Број 2853  среда, 03 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Славески најљубезно му се заблагодари на Спасеноски

(Повод: текстот "Славески го избрка Спасеноски од Комисијата за буџет", објавен во "Утрински весник" на 2 декември 2008 година)

Министерство за финансии, Кабинет на министерот

Најостро демантираме дека "министерот за финансии Трајко Славески го избрка од Комисијата за финансирање и буџет неговиот колега за земјоделство, Ацо Спасеноски, со објаснување дека предолго ги образложувал амандманите", како што имплицира авторот на текстот Александрија Стевковска.

Секој што го следеше директниот пренос од работата на Комисијата за финансирање и буџет можеше да слушне дека министерот Славески најљубезно му се заблагодари на министерот Спасеноски за неговите излагања. Притоа, министерот Славески истакна дека како овластен претставник од Владата за Предлог-буџетот на Република Македонија за 2009 година, а поради негово отсуство во текот на утринските дискусии на Комисијата, ги поканил министерот за транспорт и врски и министерот за земјоделство да учествуваат во амандманската расправа за Предлог-буџетот, која се однесуваше на овие два владини ресора.

Причината поради која министерот Славески му се заблагодари на министерот Спасеноски за присуството е тоа што опозициските пратеници го злоупотребија присуството на министерот Спасеноски и наместо да дискутираат за амандманите, започнаа расправа за други теми од областа на земјоделството, со што свесно ја блокираа расправата на Комисијата за финансирање и буџет по однос на амандманите.


Статијата е прочитана 555 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 03.12.2008 01:39:25
kade ima dim-ima i ogan ..abe slaveski bre...aj sega napravete spot so pernje naroden um....ne go izbrkav jas --za se se krivi novinarite,spiunite,kodosite...ne ne bev jas --majke mi!
Од: mene
Датум: 03.12.2008 04:41:48
a be cim imate potreba da objanuvate toa znaci deka v start ne e taka. ama sto ke ocekuvas od ruralci. toj slaveski nejkese megunaroden dogovor da potpishe so branko togas pa za ovoj john travolta sto go izbrkal vrlo vazno
Од: petar
Датум: 03.12.2008 08:40:35
Abe ovoj Slaveski da nee spiun se mu smeta postapki kako od vremeto na TITO.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма