Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Втора страница

Поглед

Оставките во мода

Александра М. Митевска

Џелал Бајрами или Неџат Јакупи... Можеби Муса Џафери или, пак, Фатмир Бесими... Во крајна линија, Михајло Маневски или некој друг од вмровскиот табор...

Кој прв ќе му каже збогум на Груевски кој, меѓу редови, веќе ја најави есенската тура оставки во Владата?

Проработеа обложувалниците откако премиерот самоуверено изјави дека не планира реконструкција, ама дека не може да спречи никого да си поднесе оставка.

Кога Груевски ќе демантира дека ќе си го проветрува кабинетот, тогаш на многумина им навираат сеќавањата на големиот провев што таму се случи летово, при што беа „одвеани“ дури четворица министри. А, само еден од нив беше реконструиран. Другите Груевски не можеше да ги спречи да си поднесат оставки.

Овој пат, се чини, на потег се министрите на ДУИ кои пред неколку месеци не чувствуваа потреба да го напуштат владиниот брод кога оттаму бегаа прво Боцевски, а потоа и Стојановски и Спасеновски - за кои дипломатијата беше спасувачка гума.

Но, ништо чудно во екот на летната ферија и некој од преживеаните министри да добил амбасадорски амбиции или, едноставно, да сфатил дека „неговиот придонес во Владата е исцрпен“.

Оставките, наместо отказите, станаа заштитен знак на актуелниот владин кабинет, чиј кормилар тактично си го чува и мандатот што го наследи од претходниот шеф на државата.

Само што останува нејасно дали Груевски е незадоволен од министрите или, пак, тие од него, па толку често поднесуваат оставки.

 


