Со нож сакал да го убие соселанецот
Полицијата поднесе кривична пријава против Ќ.М. (53) од гостиварското село Србиново затоа што се обидел да го убие соселанецот А.А. (48) поради имотноправен спор. Според МВР, двајцата соселани се скарале, по што Ќ.М. со нож го пробол А.А. во градите и по телото. Повредениот бил пренесен во болница. (Г.А.) |