Проблемот не е во десничарството како опција, туку во скромниот персонално-демократски државнички капацитет на владејачката елита
Четиригодишнината од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски ќе биде се' почест повод за анализи и биланси на ветеното и (не)оствареното. Поточно, што направи власта - која самата се нарекува демохристијанска, конзервативна, десна, земјоделска, домаќинска, најмакедонска, народна - за својот народ во овие четири години. Предмет на оцени и анализи ќе бидат стратегиските определби и ветувања, поради кои граѓаните им дадоа доверба да ја водат државата на редовните избори во 2006 година, и' го продолжија мандатот со уште поголемо мнозинство на вонредните во 2008 и на локалните и претседателските избори во 2009 година.
Стратегиски ориентири со кои ВМРО-ДПМНЕ сака да ја препознаваат и на кои инсистира, често давајќи им поголема релевантност дури и од Уставот, се изборната програма „Преродба во 100 чекори“ и нејзината надградена и проширена верзија, „Писмото“ од лидерот Груевски до „браќата и сестрите, пријателите и сопартијците“ за отворање фронт за конечна пресметка со транзициските политичари и доктрината „Вредности на ВМРО-ДПМНЕ“.
Од десетте клучни цели на „Преродбата“ (страница 23), телеграфски, ефектите изгледаат вака: Во 2009 година се регистрирани помалку од 100 милиони евра инвестиции, а беше најавен старт на бумот од 8 милијарди; Владата даде десетици милиони евра за субвенции во земјоделството, а увозот на храна постојано се зголемува! Со години не е изграден ни километар автопат, пруга, ни една термоцентрала или хидроцентрала; Најголем дел од 33 отсто невработени се млади, најголем дел од избеганите од државата се учени, а најголем дел од пензионерите со своите скромни пензии издржуваат млади! Образованието е целосно партизиран систем, со ставање акцент на квантитетот, факултет во секое место, се урива квалитетот, компјутерите се за игри или во школските подруми! Владата го игнорираше Светскиот славистички конгрес во Охрид, а стимулира проблематични културни вредности и дела и прави хаос во идентитетот со антиквизацијата! Македонија е најнебезбедна земја во регионот, со најмногу убиства, грабежи и несреќи. Борбата против корупцијата се претвори во борба против поранешната власт, а не и со сегашната, во чии раце се парите и злоупотребите! Неефикасноста на судството е предизвикано од партизирање и од притисоци; Нацијата е депресивна и уплашена; Влад��та е ефикасна само во создавање ЕПП-привиди, наместо „е-влада“ - „ќе-влада“ и Потемкинови села како „Бунарџик 1, 2, 3...“!
Писмото од лидерот со повик за конечна пресметка со „остатоците“ од транзицијата, се претвори во листа за отстрел на инакумислечките и различните, на опозицијата, на невладините, на претставниците на меѓународната заедница, кои со своите ставови не и' се по волја на владејачката партија. Со ваквиот пристап, дополнет со инкубатоски испилени владино-невладини „жртви на транзицијата“, ВМРО-ДПМНЕ и Груевски од главната цел, Црвенковски, направија пандан на Орвеловиот („1984“) Голдштајн, секојдневно практикувајќи ги партиските „две минути омраза“. Црвенковски, пак, со својата политичка итрина, со предлогот за ревизија на приватизацијата, го префрли жешкиот костен во рацете на Груевски и набројувајќи му ги големите транзициско-финансиски случаи („Окта“, „Телеком“, Платежна картичка...) во најмала мера го изедначи со себе (со тоа што Груевски потпишувал штетни одлуки и писма, а Црвенковски закони).
Во доктрината „Вредностите на ВМРО-ДПМНЕ“, едно се декларира, а друго се работи, па некои нешта прилегаат на максимите на партијата Орвеловиот Големиот брат: „Војната е мир, Слободата е ропство, Незнаењето е сила“! На пример, кон декларацијата во доктрината: „Наша заложба е стриктно почитување на правилата на начелото на еднакви можности за сите граѓани и за сите економски субјекти“, злобниците би додале: „само доколку имаат партиски книшки на ВМРО-ДПМНЕ или се блиски на партијата! Потоа, „На ’владеењето на законот‘ му се неопходни култура на законитост и почитување на законите, доверба во правниот поредок и лојалност кон државата“, додавката би била: секако, доколку не се во колизија со програмата на ВМРО-ДПМНЕ и со ставовите на раководството и на лидерот! Или, „ВМРО-ДПМНЕ е партија што втемелува меѓуетничка толеранција, мирољубие и разбирање меѓу соседите...“ Кон ова треба да се додаде дека толеранцијата мора постојано да биде придружена со поголема доза тензии што ќе го одржуваат рејтингот на партијата и лидерот и ќе го уништуваат кредибилитетот на албанските партнери и соседите. И така натаму...
