Контроверзиите и вистините за Тодор Александров (2)
Александров бил за независна македонска држава
Тодор Александров како константа и како приоритетна вредност ја чувал самостојноста и сувереноста на ВМРО во однос на делото
Виктор Цветаноски
„Речиси севкупната фактографија по 1919-1920 година зборува за самостојност на позицијата и за улогата на ВМРО и на Тодор Александров во однос на бугарските влади и на бугарската државна политика. Тоа не е потребно посебно да се докажува до јунскиот преврат во 1923 година, бидејќи дотогаш ВМРО и владата на Александар Стамболиски биле жестоки, би се рекло смртни непријатели“, пишува проф. д-р Владо Поповски за Александрова ВМРО, бугарските влади и за виенските документи.
Според него, по превратот на 9 јуни 1923 година ВМРО на Тодор Александров имала коректни, но и неизмешани односи со владата на Александар Цанков. „На страната на ВМРО тоа биле односи на надеж дека нејзините дејци нема и понатаму да се прогонуваат, дека нејзиниот организационен живот нема да се попречува и дека интересите на Македонија нема да бидат жртвувани и поткусурувани меѓу балканските завојувачки. Во тој регистар на интереси и потреби на македонската револуционерна организација, Тодор Александров, како константа и како приоритетна вредност, ја чувал самостојноста и сувереноста на ВМРО во однос на делото: ослободување на Македонија од власта на балканските држави, нејзино обединување и создавање независна македонска држава – која може да биде членка и на евентуална балканска федерација, но која секогаш се визира како еднаков (рамноправен) субјект со другите балкански држави“, истакнува проф. Поповски.
Тој притоа ја посочува Декларацијата за „карактерот на македонското движење” што ЦК на ВМРО ја објавил на 6 септември 1923 година, во која уште еднаш децидно укажала дека цел на ВМРО е обединувањето на Македонија и создавањето од неа слободна независна држава како заложба за мирот на Балканот. Во Декларацијата се потенцира дека во македонското револуционерно движење, кое се идентификува со македонската револуционерна организација, учествуваат сите слоеви на македонското население, без разлика на народност и религија и дека во четите кои ја имаат опфатено цел�� Македонија, поделена меѓу Бугарија, Југославија и Грција, учествува целото население.
„Во таа Декларација, всушност, како и во сите други документи на ВМРО по 1919 година, потпишани од Тодор Александров, постојано се укажува дека она што треба да се ослободи и обедини се трите делови на Македонија, кои се под власт на Бугарија, Југославија и на Грција; дека власта на бугарската, југословенската и грчката влада е таа што треба да отстапи од тие делови за конечно да се смири целиот регион“, пишува д-р Поповски.
Тој оценува дека Тодор Александров, изложувајќи се на краен ризик, всушност, ја покажал својата самостојност како македонски патриот и самостојноста на ВМРО како засебна институција и спротивставувајќи се на бугарската влада и на нејзината политика кон Македонија и македонската револуционерна организација. Тоа спротивставување го правел, како што вели Поповски, на нему својствен начин, многу тврдо, со закана и речиси без отстапница. „Тодор Александров во повеќе документи ќе потенцира дека ВМРО никогаш не препуштила друг наместо неа да ја води политиката на револуционерната организација, ниту да ги диктира целите и начините на нивното остварување. Укажувајќи дека сето тоа било и можело да биде исклучително право само на ВМРО, тој суштински и практично ја оддалечил македонската револуционерна организација од какво и да е нејзино инструментализирање од страна на бугарските државни центри во пресвртната 1924 година“, подвлекува проф. Поповски.
Во врска со контактите што ги имал Александров со советската држава, Поповски истакнува дека сите нејзини институции и органи, како и на Комунистичката интернационала, биле заинтересирани да ја оттргнат ВМРО од граѓанскиот (буржоаскиот) и општонационален курс, и неа да ја впрегрнат во класниот, работничко-селански, политички курс. Дека може да се стори тоа Советите оцениле оти е неопходно да ја отстранат контролата на Тодор Александров над револуционерната организација, ако е потребно и со негова политичка или физичка елиминација, заменувајќи го со се' уште авторитетниот Петар Чаулев и за ВМРО и за Македонија.
„Во респективниот состав на односи, фактички, Тодор Александров бил уценет, или да се приклони и дисциплинирано да ги исполнува плановите на далечните за него политички сили и цели или преку негова компромитација да биде изложен на политичка или на физичка ликвидација од која и да е политичка страна (лева или десна) и од која и да е провиниенција (советска, бугарска или македонска), со сосема извесна и логична претпоставка дека никогаш (докрај) не ќе може да се дознае вистината за односниот чин“, подвлекува Поповски.
Тој оценува дека причините за таквата ситуација треба да се бараат во противречното преклопување на мотивите и на интересите на странските центри и на бугарската држава, исто така, со противречните мотиви и интереси на македонските субјекти, кои се поврзале било со едната било со другата страна. Во таа смисла, главната релација преку која се изразиле противречните интереси на советската страна и на ВМРО била релацијата Александров–Чаулев. Нивните позиции и односи, особено во текот на 1924 година, станале главна варијабла за непоправливите настани што се случиле во таа година за македонското движење.
„Односите меѓу Александров и Чаулев беа напнати две-три години пред тоа. Меѓутоа, застанувајќи еден против друг, во актуелните виенски и поствиенски настани, тие ја предизвикаа драмата на македонската револуционерна организација и на македонското движење во наредните години, плаќајќи ја со своите животи и со животите на неколку стотини македонски дејци. Главни корисници на таа драма станаа надворешните фактори и надворешните политички центри, особено бугарската државна структура и политика“, оценува проф. Поповски.
Во врска во националните чувства на двајцата револуционери, Поповски истакнува дека и Чаулев и Александров себеси се чувствувале како Бугари. Меѓутоа, Чаулев, за разлика од Александров, грижите и обврските спрема македонското дело стриктно ги поврзувал со Македонците и македонскиот народ, а не со кои било бугарски субјекти, при што поимот „македонски народ“ кај Чаулев има концепциско, а не техничко значење. Чаулев има показатели дека ја издвојува не само политичката, но и другата (културната и духовната) судбина на македонскиот народ и на Македонија од таа на бугарскиот народ и на Бугарија.
„Александров, пак, сметал дека бугарските институции и државници треба да покажат разбирање за македонс��ото дело; него да го поддржуваат и помагаат како израз на солидарност кон „племето“. Тој не го употребува поимот „македонски народ“, туку „македонско население“, користејќи го како технички поим. Во одделни контекстации, Александров ги употребува синтагмите: „единствено племе“, „во името на единството на племето“, „заради племето“, „од интерес на целото племе“,„за идеалите на бугарското племе“ и слично. На прашањето за целите на македонското ослободително движење, тој по 1919 година доследно ја издвојува политичката и државната, но не и духовната и културната судбина на Македонија и на Македонците од таа на Бугарија и на Бугарите“, пишува Поповски.
Според него, во рамките на таквите негови определувања, Александров бил нетолерантен спрема кој било бугарски фактор што се спротивставил на македонското дело и на сувереноста на ВМРО во нејзината улога да ја раководи борбата за ослободување и обединување на Македонија и создавање независна држава од неа. „Но, тој покажувал нетрпеливост и спрема оние што тврделе и пропагирале дека Македонците се посебна (македонска) нација, земајќи ја таа теза како српска конструкција со која се провоцирал културен и духовен раскин на Македонците од целината на ’племето‘ и со која се режирал процес на асимилација (на србизација) на Македонците од страна на српската држава“, заклучува Поповски. (продолжува)
Se dodeka se manipuliraat istoriskite fakti, ne samo Todor Aleksandrov, tuku site nashi revolucioneri i prerodbenici kje ni deluvaat kako kontradiktorni lichnosti ili pak izrodi. Znaejkji deka golemite sili nema da dozvolat prikluchuvanje na MK kon BG, a i od prostata prichina shto vo Egejska Makedonija imashe i dosta grci i vlasi, Aleksandrov se obiduvashe da gi pridobie site so konceptot za Avtonomija, t.e. Makedonija, Shvajcarija na Balkanot. Na seto toa i konfrontacijata so komunistite, koi ja prifatija odlukata na Kominternata (vodena od svoi strategiski interesi), slavjanskiot narod vo MK da ne go smeta povekje za bugarski, tuku za posebna nacija, veruvajkji deka toa e edinstvenaiot nachin da se sprechi terorot vo Egejska i Vardarska Makedonija.
