Брoj 2731  вторник, 08 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Се враќа ли оптимизмот на Берзата?

Судејќи по нагорниот тренд на индексите и зголемениот број трансакции и промет, аналитичарите и брокерите се надеваат дека по неколкумесечна стагнација, оптимизмот е вратен меѓу инвеститорите на Берзата и работите одат кон подобро.

Аналитичарите веќе пишуваат за „враќањето на бикот“ откако во изминатава недела индексот на десетте најликвидни компании затвора со позитивна вредност. Вчера МБИ-10 достигна рекорден раст од 6,9 отсто. Вкупниот промет од сите пазарни сегменти кон крајот на трговскиот ден изнесуваше 79,5 милиони денари.

Кон овој раст на индексот најмногу придонесоа акциите на „Макпетрол“, кои бележат пораст од над 10 отсто. По нив се акциите на „Топлификација“, кои пораснаа за 10 отсто. На Редовниот пазар вчера имаше една голема трансакција со акцијата на „Жито продукт“ од Свети Николе, при што беа истргувани 76 отсто од главнината на компанијата за 45,3 милиони денари.

Брокерите велат дека ваквиот раст е очекуван со оглед на фактот дека во претходните неколку месеци вредноста на акциите постојано паѓаше.

„Можеби е природно да се очекува раст и враќање на оптимизмот меѓу инвеститорите откако во изминатите месеци, според сите технички анализи се стигна до дното“, објаснува Драги Тасевски, извршен директор на „НЛБ Тутунска брокер“. „Сепак, за да се утврди трендот на раст, потребно е да се почека уште некој ден“, додава Тасевски.

Цените на акциите на Берзата бележеа пад од ноември минатата година до втората половина на јуни годинава. Од 27 јуни индексот МБИ-10 затвора со позитивна вредност. (А.П.)

 


Статијата е прочитана 492 пати.

Испрати коментар

Од: LEGALIZIRAN GRABEZ
Датум: 08.07.2008 00:43:44
BERZATA posebno vo MKD e pole kade oligarsite so dejstvija na grabez ama zastiteni od drzavata si go plackaat narodecot svoj lesnoumen .Ako znaete koj prodavase akcii koga vestacki se krenaa vo nebo a sega gi kupuva po realna cena se ce vi bide jasno , ZA zal na nekomu mu teknuva otposle .TAT LAVCI i sl.se sitnica sprema grabezot narecen BERZA
Од: broker
Датум: 08.07.2008 08:14:17
Ja ne znam zosto gi pustate ovie da pisuvaat gluposti koga ne razbiraat nisto .Celiot finansiski sistem vo svetot se zasnova na pazar na pari odnosno kamatnite stapki i pazarot na kapital (hartii od vrednost)taka da Makedonija i da saka nemoze da bide izolirana od seto ova. Mak .Berza e dobro organizirana institucija i raboti spored pravila kako na site svetski berzi.
Од: jovan
Датум: 08.07.2008 09:55:56
Se slozuvam so komentatorot "broker" deka se e legalno. No deka berzata bese eden TAT ili LAVCI i toa e tocno ,samo sto sega se bese LEGALNO, i toa ne e sporno. Nikoj nikogo so sila ne teral da kupuva skapi akcii. Na primer lani ova vreme Toplifikacija bese 19.000,- sega pred malku bese 7.000,. Istite tie sto gi prodavaa na 19.000,- sega pak si gi kupija na 7.000,-. i nema nisto nelegalno vo toa. Stvarta e samo sto edna grupacija pod zakrilata STRANCI, potocno Slovenci pred 2-3 godini vestacki gi digaa site ceni na akciite i koga dostignaa ceni i do 10pati pogolemi od nominalata pocnaa na obicnite luge da im gi prodavaat a potpomognati od mediumite i "analiticarite" koj tvrdea deka berzata uste ke raste. Ama ne ispadna taka za obicnite smrtnici, tie pak go okrkaa. Berzata sega povtorno ke raste ama pari veke lugeto nemaat za da investiraat, povtorno tie istite ke si gi kupuvaat sega ,ama mnogu poevtino. Koj ima pari sega moze da se ofajdi. Do nova godina pak ke bidat akciite visoki.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Јавните патишта ќе се даваат под концесија
Се разгорува борбата за превласт во „Агроплод“
Нафтата во светот „гори“, домашните цени по старо
Сиромашните земји побараа поголема помош од богатите