#
Статијата е прочитана 1720 пати.

Испрати коментар

Од: Vlade
Датум: 02.09.2009 19:37:53
Оваа ‘мода‘ со оставките ми личи на можноста и реалноста на ‘самоубиство од заседа‘. Но укажува и на нешто друго. премиерот нема храброст т.е. поседува особини на кукавичлук да им каже в лице на министрите дека е незадоволен и да ги реконструира. Затоа игра со политички договори и со убедувања сами да си поднесат оставки. А сега кога и лустрацијата е во игра, ништо чудно некој повозрасен министер и навистина да почуствува потреба од лустрација.
Од: Itar Pejo
Датум: 03.09.2009 00:07:00
Sto stana so Bocevski? Mrak go izede covekot.
Од: pero
Датум: 03.09.2009 00:18:29
Не овој или оној??! Треба сите да си дадат оставки на чело со Грујо!!! Остваруваме нели???
Од: od nekoj
Датум: 03.09.2009 04:01:58
Glup napis! Prvo koaj ostavka vo svetot e moda? Vtoro, ako ostvkata e nesto moralno ili go pravat samite ludje togas vo vremeto na vasite komunjari koa bea na vlast-ostavka bese mislena imenka!! Koa nekoj nemoze da se spravi so predizvicite moralno e, a moze i rabotodavceot da pobara ostavka ili od uslugite so toj gi nudi. Nego tolku vi dal Gospod samo da plukate na se okolu sto e dobro! Nego ima stara pogovorka kaj sto konjot prasina diga ima zasto i da se zbori!
Од: Bekim
Датум: 03.09.2009 04:05:56
Gruevski e za ostavka.
Од: pere
Датум: 03.09.2009 04:28:34
Ministerot Vele Samak treba da bide prv na listata, Covekot e gubenje vreme, ne e sposiben za nisto.
Од: ДРАГИ „ИЛИНДЕН“
Датум: 03.09.2009 09:26:20
Време сите да си поднесат ОСТАВКА затоа што имаат НЕРАЗУМЕН КОМПРОМИТ сакаат името МАКЕДОНИЈА да ни го сменат.
Од: Професор
Датум: 03.09.2009 09:27:35
Оставките се елегантен начин да се сменат неспособните министри за да не испадне дека со смени се покажува дека дел од владата лошо работел. Досегашните оставки го потврдуваат ова, најавените - уште повеќе. Што успешно направил, на пример, министерот за екологија? Ништо. Но тоа се прикрива за да не добие владата негативни оценки.
Од: до некој
Датум: 03.09.2009 09:38:57
Аман доста со тие ваши квалификации ако не си со ВМРО тогаш си комуњара. Зарем не може човек да размислува со своја глава???Зарем во таканаречената демократија (а ти очигледно врска немаш што е тоа демократија) треба да има само две страни!!!!И секој новинар ако земе да критизира веднаш е човек на Бранко. Па доста веќе, од авион се гледа кој е ограничениот.
Од: Оли Јулчовски
Датум: 03.09.2009 09:46:31
Добро бре,Има ли овој нашиот Апсолутист барем трунака совест,па да му текне дека единствено тој ако си даде оставка Македонија има перспектива. Ајде Грујо,Собери храброст па стори го тоа што со уцени и закани го бараш од другите,Барем еднаш имај М..а немај да се криеш,Откачи ни се и фати си го патот како твојот Војвода, Биди вистински а не бизнис Патриот,Доста се нафатира оди си од Македонија.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.09.2009 10:04:22
Поднесување на оставка од било која причина е веќе видено во нормалниот свет,па и необични за наши услови како во Шведска купување пелени со службена картичка,користење на автомобил за год.одмор како во Германија и т.нПредлагам пратениците од мнозинството најмалку 5о од нив да поднесат оставка и парламентот се сведе на 7о пратеници ,така скрпената опозиција ја сруши власта и таа дојде да владее.Доста бре кукате и критикувате за се и сешто побарајте вонредни избори и демократски вратете се ако можете.Но се сомневам за вакво нешто уште нее готова чудесната платформа со која ќе не забезекнете.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 03.09.2009 10:13:14
Ну, пагади! А куда тавариш Боцевски? :)
Од: Игор Р.
Датум: 03.09.2009 10:38:50
До ОД НЕКОЈ: Во право сте “Од некој“. Зад добар коњ секогаш се дига прашина.Ама од портокаловите наочари не гледате дека во случајот не станува збор за КОЊ туку за убаво облечени, дртави МАГАРИЊА!
Од: Трпе.
Датум: 03.09.2009 14:05:43
Ако нашиот мистер рејтинг не е способен за организациони работи и економија кај човекот има големи мангуплоци.Има и голем инает.Како сега да ги признае неговите слабости.Па нели владата многу успешно работи.Се е розово во државата и сега веднаш бараме да признае дека министрите не работат ,па и самиот тој не работат добро и не покажуват резултати.Така поради лични проблеми самите тие ке си дават оставки а тој ке и обека дека ке и обезбеди други добри функци обично во дипломатија.Но познато е дека кај нас има овци за стрижење па неговите постапки ги оправдуват.Пак човекот сака да се крие позади некого,тоа му е вродено во крвта.
Од: jug
Датум: 03.09.2009 15:33:11
Gruevski ne moze da sogleda deka glavnite akteri ne se dobri na celo so Stavrevski. So vakvi finansieri kako eks Trajko i sega Zoran nema da ima ekonomija se gleda od avion.
Од: tebe
Датум: 03.09.2009 15:55:51
ministrite si podnesuvaat ostavki a ne kazuvaat zosto zatoa sto sakaat i ponatamu da vrsat dobra funkcija so site beneficii,a ako kazat sto ne i se dopaga vo vladata mozat da se zboguvaat so beneficiite.a za trajko slaveski ,toj e univerzitetski profesor ne moze nisto da mu skratat.site tie si gi stitat svoite interesi isto i oni sto gi branat i vladata i opozicijata.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Белград ги подели лустраторите
Кодошите нема јавно да се објавуваат