Број 3395  четврток, 30 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Скопје

Плоштадот не навлегува во заштитeната зона на Чаршијата

Конзерваторскиот центар, ни Управата за заштита на културното наследство не знаеле за идејата да се гради плоштад

Снежана Калабакова



Новиот плоштад „Скендер-бег“, онака како што е предложен во идејното решение, најверојатно, нема да навлезе во заштитената зона на Старата чаршија. Ова е претпоставката на надлежните од Конзерваторскиот центар, кои засега не можат да дадат прецизен одговор на прашањето дали плоштадот ќе зафати и дел од објектите заштитени со закон, бидејќи Општина Чаир се' уште официјално не ги известила за идејното решение за изградба на новиот плоштад.

Општината не испратила никаков допис или писмо за ги информира надлежните дека сака да гради плоштад „Скендер-бег“, тврдат од оваа научна установа и додаваат дека не биле информирани ниту за тоа дека ќе има јавна презентација на проектот. Признаваат дека за идејното решение за плоштадот дознале од медиумите, но се надеваат дека за проектот е известено Министерството за култура. Додаваат дека имаат добра соработка со Чаир, па оттаму се надеваат дека Општината ќе им го достави проектот на разгледување. Од она што го виделе во медиумите, мислат дека плоштадот е во контактната зона, односно не допира во делот на Старата скопската чаршија и нејзините објекти заштитени како културно наследство од особено значење.

Од Конзерваторскиот центар немаат одредено мислење за плоштадот „Скендер-бег“ и не сакаат ништо да кажат пред да го видат проектот. Се надеваат дека некој од Општината или идејните творци ќе им ја објасни првичната идеја како тој ќе изгледа, кои ќе бидат границите на неговиот опфат и која е основната идеја, а кои се замислените содржини што би влегле во него. Надлежните оттаму не се сомневаат дека Општина Чаир ќе ги вклучи во изградбата на плоштадот, а веруваат и дека задолжително ќе биде консултирана Управата за заштита на културното наследство.

И директорот на Управата, Паско Кузман, за идејата за градење плоштад дознал од медиумите. Но, вели дека толку колку што разбрал, засега станува збор само за афирмирање на идејата, а не за проект кој е верификуван. Кузман се надева дека проектот ќе ги помине сите законски процедури, па откако ќе биде доставен во институцијата на чие чело е, тој ќе излезе со одреден став.

Старата скопска чаршија претставува споменична целина и со закон е прогласена за културно наследство од особено значење. Токму затоа од исклучителна важност е дали новиот плоштад ќе засега во историските, уметничките, архитектонските, урбанистичките, амбиенталните, етнолошките, социолошките и културните вредности на чаршијата, кои треба да ја зачуваат својата автентичност. Опфатот на Старата чаршија е точно наведен во „Службен весник“ од ноември 2008 година, каде што во член 3 се наведуваат границите со секоја чаршиска уличка.


#
Статијата е прочитана 610 пати.

Испрати коментар

Од: Кемал Ататурк
Датум: 30.09.2010 12:12:16
Само една мала корекција точен назив Турска чаршија!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: skopjanec
Датум: 30.09.2010 16:05:05
Cela Evropa ja vika Turska carsija, samo nasıte ''fanatici''ja vikaat Skopska carsija. Zosto Bitolcanite ''Sirok' Sokak'' ne go vikaat ''Bitolski Sokak''. Zatoa sto ''Sirok Sokak'' ima svoja istorija, svoj beleg.

Најди! во Утрински
Скопје
Отворен паркот на Фредерик Шопен
Се затвора дел од „Васил Ѓоргов“
Киосците во Аеродром остануваат
Спомениците во Центар се законски
Нови патеки на бул. „Никола Карев“
Зонското повторно од 7 до 21 часот
 

Macedonia makes controversial African and Middle Eastern links
Bulgarian agency chief fools anti-fraud service
Romanians bring internal squabbles to the EU