Хороскоп
ОВЕН
Нетрпеливоста се должи на чувството дека вашата емотивна врска од ден на ден станува се' понесигурна. Непотребно го туркате партнерот од себе, но и тој вас. Многу нејаснотии од вашиот заеднички живот ќе бидат решени. Можеби некому нема да му одговара?
БИК
Упорно бегате од каков било проблем, а постојано им делите совети на пријателите и на соработниците. Всушност, барате помош која изостанува. Околината ќе ве остави доколку дадете иницијатива за решавање на битните проблеми што ве засегаат.
БЛИЗНАЦИ
Доколку се најдете во расчекор меѓу тешки работни обврски и најразлични проблеми, знајте дека ќе бидете успешни. Иако најчесто преземате сопствена иницијатива, нема да пречи ако контактирате со пријателите и со колегите што ви значат.
РАК
За партнерот и за децата премногу се грижите. Се јавува желба да бидете сами и да ги разгледате проблемите што ги имате во комуникацијата со околината. Разочарани сте од лице во кое сте верувале и на кое сте се надевале. Не бидете премногу наивни.
ЛАВ
Денеска треба да му посветите повеќе време на здравјето. Кога не се чувствувате добро немате доволно енергија, ниту можете да си поставите јасни цели. Понекогаш имате чувство дека сите ве искористуваат и никој не ве разбира. Околината ве почитува, само што и' пречи вашата себичност.
ДЕВИЦА
Периодов се карактеризира со недостаток на виталност. Осетливоста ве спречува да тргнете во конкретна акција. Доколку ја одложувате ситуацијата, може да прерасне во покомплицирано. Поразот е тежок за сите, особено за девиците. Не очајувајте премногу.
ТЕРЕЗИЈА
Прекрасен ден, зар не? Може да им се препуштите на животните радости. Заборавете ги финансиските тешкотии. Обидете се да поминете повеќе време со пријателите што ве опкружуваат, тие се извор на вашата позитивна енергија. Насмевки и прошетки.
СКОРПИЈА
Периодот со недоразбирања со партнерот е минато. Одлично функционирате во тандем, свесни за своите квалитети. Прашање е само колку ќе трае тоа. Најдобрите врски се потресени со неизвесност. Шармирајте го партнерот за да влијаете да направи некоја корисна работа.
СТРЕЛЕЦ
Постојано сте во брзање. Тоа ви одговара, бидејќи не поднесувате инертност. Мора да го контролирате нервниот систем. Подложни сте на настинки. Одредете време за себе и препуштете му се на партнерот. Не дозволувајте преголемите работни обврски да ви застанат на патот.
ЈАРЕЦ
Бодрејќи се себеси ќе почувствувате замав на новиот тренд, во кој, главно, ќе бидат вклучени повеќе луѓе. Време е за ширење и делење информации. Советувајте се со блиските за ви го пренесат потребното искуство. За среќа, околината ве знае, па така знае и што може да очекува од вас.
ВОДОЛИЈА
Моментно се наоѓате во центар на вниманието. Посебно е нагласена желбата за наметнување на сопствените вредности. Мислите дека сте најспособни и најпаметни. Зошто очекувате постојано да ви даваат некакви комплименти? Обрнете внимание на семејството и на партнерот.
РИБИ
Можни се недоразбирања со околината, што не е чудно. Често имате чувство дека не ве сфаќаат така како што сакате. Не обрнувајте внимание секому, особено не таму каде што не е потребно. Свртете се кон себе. Мора да научите да ги разликувате важните од не толку значајните проблеми.
|