Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Фељтон

Фељтон

Македонците крем на бугарското општество (3)

Таткото голем Македонец, синот успешен Бугарин

Виктор Цветаноски

Актуелниот претседател на бугарското Народно собрание, Георги Пирински, е син на познат Македонец. Неговиот татко Георги Николов Зајков, заедно со Смиле Војданов, војвода од Илинденското востание, во Америка ја пропагираа македонската вистина. Тие ќе го формираат Македонскиот народен сојуз и ќе се борат светот да дознае дека македонската нација е реалност.

Кога Георги Зајков ќе биде протеран од Американците и ќе се врати во Бугарија, синот што го носи неговото име, а ќе го преземе и псевдонимот Пирински, имал само три години. Растел и се школувал во бугарски дух. Дипломирал во Софија на Високиот економски институт „Карл Маркс”, а потоа се вработил во Министерството за надворешни работи. Тоа што неговиот татко бил еден од најголемите борци за македонската вистина во Америка, спротивно од она што го тврди официјална Софија, ни малку нема да му пречи да создаде успешна политичка кариера.

Во 1996 година, ако не постоеја формални пречки, Пирински можеше да биде избран и за претседател на Бугарија. За време на претседателските избори беше кандидат на бугарските социјалисти и сите анкети му даваа голема предност пред Петар Стојанов, кандидат на СДС, кој беше избран за претседател. Главната пречка да не застане на чело на државата не беше тоа што татко му 28 години се борел против политиката на таа иста држава кога станува збор за македонскиот идентитет, туку фактот што беше роден во Њујорк.



На активностите на стариот Пирински во САД и во Канада меѓу Македонците и на неговите национални определувања тогаш потсети весникот на десноориентираната СДС - „Демократија”, но тоа немаше некакво влијание и не предизвика речиси никакви реакции во јавноста. Клучно беше тоа што Пирински не беше роден во Бугарија и поради тоа Изборната комисија ја отфрли неговата кандидатура. Според бугарскиот устав, за да стане некој претседател на државата мора да биде роден во Бугарија. По ова тогаш анонимниот Стојанов немаше речиси никакви проблеми да го победи непознатиот кандидат на БСП, Иван Маразов, кој ��е ги имаше политичкото педигре, авторитет и харизма на Пирински.

Младиот Георги Пирински лесно се искачуваше по скалилата на хиерархијата во БСП, тогаш, а и сега моќна партија, наследник на бугарските комунисти. Многумина тврдат дека во напредувањето во кариерата му помагал поранешниот премиер на Бугарија, Андреј Луканов, кој исто така има македонски корени, чиј љубимец бил. Пирински беше заменик- претседател на партијата и потпретседател на владата на Луканов. Тој беше министер за надворешни работи во владата на Жан Виденов, но поднесе оставка за време на големата политичка и економска криза во зимата 1996 -1997 година, не согласувајќи се со политиката на премиерот.



Се зборува дека голема поддршка да успее на политичката сцена Пирински имал и од семејството на сопругата, Клавдија Кашева. Таа е ќерка на генералот Илија Кашев, кој во времето на Тодор Живков повеќе години беше началник во Државната безбедност. Кашев се самоуби под неразјаснети околности.

За разлика од синот, кој не го признава македонскиот национален идентитет, таткото се чувствувал Македонец и се борел против сите оние кои ја негирале македонската нација. На конгресот на Македонскиот народен сојуз во 1933 година во Детроит, во уводниот реферат рече дека расправата нема да биде целосна ако не се фрли повеќе светлина и по прашањето за македонската нација, кое, според него, е едно од најважните и најтешко за објаснување. „Велиме тешко за објаснување затоа што, како резултат на долгогодишната пропаганда на нашите балкански поробувачи, кај многумина Македонци се вгнездило убедувањето дека ние Македонците не претставуваме одделна нација, туку, според едни, сме ’најдобриот дел од бугарското племе’, според други ’чисти Срби’, а според трети ’словеногласни Елини’. Особено силно е убедувањето дека сме ’најдобриот дел од бугарското племе’”, ќе истакне таткото Пирински. Притоа, посебно ќе подвлече дека Македонците треба гласно да изјават дека не се ниту Срби, ниту Грци, ниту пак Бугари, туку одделна македонска нација што се бори за своето национално ослободување и одделување во своја македонска држава. „Во Македонија се на лице сите елементи на една самостојна македонска нација со своја територија и економска целост, со свој јазик и општ национален карактер и со своја македонска историја“, ќе образложи Пирински.