Од: mitko e iritiran
Датум: 15.09.2009 00:46:44
So vakvi prizemni istoricari ne e cudno sto narodov skapuva i ne si ja znae istorijata. Abre Popovski, Aleksandrov i Vanco Mihajlov ne priznavale makedonska nacija zatoa tie ne se makedonski patrioti. Makedonski patrioti se Vlahov i Caulev koi go potpisale Majskiot Manifest. Aleksandrov ne go potpisal a Mihajlov duri i go otfrlil. Nasiot narod na zalost e prepoln so kreaturi kako Vanco Mihalov koj iako bil isflen na kloci od Bugarija, celiot svoj stogodisen zivot ke negira deka postoi Makedonska nacija i ke izjavuva deka e Bugarin. Uste ima negovi sledbenici duri i tuka ponekogas komentiraat.
Од: veles
Датум: 15.09.2009 06:32:45
znaci jasno i glasno kazano kako se cuvstvuval alexandrov i naselenieto vo makedonija.I posle site dokazi pak go zacrnija zar treba od grob da stane pa da ni kaze za sto se borel i sto bil po nacionalnost posto sto i da se napise sekogas se ocrnuva a negovata slika i den denes stoi vo kancelariite na sekoj vmrovec kako sto stoese slikata na tito pred 20 god.prasanje e samo zosto ne go rehabilitiraat koga veke site znaat deka se borel za nezavisna makedonska drzava.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 15.09.2009 07:21:29
Dosta vece za Makedonci sto se custvuvaat Bugari. I ovde imame nivni kopii, toa se privatni crkveni mafijaski kompaniski lidercinja od koi Vladikata Petar ima problemi so niv. Duri eden od niv i premizeto si go smeni kako nego (Igor, a ovoj Todor) i javno prizna deka go saka i imeto negovo. Nemam povece komentar.
Од: Собвременик
Датум: 15.09.2009 07:30:30
Велес тупак. проф. Поповски јасно и гласно кажува дека Т. Александров се чувствувал за Бугарин иако е роден во штипско Ново Село. Но човекот се одродил и примил туѓо национално чувство. Се есапел за Бугарин или македонски изрод по наше, по македонски. Се борел навистина за независна и обединета Македонија, но со Бугари во неа. А за покорени и неослободени ги сметал само деловите на Македонија под Србија и Грција. Таа негова заложба била фаза кон приклучување кон “племето“ Бугарско. Изродите треба да се жигосаат.
Од: Pitinec
Датум: 15.09.2009 08:23:38
Bil za nezavisna Makedonija, bidejki narodot sakal toa i toj ako sakal da rakovodi so VMRO moral ga go primi. Obichen dvolichnik, chija maska padnala po objavuvanjeto na Majskiot manifest. Najgolemi negovi "herojstva" se magareshkite atentati i valandovskat afera, koga se ubieni desetici nedolzhni Makedonci vo korist na Bugarija - da se predizvikaat vojni, za da bide podelena zemjata. Da ne zaboravame deka bil nagraden od germancite za negoviot doprines Bugarija da vleze vo Prvata Svetsak vojna,. Eve toa e vistinata spored negovite dela. Da dodademe i masovnite ubistva na makedonci vo Bugarija po vojnata. A toa kakva ideologija imal ne e bitno, bidejki bil dvolichnik i za da ima avtoritet kaj makedonskito narod javno zboruval za Nezavisna Makedonija, no tajno rabotel na bugarskata propagnda. Toa dvolichie se gleda vo negovite dokumenti kade gi obvinuva sandanistite oti zboruvale deka Makedoncite se samostoen narod so vekovna istorija.
Од: BulgarMak
Датум: 15.09.2009 08:30:51
Odnosno Majskiot Manifest, razberete go deka nacija ne se pravi nitu so manifest ni so odluka na sobranije. Nacija se pravi so skoli, citalista, spisanija, biblioteki, vojska, nacionalna elita. Dali na site se svidi ili ne, do 1913 site ovie nacionalni belezi bile bugarski.
Sovremenata makedonska nacija se rodi posle 1945 po istiot princip: makedonski skoli, citalista, spisanija, biblioteki, nacionalna elita.
Од: Ицо
Датум: 15.09.2009 10:02:03
Со вистината на секаде во светот душмански се манипулира. Причината за тоа е интересот, кој секогаш дијаметрално се разликува за исти нешта. На Балакано таа појава станата е опсесија и трагедија мотивирана со магло државничките илузии, За жал, еве и во современа Македонија, преку манипулација со вистината меѓу себе ќе се испоколеме и уништиме! За тоа многу јасно сведочат расправиите еве во врска со илузионистот Александров. Боже, боже, ќе имали спас од самите себе!!!
