат од средствата на даночните обврзници кои со вакво однесување на одговорните не се во можност ни да купат влезници или ако купат, ќе им ја трескаат вратата пред нос. Но, и тоа дали вакви скапи проекти од странство се исплаќаат да се носат за само 300 посетители, а од тоа околу 200 повластени од Дирекцијата на фестивалот.


Статијата е прочитана 861 пати.

Испрати коментар

Од: milco
Датум: 21.08.2008 01:12:32
neznam zosto gos.si go trosi vremeto na pisuvane , ohridsko leto ne raboti vaka samo godinava od sekogas toa e slikata no dali nekoj moze da smeni nesto sigurno ne zosto ako mozel ke smenel pred mnogu godini
Од: ma-ri
Датум: 21.08.2008 09:02:38
E toa sme ti nie,od se pravime cirkus.Kon nisto nemame pocit a najmalku kon samite sebe?zar ne e ponizuvacko da vleguvas na mala vrata a odis na kulturen nastan.Sramota za organizatorite i nekulturnite posetiteli!!!!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма