Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Забава

Жељко Самарџиќ

Ноќ за паметење со мостарскиот заводник

Мостарскиот заводник Жељко Самарџиќ докажа дека е еден од најдобрите забавувачи во поранешна Југославија. Во преполната сала „Борис Трајковски“ во петокот вечерта направи вистинска забава за публиката, која ја сочинуваа буквално сите генерации, а во случајов се докажа дека е омилен и кај мажите. Иако со задоцнување од половина час, сепак, Самарџиќ крајно професионално, со многу емоции и непосреден контакт со публиката, очекувано приреди вечер за паметење. Публиката во еден глас со него ги пееше сите хитови, придружувана од десетчлениот бенд.

Почнувајќи со хитовите од последниот албум „Није моје да знам“, „Стари лав“, „Љубавна адреса“, па преку постарите незаборавни „Ако одеш“, „Љубавник“... Независно дали балади или поживи рефрени, атмосферата беше постојано на ниво. Вообичаено за неговите концерти пред македонската публика, Самарџиќ ги почести присутните и со блок македонски песни, неговите омилени „Како што е таа чаша“, „Ако умрам ил загинам“, „Македонско девојче“... Кулминацијата на концертот ја достигна пеејќи ја „Анџеле мој“, посветувајќи му ја на Тоше, како што рече, на детето-ангел, во чија чест се откажа од хонорарот за концертот во корист на фондацијата "Тоше Проески".

Се чини, дефинитивно, овој концерт ќе можеше да се оцени како еден од најдобрите на Самарџиќ пред македонската публика доколку не потфрлеше озвучувањето. По се' изгледа, тоа не беше вина на организаторот, туку едноставно спортскиот храм „Борис Трајковски“ не е соодветен за концерти, што досега се докажа со гостувањата и на други музички ѕвезди. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 1342 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
Роди близнаци
Мајкл Даглас - изнемоштен и слаб






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker