Брoj 2776  понеделник, 01 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Мислења

Мислења

Грција како алиби

Ѓорѓи Спасов

Најопасни политички лидери се оние што можат да го инструментализираат стравот од губењето на идентитетот и кои сами ќе се промовираат во спасители

Според сите потези што ги направи премиерот Груевски, пред и по формирањето на новата Влада, тој има решено постојано да и' создава алиби на Грција за нејзината непопустливост во спорот со името, а за возврат да ја користи неа како алиби за држењето на Македонија надвор од НАТО и од ЕУ.

Грција веројатно не ќе беше во можност да го издржи притисокот на САД да не стави вето на приемот на Македонија во Букурешт ако Груевски со своето однесување не и' дадеше алиби.

Непосредно пред одењето во Букурешт тој дозволи (дали случајно) да биде фотографиран како се поклонува пред картата на Македонија во етничките граници, а Грците го искористија тоа преку својата дипломатска мрежа да и' стават до знаење на светската јавност дека е оправдан нивниот страв од користење на името за територијални претензии.

До самото заминување Груевски ставаше до знаење дека предлозите на Нимиц не ги сфаќа сериозно и дека за предлогот што нему ќе му се чини прифатлив прво ќе се изјаснува македонскиот народ на референдум. Со тоа, всушност, порача дека тој за себе смета дека нема мандат ниту сериозно да преговара за ова прашање.



Многу месеци пред тоа постојано и' даваше аргументи на грчката влада да ја прикажува Македонија како несериозен партнер и сосед со преименувањето на аеродромот во „Александар Велики“, воведувањето орден во Армијата – „Александар Македонски“, китењето на зградата на Владата со антички скулптури и охрабрување на сите што трагаат по античките корени на нашиот народ.

Неуспехот на Македонија во Букурешт, со прогласувањето на Грција за единствен виновник, Груевски го претвори во успех на својата коалиција на предвремените избори. Но, на тие избори доби мандат и вети дека ќе го надомести изгубеното време со изборите да ги интензивира разговорите и да и' помогне на Македонија да го фати возот за членство во НАТО и за започнување разговори со Унијата.



Веднаш по изборите, покрај целата поддршка од американската администрација, се опкружи со советници кои му советуваат: путинизација на Македонија, прекинување на разговорите за името со Грција, непризнавање на Привремената спогодба и користење на погодностите од нашето нечленство во НАТО и во ЕУ за некаква алтернативна стратегија на економскиот развој.

Наоружан со вакви идеи, тој на денот на формирањето на новата Влада изјавува: „Ако Грција не сака решение за името, ние можеме и без НАТО (говор во парламентот)“.

Еден месец подоцна од Пелинце во говорот по ��овод Илинден вели: „Македонија може да се развива внатрешно, дури и во услови да се остварат црните прогнози дека Грција ќе ја продолжи блокадата кон нејзиното зачленување во НАТО и во ЕУ“.

Еден час пред последната средба со медијаторот Нимиц, деновиве тој даде изјава во која тврди: „Грција не сака да биде решен проблемот со името и го користи проблемот со името за свртување на вниманието на грчката јавност од проблемите со кои е соочена грчката влада“.

Груевски, всушност, го најавува и го соопштува со видливоста на пророк тоа што тој, всушност, сака да се случи и за што самиот ќе направи се' за да се случи.

Авторитарните водачи многу често, забележува Хана Арент, ги соопштуваат своите намери како пророштва на судбината. А откако ќе направат се' да се случи тоа, даваат објаснување дека не се случило ништо друго освен она што тие веќе го предвиделе и што морало да се случи.



Најопасни политички лидери се оние што можат овој вид политики да ги инструментализираат со помош на јакнењето на стравот од губењето на националниот идентитет, стравот од исчезнување на нацијата, губење на државата и кои самите ќе се промовираат себеси во спасители.

За таа цел Груевски користи два инструмента. Првиот е ширењето на лагата, дека целта на Грција во овие разговори е да биде поништен македонскиот национален идентитет и дека затоа тие разговори не можат да завршат позитивно за Македонија. Затоа, според него, секој што мисли дека е можен договор со Грција околу ова прашање (како претседателот, опозицијата или некои интелектуалци) е само предавник на најсветите македонски национални интереси. Ако не е така, вели тој, нека го каже Црвенковски јавно својот предлог за промена на името на државата. За да го спречи „предавството“, тој го поставува својот шеф на кабинет за контролор на работата на преговарачот Димитров, а од Нимиц бара за ова прашање да разговара на одвоени средби со него и со претседателот, чиј легитимитет не го признава, а чиј патриотизам му е сомнителен.



Вториот инструмент е свесното создавање услови да не се реши проблемот кој него го држи во позицијата на врвен патриот во земјата. Затоа, ако забележи приближување на ставовите, отвора нови прашања и проблеми, како што се признавањето на македонското национално малцинство во Грција, враќањето на имотите и правата на децата-бегалци од Егејска Македонија и признавањето на посебноста на Македонската црква, барање за промена на името на аеродромот во Солун и слично. Кога и тоа не е доволно и кога гледа дека постои решение на повидок, тој објавува дека Македонија, всушност, не преговарала досега за замена на референцата ПЈРМ со некоја друга, туку само за тоа со кое име ќе и' дозволиме на Грција да ни се обраќа. Ние сме согласни само за двојната формула.

Ваквите лидери кои ја одржуваат својата популарност со понекогаш симпатичниот безобразлук на малите кон меѓународната заедница и со вешто манипулирање со прашањата околу загрозеноста на националниот идентитет не остануваат долго на политичката сцена. Но, за жал, во судбоносни периоди од развојот на една држава можат дури и со своите најдобри намери да ја доведат до границата на нејзиното опстанување. Иако таквите лидери најчесто се плашат од судот на историјата, ним најчесто, многу бргу по губењето на власта, им суди редовен суд.

(Авторот е поранешен амбасадор)

 


Статијата е прочитана 2193 пати.

Испрати коментар

Од: Kolega na prof. Gjorgi Spasov
Датум: 01.09.2008 00:10:49
Premier Gruevski nema da popusti. Toj ke primeni site pravni sredstva. Edno od niv e i koristene na pravnite mehanizmi vo Megunarodnot sud vo Hag.
Од: angel
Датум: 01.09.2008 00:35:59
e taka de,da bevte "vie"(namerno so m.b.)se ke resevte zatoa i 15-na godini vi bea malku i sto e toa dobro sto go napravivte(smeneto ime,zname,ustav...).kako ne vi e sram uste da kritikuvate...
Од: macor
Датум: 01.09.2008 01:25:37
iako od prviot den vo nezavisna makedonija glasam za nacionalnata opcija,se smetav sebesi za patriot i nacionalist,na dvapati od koren go promeniv svojot stav,prifakajki ja realnosta i stremezot za podobra idnina.prviot vo vrska so albancite,sega vtoriot,so grcija.ne smetam deka identitetot ke iscezne so nekoja pridavka,nacionalizmot vo 21v e pat kon getoizacija,izolacija.glasav za gruevski,no napolno se soglasuvam so mislenjeto na g-din Spasov
Од: citatel
Датум: 01.09.2008 02:12:24
Abre batko Gorgija, ne si go napregaj mozokot i ne tresi. Pa ti treba da si ja uzivas penzijata kako "BIVSI ZASLUZEN GRAGJANIN'. Sto zi znael i si mozel odamna si go napravil. Edinstveno sto posledicite od takvoto pravenje i pomaganje sega site gi "krkame". Ajde malku opusti se ke prezivee Makedonija i bez tvojata assistencija....
Од: pameten
Датум: 01.09.2008 05:55:57
"да биде фотографиран како се поклонува пред картата на Македонија во етничките граници," Ludiloto e NE deka Gruevski bil fotografiran pred karta na Geografska Makedonija, a deka se tvrdi deka ovo e Makedonija "vo etnichki" granici! Koga na Halkidiki imalo Makedonci? Ili na jug od Solun? Koga megju Pirinska Makedonija i ostanatite delovi od Bugarija postoela etnickka granica? Ljugeto vo Kjustendil isto kako i tie vo Blagoevgrad se narekuvele i Makedonci i Bugari no nikogash megju niv nemalo "etnichka" granica. Neprifakjaneto na vistinskata istrorija, cvrstoto inaetene so mitovite od vreme na Titova Jugoslavija - ovop e alibito na neprijatelite na makedonija!
Од: Vanco
Датум: 01.09.2008 06:51:53
Spasov ima Predugacok Jazik,A sto ti uopsto mozes da napravis za Makedonija?
Од: shkupi
Датум: 01.09.2008 07:33:17
nisto od nadvor nemoze da ja zagrozi makedonija, ona moze da se destabilizira samo od vnatre a otkako dojde VMRO na vlast ogromen gnev, omraza i netrpelivost ima vo najgolem del od makedoncite prema prvenstveno grcite i albancite sto sekako ne ja vodi kon dobro drzavata. nacionalizmot i siromastijata se poveke i poveke zavzemaat glavna uloga megu narodot vo makedonija. pogolem del od makedoncite ednostavno nemozat organski da ja podnesat postramkovna makedonija - problemot so grcite e samo kapka vo more....lj. georgievski: "pravata na albancite vo makedonija se mn pogolem problem za mene otkolku resavanjeto na prasanjeto za imeto so grcija"! i pticite znaat deka na mak. ne im e voopsto mila makedonija posle 2001 !
Од: Аспарух
Датум: 01.09.2008 08:19:58
Бидејќи не сум во можност да испратам коментар на написот на оној несреќникот Минчо Митевски за “Иднината и името“ го користам овој простор. Каков е тој идиотизам што го наговара г. Митевски за нашата иднина. Зарем тој незнае дека без име иние немаме никаква иднина!
Од: boro
Датум: 01.09.2008 09:05:46
so Bukureskiot dogovor Makedonija bila podelena pomegu tri drzavi: na Grcija i pripadnala egrjska Makedonija, na Bugarija - pirinska Makedonija, a na Srbija vardarska Makedonija. i den deneska strukturite na UDBA smetaat deka vardarska Makedonija (denesna republika Makedonija) i pripaga na Srbija
Од: stav
Датум: 01.09.2008 10:08:36
Se soglasuvam so avtorot na tekstot. Mnogu e zalno sto se raspali nacionalizmot vo Makeodnija. Zato site koi igrale na karta na nacionaliznmot izgubile. Grcija toa go napravi vo 19 vek koga se zaleta so trupite do Anadolija za da obezbedi "sigurnost" na Grcite od Mala Azija i izgubi, Srbija go izgubi Kosovo otkako se obide da ja realizira idejata deka kade ima Srbin toa e srpska teritorija. Treba da se gleda realno i so ladna glava. Zalno e sto Gruevski ce padne kako sto padna i negoviot prethodnik Ljubco i sto nema da znae kako da ja iskoristi ovaa naklonetost sto narodot ja ima kon nego za da navistina napravi nesto za Makedonija, a ne da povlekuva potezi koi odnapred se osudeni da bidat jalovi i so toa sozdava cuvstvo kaj narodot deka protiv Makeodnija ima "svetski zagovor". Duri i Srbija se razbudi od toj son.
Од: Диме
Датум: 01.09.2008 10:17:27
Шкуп е во право. Македонија навистина ни е помалку мила после 2001. Чуството за мултикултурализам, толеранција и сограѓанство е исчезнато и кај Македонците но уште повеќе кај Албанците. Албанците ги јаде друга проблематика шо дополнително им ја мати ситуацијата.
Од: (S) Hram na demokratijata
Датум: 01.09.2008 10:49:28
rasplamtuvanjeto na nacionlizmot, sirenje na "anticki romantizam" i jaknenjeto na stravot od gubitok na nacionalniot identitet e svesna i planski organizirana akcija na vlasta, bidejci taa iako verbalno se iskazuva zelba za vlez vo EU i NATO, pravi se sto e mozno da se odlaeci od niv. Na toj nacin ce si stvori " pasaluk' odnosno0 selo bez kucinja i ce pravi sto saka. Pa ako bevme clenki na EU i NATO ne ce mozese funkcioniranje na Parlament bez opozicija i stancanje na 100 zakoni site pod itna postapka. Pa i procedurata na kupuvanje bilet na zeleznicka stanica trae podolgo odkolku donesuvanje na zakon vo " (S) Hramot na demokratijata"
