Во италијанското гратче Канели засекогаш заминаа над 700 млади луѓе со своите семејства
Иван Бојаџиски
ШТИП - Шестгодишниот Виктор Анастасов е претпоследното дете што ќе го напушти напролет родното село Блатец и со своето семејство ќе замине во Италија. Неговите родители Влатко (33) и Александра (30) повеќе не можат да чекаат на подобри денови, кои за нивното семејство, никако да дојдат. Млади се, работливи, полни со енергија, сакаат да ги раснат и школуваат двете дечиња, ама никој не им дава шанса.
„Нашата одлука е конечна. Во Канели се отсели речиси целата младост од нашето село, над 700 млади луѓе. Тешко е кога среќата не можеш да ја доживееш дома, во родното огниште. Но, мора да водиме сметка за себе, а уште повеќе за нашите деца, Виктор и 2,5-годишната Александра. Како родители сакаме да им обезбедиме сигурна иднина, а тоа кај нас, посебно на село, не е можно“, велат Влатко и Александра. Со нив разговаравме на оваа тажна тема, изминатата недела, во домаќински уредениот семеен двор, пиејќи италијанско кафе.
Младиот брачен пар годинава, во два наврата, онака пробно, деведесет дена биле на работа во Италија. За тоа време заработиле 6.000 евра. „Јас и сопругата дневно заработуваме 140 евра, што е еднакво на земјоделското производство во Блатец за цел месец. Одлуката да заминеме од Блатец и Македонија е конечна, бидејќи Италија и Канели го нудат сето она што ни е потребно. Само така можеме да го оствариме својот сон“, додава Влатко.
Виктор, синчето на Влатко и Александра, е едно од трите деца во селото, кои идната година треба да се запишат во прво одделение. Но, наместо во Блатец, Виктор ќе учи во Канели. „Ова е национална катастрофа. Блатец е едно од најголемите села во источна Македонија. Пред петнаесет години во основното училиште имавме 400, ученици а сега само 130. Годинава имавме само девет првоодделенчиња. Децата со своите родители заминаа во странство, главно, во Италија, а никој досега не се врати. Во Канели има три паралелки со шеесет деца од Блатец“, вели наставничката по историја и географија Милка Димитрова, која три децении им дава добро образование, како што вели, на „сите свои деца“.
На плоштадот сретсело, некогаш мошне жив, над кој се надвиснува споменик на паднатите борци во НОБ, а над него некогашната управна зграда на задругата, помина само постар човек. Седнат на клупа, тој ги користи можеби последните сончеви зраци. Не' изненади кога ни кажа дека е најстариот жител во Блатец и има 91 година!
„Срце ме боли кога го гледам плоштадот празен, нашето масовно собиралиште во некогаш убавите години. Селото е на извонредна локација, сместено е под пазувите на планината Плачковица, а преку лето е мошне пријатно за живеење. До пред петнаесетина години Блатец имаше над 2.000 жители, сега се два пати помалку. Младите ја открија Италија како можност за добар живот пред десетина години, а од 2005 година наваму од селото бега се' што може. Ова е голема трагедија не само за нас туку и за државата. Селото живееше убав живот се' додека ја имаше својата задруга во која работеа 150 луѓе. Селаните имаа обврска само да произведат, задругата им откупуваше се'! Сега земјоделецот никој не го гледа, луѓето не знаат што да прават со своето производство. Со секој нов ден селото губи по нешто. Пред две години ја затворија аптеката, пред некој ден единствената трафика за весници. Дали и на тој начин ни се испраќа траорната порака дека за младите нема иднина тука “, зборува Игнат Јорданов.
Пред една од двете локални продавници за храна, го видовме 68-годишниот Атанас Ангелов со пиво в рака. Прашуваме од што живее селото. „Од воздух и од пензиите на оние што успеаја да ги доживеат. Ова е земјоделски крај, ама од тоа фајде нема. Ниту има кој да откупи ниту кој да работи на нива. Имам три комбајни, а работник ниту за лек, бидејќи млад човек во селото не може да се најде ни со свеќа в раце. Во амбарот ми стојат 20 тони ориз, ама нема кој да го купи. Јас сум богат селанец, кој нема пари да купи литар нафта! Целото богатство ми е во земјоделски машини и земјоделски производи, д��ма немам денар. Државата вели ќе била откупена целата оризова арпа за по 25 денари килограм. Еве јас ја нудам за 20 денари, нека дојдат, нека ја земат. Ама никој не доаѓа. Да можам и јас би побегнал каде било. Овде животот веќе нема никаква смисла. Младите добро го сфатија тоа и затоа селото се испусти“, резигнирано вели Ангелов.
И педесетгодишниот земјоделец Борче Симеонов е разочаран од фактот дека селото стравотно се празни, а никого во државата за тоа глава не го боли. „Селото живееше, се развиваше, напредуваше, а младите остануваа дома се' додека ја имавме нашата земјоделска задруга. Така беше до средината на деведесеттите години од минатиот век. Немаше производ што не го откупуваше задругата, ориз, грав, компир, шумски плодови... Ќе заколеш јагне, кожата ја откупува задругата. Селото не им нуди баш ништо на младите, затоа останаа само малку. Оние до четириесеттата година, кои не стапиле во брак, па некако преживуваат. Селското училиште неодамна го реновираа, ама за кого“, прашува Симеонов.
Влатко и Александра со нивните две ангелчиња Виктор и Мартина, во мај идната година ќе заминат од родното село и родната држава. Во Канели само ќе го зголемат бројот на свои соселани, меѓу кои се и десетина нивни роднини. „Во Канели се чувствуваме како дома. И Италијанците научија македонски. Ќе имаме работа и пари што ќе помогнат да ги оствариме своите планови и идеи за иднината на нашите деца“, велат Александра и Влатко.
Кој е одговорот на државата за црната македонска чума? Засега не се огласува. Иако приказни од ваква природа постојано се објавуваат.
Inaku i Slovenija e polna so Makedonci od istocna Makedonija nema grad vo Slovenija sto nema Makedonci i za zal nikoj ne misli da se vraka taka da popisot ako e realen ke pokaze kolku Makedonci ima vo MKD a kolku se izlezeni po EU
Од: Bit
Датум: 23.11.2010 12:56:33
Najgolem neprijatel na Makedonija e samiot Makedonec. Ni 500 godini pod tursko, ni grckata egzarhija, ni bugarska okupacija ni srpskata cizma ne ja unisti tolku Makedonija kolku sto ja unistija makedonskite vladi vo poslednite 20 godini. Ili se lazam mozebi i nema makedonci vo ovaa drzava. Postojat samo lakomi, nemoralni i neeticni luge.
Од: Jasme
Датум: 23.11.2010 14:15:29
Жално е, многу источни села завршуваат вака. Живот во нив се осеќа само на лето кога се вратат младите на недела дена да се видат со блиските. На тој што е на власт тоа засега му одговара, затоа што тие млади што си доаѓаме носиме пари со нас, ама кога ќе однема за кого да се враќаме, што тогаш?
Ќе се освестат може еден ден дека Македонија не било само Скопје ама за жал тоа ќе е кога само Скопје ќе им остане населено.
Од: ljupco
Датум: 23.11.2010 14:28:02
Blatec e najciso nezagadeno selo,so ekoloski zemjodelski proizvodi,najvkusen oriz vo nasata drzava.
Mnogu mi e zal sto se slucuva ova .Nadleznite bi trebalo da prezemat merki da se spreci iseluvanjeto.
Од: Vinicanec
Датум: 23.11.2010 15:05:12
Zemame BG pasosi i odime u Evropa za da rabotime nema so da cekame od ovaa idiotska vlast koja samo graba i rastura i kazni pisuva za da zeme plata, sram da im e...
Од: k2
Датум: 23.11.2010 16:22:37
Pa odat vo Italija da rabotat po nivi i kako rabotnici ama doma nivite ne im se rabotat...Granicata e otvorena ajde gitla i ne se vrakajte
Од: ? blatcanec
Датум: 23.11.2010 19:17:10
ova e dobra tema na koja treba da se zamisli aktuelnata vlast, prethodnata i narednite, iseluvanjeto e opravdano so ogled na uslovite za ziveenje koi se nudat vo istocna makedonija, osobeno za blatec kade nekogas rabotea tri golemi fabriki ruen, momin preslap, triko, a sega ne raboti nitu edna i zosto bi ostanale da ziveat vo blatec-
Од: Vlatko od Kocani
Датум: 23.11.2010 19:37:22
Kako nema da odat mladite, koga za rabota vo makedonsko selo, ke ti platat 5-10 evra dnevnica, a vo Italia ili slovenija, mnogu poveke.
Ne e samo Blatec, i mnogu gradovi, vo istocna Mak. se iseluvat lugjeto.
I ne e samo poradi ovaa vlada, i poradi toa sto prethodnata (sdsm) so godini ja unistuvase ekonomijata na Makedonija i ne napravi nisto da go podobri zivotot.
Од: K1
Датум: 23.11.2010 22:24:04
k2 t.e. otpravnikot na lugje vo pecalba treba kao korisno iskustvo da zeme edna niva u Blatec, sigurno ke najde, da poraboti na nea , da prodade so ke oznee i da kometnira posle toa. Samo ke mora da najde i gulabi pismonosci bidejki najverojatno ke nema pari od rekoltata za da plati internet. Mozebi sudejki po intonacijata na komentarot coekot e uspesen pretpriemac pa ke ne iznenadi so rezultatite. Togas mnogu od mladite najverojatno ke se vratat sledejki go negoviot svetol primer. Mozebi i plostadot vo Blatec koj seuste nema ime ke bide imenuvan po k2 junakot na zemjodelskata prerodba.
Од: sas
Датум: 23.11.2010 23:06:44
Mislite na nekoj mu e gajle deka si begaat mladite vo stranstvo. Nemojte Ve molam braka i sestri. Zatoa barajtesija srekata i bidete ziteli na svetot. I nie doagame po vas. Da ste zdravi i zivi.
Од: k1
Датум: 23.11.2010 23:25:13
do k2 komentator : dojdi vo blatec i posiroko ke ti gi dademe site nivi bez naem raboti prodavaj gi proizvodite i zivej normalno
Од: kole
Датум: 24.11.2010 04:18:44
Izgleda Prerodbava od Grujo dava rezultati....... site ke ne iseli od Makedonija i ke ostanat samo GLUPAVITE VMRO-vcicki.......
Од: Marjan
Датум: 24.11.2010 11:03:29
Odete i so sreka neka vi e,iako ke imate gorcina i maka vo dusata za kukite i dvorovite vasi sto ke se zapustat,ama barem zivot ke imate za vas i vasite deca.A ovde neka ostanat penzionerite, politicari,opstinari administratori,sudii, policajci,direktori profesori,lekari,i poznati naucnici vo fotelji.Koga vie ke se vratite penzioneri da bidite ke vidite tie go smenile imeto vo Republika Skopje i Pustelija.
Од: k4
Датум: 24.11.2010 11:06:48
Жалосно е што многу млади поради лошото раководење со земјата од сите влади,мораат да бараат егзистенција надвор,но уште пожалосно е што суштества како к2,остануваат тука и ја уништуваат земјата!
Од: istocna mkd vo avstralija
Датум: 24.11.2010 11:15:31
Pa mozebi i ne ti e taka loso (k2) dokolku zivees na smetka na tvoite sogragani. Sigurno si nekoj inspektor ili sl. i si imas procent od kaznite sto gi pisuvas. Takvite kako tebe ja unistija Makedonija, zatoa sto ziveete na smetka na "izumiranjeto" na drugite. Sram da ti e za komentarot.