Кога се анализира системот на практикување на власта и ефектите од неа на сегашната гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Груевски, веднаш се забележуваат многу сличности со начинот и ефектите на владеењето на Љупчо Георгиевски пред десетина години. Карактеристична сличност е тоа што на стартот се полни со ентузијазам и желба за докажување. Бидејќи популизмот и реформите не одат заедно, првата година е реформистичка, а потоа почнува осознавањето на моќта на власта и парите. Карактеристична е желбата за дисконтинуитет со она што го работела претходната власт и поставување на се' во општеството и државата врз вмровска матрица. Тоа и во двете влади резултираше со партизација на државните институции. Бидејќи партизацијата и професионалноста и компетентноста не се компатибилни, последица и во двата случаја беше - разнебитување на институциите, нефункционална демократија и губење на довербата на граѓаните во нив. Тоа значеше трупање на проблемите на граѓаните и на државата и многу внатрешни и надворешни безбедносни, економски, социјални и други проблеми. Со оглед на големите примеси национализам кај власта и неприфаќање на различностите од секаков вид, и во 2001 и во 2010 година се појавија проблеми кои со себе донесоа, односно се закануваат со нови тектонски нарушувања.
Во 2001 година се случи војна и предлог на Георгиевски за поделба на земјата, во 2010 година со Груевски се случува конфузија со идентитетот, опасност од промена на името и закани за унитарноста на државата (проектот на Тачи), ако не се постигне компромис за името и брзо не се случат НАТО и ЕУ интеграциите. Поради апетитите за лични финансиски и статусни бенефити на власта, Македонија се' повеќе заглибува во корупција и ја губи поддршката од пријателите од странство. Со катастрофалните економски резултати, како и четиригодишното стоење пред вратите на ЕУ и на НАТО, ако не се променат работите кон подобро, лошо и се пишува и на власта, но и на државата.
Значи, кога Македонија врти вдесно, оди надолу (во минатото „десно“ била Бугарија)! Но, проблемот не е во десницата, бидејќи тоа што сега се наречува така е повеќе каша од десно-лева прагма, туку е во скромниот персонално-демократски државнички капацитет на елитата на власта. Проблемот е што не се знае - каква Македонија сака оваа власт.
Ovaa vlast mnogu dobro znae kakva Makedonija saka. Vie nemate pojma kakva Makedonija sakate.
Од: jovan
Датум: 17.04.2010 00:45:52
Zarem ti mislis deka ovie se desnica? Ova e samo eden obicen zbir na isfrustruirani potprosecni deca, koj vo skolo im udirale cvrgi, pa sega koga dojdoa do pozicija, vlast, pari, status, se sasardisaa i poima nemaat kade se , desno ili levo. Do dusa i ne gi ni interesira toa, bitno im e samo da isprofitiraat uste malku.
Од: sirma vojvoda
Датум: 17.04.2010 01:12:35
NA celo so latasovici ja potkopuvaat crkvata veke 4 godini,gi ispotepaa zemjodelcite samo poradi sto si gi baraa sopstvenite krvavo zaraboteni pari,osven vozduhot drugo sve pocna da se plakja smetkite zgolemeni za 40%,najgolemite prezenteri za makedonstinata(grbalenko nedelkovski) zaljuben vo muzikata na vangelis(najpoznat grcki kompozitor) i na kraj narodna-go donesoa narodecot na pitacki stap bati narodot bati pak da gi glasate i toa cela Makedonija malku bilo za ovaa prosta masa dodeka mislite utre sto ke jadete feliks i kompanija sekojdnevno stancaat i od visoko vi se smeat
Од: Izla\an graganin
Датум: 17.04.2010 02:06:30
Не е проблемот само во десницата овде немаме ниту јака вистинска левица, проблемот во збирштината на исфрустрирани и за пари спремни поединци да направат се.И прават се.Токму се.Не може од пилци да се очекува да несат јајца а камоли да исквачат нешто.Но капиталот убаво го удомуваат - на рачни часовници, станови, а богами да се провери и што се зборува за лично инвестирање во Чешка.Дали е вистина?