Академик Блаже Ристовски, кој го истражувал делото на Георги Зајков – Пирински, пишува дека тој го уредувал и весникот на Македонското народно движење „Трудова Македонија“, во која сите позначајни текстови ги пишувал самиот тој. Покрај тоа, сите важни документи, соопштенија и конгресни материја биле негово дело. „Тој ја водеше кореспонденцијата со Македонците од татковината и во емиграцијата, одржуваше разни конференции и митинзи, со сите сили и средства ја градеше националната и патриотската свест на Македонците каде и да се наоѓаат“, вели академик Ристовски.



Таткото на сегашниот претседател на бугарскиот парламент е роден во 1901 година во Банско, место каде што се родил и еден друг голем Македонец, Никола Јонков Вапцаров. Како што подвлекува академик Ристовски, Пирински и војводата Смиле Војданов од охридското село Лактиње во периодот на триесеттите и четириесеттите години од минатиот век ќе настојуваат да ја обединат македонската емиграција во Америка која Македонија ја чувствува за своја татковина, а македонскиот национален идентитет им бил света работа, за разлика од Македонската патриотска организација која, под влијание на Ванчо Михајлов, се борела за бугарската кауза. Двајцата, Војданов како претседател, а Пирински како секретар на Македонскиот народен сојуз секоја година ќе организираат конгреси, ќе издаваат весници и успешно ќе ја шират вистината за Македонија.



„И кога по резолуцијата на Информбирото против Југославија американските власти, како странски државјанин, го осудија Георги Пирински за ’комунистичка дејност‘ и го поставија пред дилемата да оди в затвор или да биде екстрадиран онаму од каде што дошол, тој и не можеше да дојде во тогашната антиинформбировска Македонија, туку ја прифати услугата на НР Бугарија и на 5 септември 1951 година стигна во Софија, Натамошниот пат веќе беше јасен. Судбината на Венко Марковски ја делеа заедно – со ордени, почести и слава за сметка на неговите најубави 28 македонски борбени години во САД“, пишува академик Ристовски за дејноста на големиот Македонец од Банско чија политичка активност по враќањето во ��угарија ќе тргне во друга насока.

Според академик Ристовски, Македонскиот народен сојуз во САД и во Канада и неговите весници непосредно пред и во текот на Втората светска војна биле единствените што континуирано, објективно и сеопфатно го следеле одот на Македонското ослободително движење и на оружената Народноослободителна борба. „Тој ги обединуваше Македонците од сите делови на распокинатата татковина и претставува верен сведок за нивната национална свест и за карактерот и континуитетот на ослободителните стремежи и државотворни идеали”, подвлекува тој. Војданов и Пирински ќе бидат во Комитетот за изградба на болницата во Скопје веднаш по ослободувањето во 1946 година.

(продолжува)


Статијата е прочитана 2692 пати.