Од: Jugosloven - Makedonec
Датум: 01.09.2008 10:50:59
Da zivee Jugoslovenska Republika Makedonija !
Од: Atanasija
Датум: 01.09.2008 10:59:58
Ovde nikoj ne se prasa-ako RM ne prifatese provizorno ime PJRM za da stane clenka na OON ,kade ke bese sega.So ova sosedstvo,se plasam deka ke bese neograden dvor niz koj sosedite ke gi proteruvaa svoite krda na unistuvanje.A od togas,RM e priznata,tokmu vo OON od nejzini 12O clenki pod ustavnoto ime.I,sega koga ne se znae kako natamu,se frlaat drvja i kamenja protiv pretsedatelot Gligorov,i g.Crvenkovski,togas premier,za toj poteg. G.Spasov se praka vo penzira "kao zasluzen gragjanin".pa,i e:toj gi obedini makedonskite intelektualci vo Anglija,i tie zboruvaat klku bil uspesen ambasador. Gruevski i negovite klonovi sekoj den izleguvaat so novi obvinuvanja za politicarite od SDSM.Go prozivaat Pretsedatelot da kazel...Pa,Pretsedatelot,vo Zagreb,pred samitot vo Bukurest ,gi prasa prisutnite:zosto vi bese lesno da ne imenuvate kako Socijalisticka republika Makedonija,a tesko vi e da kazete Republika Makedonija.Ova izjava jbese podrzana so buren aplauz,no toa ne go slusnaa vo VMRO-DPMNE.
Од: pogled
Датум: 01.09.2008 11:07:29
1. Подобар текст не може да напише ни Дора Бакојану. 2. А што да се прави кога нашиот јужен сосед, бројно и територијално поголем, економски, политички и воедно помоќен од нас, членка на ЕУ и НАТО, се ПЛАШЕЛ (?!) од територијални претензии од малата, бројно и територијално помала, економски, политички и воено послаба Република Македонија која што не е членка на ЕУ, НАТО?
Од: Коко
Датум: 01.09.2008 12:04:53
Одличен коментар. Права слика на состојбата во Македонија. Штета е, што Груевски огромната наклонетост на народот ја насочува на друга страна. Ги запостави економските проблеми и се зафати со влечење на потези кои ке не оддалечуваат и од Нато и од ЕУ. Меѓутоа, не треба да заборави дека над 85% од граѓаните на Македонија се за влез во Нато и ЕУ. А квази патриотите се малку по број.
Од: Risto
Датум: 01.09.2008 12:26:01
Ke probam da dadam realno mislenje,na Albancite vo Makedonija ne znam sto pravo nemat ama ako nemat pod hitno da se izglasa vo sobranieto,pa i na site drugi naciii, 2.Site koi ziveat vo Makedonija se Makedonci 3.Sekoj koj ke posegne po Makedonskiot identit vo bilo kakva forma da se kazni kako izdajnik na Makedonija. Politicar da nema pravo da razgovara so nikogo pa duri ni pretsedatelot za Makedonskiot identitet,zosto? zatoa sto jas se osekam Makedonec od plemeto na Peonite a kakov jazik zboruvam toa e denes kade sum se nasol.Grujo so tebe se vistinskite Makedonci imaj hrabrost i ne se plasi od nikoj site okolu tebe blefiraat samo kazi im imas 3 Jokera vo geb.
Од: ана
Датум: 01.09.2008 12:50:14
Немој да се занесувате дека Груевски сака и може да го реши проблемот со Егејците.Тој сака само да во него се гледа спасител но ако добро ги резонирате работите ќе видите дека тој само сака да го зголеми својот електорат за наредните избори.Ама чекајте луѓе ние не бираме луѓе кој само ќе не заглавуват ами треба да ги решават нашите проблеми или пак сега ние кои ги биравме и живееме во Македонија сме грагани од втор ред.
Од: Дељан
Датум: 01.09.2008 13:07:39
До Мачорот : Да се бориш да си го зачуваш името и идентитетот не е никаков национализам. А да навредуваш некого по национална основа, да го притискаш да си го смени името не е само национализам туку е чист фашизам и нацизам. Не е точна тезата дека со некаква придавка не се губи идентитетот. Напротив се губи и се менува. И не е точно тоа дека ќе бидеме изолирани и гетоизирани. Тоа се само прикаски за мали деца со цел заплашување за неизвесна иднина. А Г. Спасов припаѓа на онаа политичка гарнитура која направи толку зло на Македонија па сега нема право да се јавува како спасител. Нивното време помина и народот ги прочита.
Од: srebre
Датум: 01.09.2008 13:44:06
DO SITE ONIE sto mislat pridavka ne znaci nisto zosto novozelandjani se vikat novozelandjani a ne zelandjani?sto stoi vo nivniot ustav sto mislite?Neli pridavka znaci nenacionalna drzava na makedonecot?Neli vo taa drzava ce bideme edno od malcinstvata i nekoi (albanci)vednas ce proglasat otcepuvanje logicno koga Mak ne postoi kako moze da pæostoi makedonec sto znaci uste prviot den kantonizacija i proces za raspadjanje.
Од: Aleksandar
Датум: 01.09.2008 14:39:35
Ako ste taka dobri da pravite psiholoski profili, bi bilo dobro da mu napravite profil na vasiot Kapo di tuti kapo B.C., taka ke imate da se promovirate vo poveke broevi na dnevnite vesnici. E, pa g-dine Spasov, bevte na mnogu mesta: Minister, pratenikl, ambasador bevte vo vlasta koga SDSM sama imase mnozinstvo. Sto napravivte za Makedonija za imeto, znameto ? Treba da vi e sram da zboruvate za Gruevski koj pokaza sto e dostoinstvo. Ako resi kako Vas da razmisluva togas za 24h ke staneme clenki i na NATO i na EU, no ke bideme so navednati kicmi kako ORANGUTANI, a ne kako Makedonci.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Мислења
Мацо моја, таго моја