Од: nacional-patriot
Датум: 17.04.2010 03:33:15
Tipicno tendeciozen tekst od tipicen partiski vojnik,sto pisuva kako pod direktiva.Avtorot duri ne se ni obiduva negovite tekstovi da izgledaat neoboeno partiski.No kutriot misli deka im pravi usluga na onie so podvtkani kicmi,a vsusnost im pravi kontra usluga.Ne samo Manco,tuku groto od onie sto pisuvaat kolumni za ovoj vesnik,samo nivnata neobjektivnost vo tekstovite im steti na onie vo Bihacka.Se razbira,za mizerniot rejting na opozicijata vinovni si se samite tie,poradi kriminalnoto minato i nivnite predavnicki stavovi,no ovie tekstovi gi dokrajcuvaat.Ako,neka prodolzat da pisuvaat vakvi tekstovi nivnite podrzuvaci,so toa tie nesvesno i pravat usluga na vlasta.Manco,vlasta saka gorda so istoriskoto ime drzava,a ne so svitkana kicma kako sto saka SDSM.Investiciite se pogolemi vo edna godina od site tie vo dvata mandati na SDSM.
Од: Vangel
Датум: 17.04.2010 04:14:41
Manco, ti kako "nezavisen" novinar, Sarma Vojvodka i drugi, kako pregolemi poltronski podrzuvaci na SDSM i B.C. ce ve molam da ne nanesuvate steta na gradjanite i drzavata Makedonija. Remontirajte se so novi ludje, nov predsedatel pogotovo, ideji, vizii... Duri togas ce ja podrzime so celo srce SDSM i nivniot nov lider. A dotogas ce bide kako ona srpskata- Pojeo vuk magarca.
Од: Stojadin
Датум: 17.04.2010 07:03:45
Problemot e vo samobendisanosta,vo nemanjeto
demokratija vo vladeackata partija.Se e podredeno
na licnite interesi na takanarecenite vodaci na
partijata-koi se alcni profiteri i seto toa so amin i
blagoslov na vodacot.Mnogumina od clenovite na
taa partija se sramat od ona sto se slucuva vo nea,
ama nema komu da se zalat.Familijata vladee vo
imeto na partijata.
Од: Македонија си патела од десно??? Чаре??? Лево???
Датум: 17.04.2010 07:54:25
Аман од вас, исфрустрираните “новинари“ и ранобудните “коментатори“. Само критика и плукање по ВМРО-ДПМНЕ. За сите ќе биде многу подобро само дел од времето кое го трошите за такви работи да го потрошите за да смислите нешто барем малку конструктивно. Вака само се залажувате дека им помагате на вашите лузери.
Од: забеган
Датум: 17.04.2010 08:21:26
Нај голема грешка што е направена во МАКЕДОНИЈА , е тоа Како Граѓаните наседна да им дадат на Дечишта да водат ДРЖАВА.Ова грешка или наивност Дечиштата максимално го искористија за себе.Касно се свестиме и ова скапо ќе не чини.
Од: stojmir
Датум: 17.04.2010 09:13:54
Боже сачувај од ВМРО, а и од ДПМНЕ. Не направија држава ни во 1903 ниту сега.
Во 1945 држава направија комунистите, и во 1991 пак истите.
Да не беше Киро ќе ни ја избришеа буквата ,,М,, од азбуката.
Од: do patricija
Датум: 17.04.2010 09:16:01
Se slozuvam so tebe deka ovaa vlast(citaj VMRO-DPMNE)znae kakva Makedonija saka. BOGATA "FAMILIJA", SIROMASEN NAROD! A site onie koi ne mislat kako nea po moznost da gi iselat od Makedonija za da mozat srekno i veselo da pravat sto sakaat, nemilosrdno da gi trosat narodnite pari i da ja cicaat krvta na svoite podanici.