Од: реален
Датум: 15.09.2009 10:03:09
Викторе, ако веќе си се нафатил на публицистичко начин да осветлуваш така сложени историски настани, процеси и личности, како што се процесите во ВМРО, посебно по Првата светска војна, чудно е што го цитираш само приучениот „историчар“ ВП, кој прво е сончоглед, а второ некаков социолог. Александров, како идругите дејци од ВМРО и македонската историја, не е црно бела личност. Тој е и борец за слободна Македонија, но и соработник на фашистот Цанков, надевајќи се дека со Герм и Итал Мак ќе добие независнот, итн. итн
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 15.09.2009 10:07:30
Кога првпат реков дека за мене Александров и Тито се исто значајни и исто контроверзни за Македонија, веднаш ме прогласија за бугарофил. Она што никој не го сфатил во народов, пред се затоа што беше извртувано и криено, е тоа дека некои Македонци навистина велеле за себе си дека се Бугари. Но, терминот бугарин во тие времиња означувал поклоник на бугарската егзархија, а не бугарин по националност. Како инаку ќе објасните дека во денешно косово во тоа време, немало албанци и срби, а имало Бугари(?!), Грци(?!) и Муслимани (попис 1911).
Јасно е како ден дека Бугарин и Грк се поклоници на егзархијата и патријашијата (соодветно), а не се националности.
Од: igor
Датум: 15.09.2009 10:35:48
Ajde da prifatime site glupasi sto za zal se desavale vo toa vreme>Nekoi i gi razbiram.Morale taka da se odnesuvaat oti vremeto i prilikite bile takvi.Me interesira,sto bi kazale za segasnosta.Imame drzava,arno ama vece dvaesetina godini se desava proces koj zagrizuva.Ne vredi nisto,narodot e slep i toa ti e.Denes vo 21 vek,vo ovaa Makedonija ima Bugari kolku sakas.Poglednete sto denes se desava.Dali nekoj so sila ne tera da se deklarirame kako Bugari?. Ne. Nie izgleda sme narod koj se prodava za edna lira.I zatoa prekinete so glupostite.Pa zarem ce go zememe kako svetol primer slucajot so nekoja si Spaska,za koja se krena cela Bugarija?.Sramota.Zatoa nam neni treba Istorija.Nasata Istorija e od 1945 do 1990 godina
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 15.09.2009 11:47:59
Секогаш во пишувањето на историјата кај нас (за среќа не и во светот) се заборава на еден особен Факт кој провејува постојано, пишувањето Полувистини секогаш е еднакво на Лага! Прогласувањето на секој,од минатото,кој е роден во Македонија,дека бил Македонец е еднаква Лага на онаа (пласирана и повторувана и денес) дека сите кои живеат во Македонија се Македонци!Бугарската држава со години во континуитет издавала календарски случувања за секоја година! Во неа се добро опишани Злосторите на BMRO Врховистичка, но (гледај чудо) и на онаа другата - Централистичка!Се убивале и кодошеле едните со другите, постојано! Од нивниот Терор страдало и Цивилното население: Жени,Деца,Старци. Фактите говорат дека Организацијата е формирана од Б`лгарската држава и имала за цел автономна Македонија, која ќе се с`едини к`м мајка Б`лгарија (податок кој постојано се избегнува)! Поради Пишувањето Историја со избегнување на деловите кои ни „чкрипат“ во увото, имаме Кошмарна Реалност!
Од: pece,prilep
Датум: 15.09.2009 14:51:03
почитуван господине Виктор Цветано��ки,Ве почитувам и ценам како вистински интелектуалец и независен новинар ,кој знае умешно,праведно, реално и објективно да ги претставува и прикажува работите.Ви се молам најдете ги вистинските луѓе кои ќе ја кажат вистинската вистина за контроверзниот Тодор Александров и немојте да го прашувате тој Владо Поповски од Долно Дупени ,и слични на него,од него досега ништо конкретно и ништо јасно немам ниту слушнато,ниту прочитано.Јас многу сум читал за Александров,но важно е за младиве генарации да ја дознаат правата вистина за него и неговите поддржувачи и следбеници.
Од: MKD
Датум: 15.09.2009 15:56:23
А СИТЕ ШТО ЖИВЕАТ ВО БУГАРИЈА СЕ БУГАРИ? ИЛИ СИТЕ ШТО ЖИВЕАТ ВО ГРЦИЈА СЕ ГРЦИ? АЈДЕ ВЕ МОЛАМ, СВЕТОВ Е ЗА ЕДНИ МАЈКА, ЗА ДРУГИ МАЌЕА. Зошто етничките Македонци не се признаени во овие 2 нацистички држави? Зошто им се може? И доста со манипулации на Вистината!!!