Испрати коментар

Од: Slave Katin (momentalno vo Toronto)
Датум: 11.12.2008 03:50:01
Isto taka i kerkata na Smile Vojdanov koja e mazena za ajvandoktorot Ivan Gadzov (Makedonec od Goce Delcev, po koreni od Belomorieto-emigran vo SAD, sopstvenik na golema biblioteka, po ubeduvanje Bugarin), pri posetata na nivnata biblioteka vo Michigen, me ubeduvase, za zal, deka e Bugarka. Jas na Gadzof mu "objasniv" deka na vrba ne se kalemi jabolko, kako i sto, za srekja, ne se kalemi Makedonec da bide Bugarin
Од: pameten
Датум: 11.12.2008 07:20:04
Bugarite se mashavina od Prabugari, Sloveni i koreno Balkansko naselenie, koi se akulturirale vo eden narod pred povekje od 1000 godini. Od togash del ot Makedoncite bile kremot na ovoj narod. Vo 20 vek neostvarimosta na obedinuvaneto teralo nekoi kako Misirkov da sugestirat da se raboti za poseben Makedonski narod. Komunistite prifatile ova idea i Zajkov - Pirinski rabotel za nea megju Makedonskite Bugari vo SAD. Denes imame dva naroda so zaednichki korenja. Kakov e problemot?
Од: zemjodelec
Датум: 11.12.2008 09:30:07
Паметен,можеби си навистина паметен но јас повеќе и верувамна науката. Post from iGENEA to 26.09.2008 Albania: 30% illyrians 16% phoenician 14% hellenen 18% thraker 2% vikings 20% slavs Greece: 10% Germanic 10%illyrians 20% slavs 20% phoenician 5% macedonian (in north more than 18%) 35% Hellenen Bulgaria: 49%Thraker 11%macedonian 15%slavs 15%hellenen 5% pheonician Macedonia: 30%macedonian 10% illyrian 15% hellenen 5%phoenician 20% germanic 5% hunnen 15% slavs Inma Pazos iGENEA Tel. +41 (0)43 233 81 51 [email protected] www.igenea.com
Од: San Stefano
Датум: 11.12.2008 09:39:04
Fakt e deka Makedonskata nacija postoi kako mlada i novoformirana nacija vo pocetokot na 20 vek.Mozebi tocno taa mladost i nedorecenost e pricina sto ni se javuvaat site ovie problemi so ime , crkva, jazik i sl. No bi postavil edno prasanje: dali voopsto ce se postavuvase t.n. makedonsko prasanje, ako se reslizirase mirot potpisan vo mart 1878 godina vo San Stefano ,posle rusko-turskata vojna, i ako se formirase Sanstefasnka Bugarija?
Од: в.мкд
Датум: 11.12.2008 10:47:04
Абе ,,pameten''бугарите се татари и дојдени се од азискиот дел тука барем е многу јасна работата.А Македонците се тука уште пред Христа без разлика дали доаѓале други народи или не тие не ги пратиле Македонците на месечината.Многу е чиста работата само вие не саката да ја согледате затоа што се срамите од вашето татарско потекло.
Од: eden
Датум: 11.12.2008 10:51:44
"...за разлика од Македонската патриотска организација која, под влијание на Ванчо Михајлов, се борела за бугарската кауза..."? Pa dobro bre, procitl li nekoj nesto za likot i deloto Vanco, za sto se zalagal, kakvi stavovi imal po odnos na sozdavanjeto makedonska drzava? Celiot svoj zivot, se borel edinstveno za edna ideja- NEZAVISNA MAKEDONSKA DRZAVA!!! CITAJTE MALCE!!! I sega ako toa e rabotenje za bugarskata kauza, alal neka mu e na akad. Risetvski, belkim eden den ke se izvini za site falsifikati i etiketiranja! Vprocem, od negovata polemika so Direktorot na Drzavniot arhiv, d-r Zoran Todorovski, jasno se gledaat motivite za vakvite plukacki frazi na g-dinot akad. Ristovski. Navistina krajno vreme e da se preispita negovata akademska titula!
Од: realist
Датум: 11.12.2008 11:35:55
tie se dve makedonski drzavi ,no vo razlicno vreme sosdadenii pod rszlicni okolnosti,i imat edna zaednicka slavna istorija ,makedonskata. zemja blagoslovena vo biblijata.
Од: Naum
Датум: 11.12.2008 15:13:43
Do "eden": Namesto eden, treba da imate novo ime "eden bugarofil". I tocka.
Од: Виктор
Датум: 11.12.2008 18:40:45
Жално и срамно е да се лаже сопствениот народ. Блаже Ристовски и неговата компанија да ги вратат и титулите и пензиите. Младата генерација знае англиски, знае комјутери господа. Ви помина вашето време

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Фељтон