Од: Трпе
Датум: 17.04.2010 10:55:24
Македонија не пати од десно,од главата си патиме.Се тоа е резултат на верувањето на народот на циркузантските егзебици и илузионистички способности на една збирштина наречена блада на РМ.Прост народ силна влада.Целта на Глујо е преку лажно образование,младиот човек да го напраи понеук.Се гледа тоа дека во задолжително средно образование требало да се стекнат неписмени ученици.А познато е дека писменоста се стекнува во основно образование.Учениците одат на училиште да се дружат а не да учат.А колатерална штета се и дисперзираните факултети каде нема да излегува квалитет а ке излегува квантитет.Со прост народ со дипломи само за во рамки,полесно се владее.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.04.2010 11:37:56
Во последно време омилен спорт ми стана пинг-понгот.Еве на пример писмото за пресметка е понг на барањето на експреседателскиот кандидат виножитен да владата се сруши преку улица после 7 декември ако не се добие датум за преговори.Понг е неформирање на влада во сенка а најавена како пандан на власта.Имате и авто понг во сопственото тврдење за изедначување на одговорноста со поднесување на виножитниот уставен амандман визави криминалната приватизација.Ноторно е да власта аздисува кога нема опозиција или недоквакано се однесува,безидејно а критизерски.
Од: Реган
Датум: 17.04.2010 12:43:45
Во својот анимозитет према Груевски(и ВМРО) не ја гледате Македонија!Срамота!
Од: ДО НАЦЏИОНАЛ ПАТРИОТ
Датум: 17.04.2010 13:42:36
Само едно прашање до националистичкиот патриот - СЕ ИЗВИНУВАМ НА ПРАШАЊЕТО,но се гледа дека лично ТИ си НЕУТРАЛЕН,но најважно е што ги прескокнуваш тука ЛАТАС,МИЛЕНКО,ЈАНКО,БУМБАРКАТА.Упссс.....ТИЕ НАВИСТИНА СЕ НАЈНЕУТРАЛНИТЕ ВО ЕВРОПА!!!!!!!!!!!!!
Од: Ози
Датум: 17.04.2010 13:58:44
Интересни коментари!. Ниеден од оние сто ја бранат сегашната влада не ги негираше фактите што ги изнесе г. Митевски. Фактите се факти, а дали е г. Митевски од СДСМ, од ДУИ или од Марс, лев или десен, со рогови или без, ВООПШТО НЕ Е БИТНО!!!
Оваа проста логика плитките умови не можат да ја укапираат.
Од: Cane Sokolovski
Датум: 17.04.2010 17:16:23
I pak istoto, Nacional-patriot (tie se naj opasni), povtorno uporebuvas "predavnicki" Da povtoram, kolku povece slicni zborovi se upotrebuvaat vo edna zemja, tolku istata e so pomalku demokratski tradicii. Zatoa, prestani so gluposti. Odvratni mi se ovie naplivi na razulaven nacionalizam. Edna od najgolemite doblesti na coveckoto sustestvo bi trebala da bide deka go saka svojot narod zatoa sto go saka covestvoto!
Од: Миле - Охрид
Датум: 17.04.2010 18:10:57
Шовинизмот е ѓаволски лоша работа. Подршката на шовинистичките барања на Грција за самоукинување на македонскиот народ е „садење тикви со ѓаволот“. Нудењето на политичката опцоја која промената на името го смета за сеопфатно решение за сите проблеми во Македонија е нудење на душата на ѓаволот. Секоја таква политичка опцијаа ќе биде препознаена од народот и отфрлена. Зато актуелната власт може комотно да владе во сите области (и кога греши), се до оној момент до кога ќе одбива да направи „компромис“ името.
Од: Vucko
Датум: 18.04.2010 18:25:40
Ep adeca vladeat vo makedonoja bukvalno od Koga Branko Crvenkosvski stana Premier koga sraive se krijat ko macki onad gluvcive oro ke vodat,
Nee ednostavno da se vodi rabotava vo vladava mnogi e polesno da bides opozicija no nee lesno i toa zatoa sto treba da rabotis kako opozicija,
a koga ke razmisli cocvek i opozicijat aiam dosta rabota ako ne kazuva tocno ondak se pretvara vo nekojababa sera ili alapaca od malskive ulici.Vnimavajte se e promenlivo i minlivo ,treba da se raboti sovesno.