Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

Кој ќе седне на жешкото столче во Уставен суд?

Гордана Дувњак


Уставните судии в петок на затворена седница ќе го избираат новиот претседател на највисоката судска институција задолжена за оцена на уставноста и на законите. Мандатот на актуелниот претседател Трендафил Ивановски истекува на први ноември, а утрешната седница е последната што ќе раководи тој. Само еден ден пред тоа Ивановски ќе се обрати пред управните судии. Но, овој пат во сосема друго својство. Ќе се брани во жалбената постапката, по одлуката на Комисијата за лустрација, која верификуваше факти дека бил соработник со тајните служби во младоста.

В петок секој од деветтемина уставни судии, освен Лилјана Ингилизова и Трендафил Ивановски, кои веќе потрошија по еден тригодишен мандат и немаат прво на реизбор, имаат еднакви шанси да бидат избрани за претседател. Според правилата за избор, секој судија може да предложи кандидат, па дури и самиот да се самопредложи. Избран ќе биде оној уставен судија што ќе добие квалификувано мнозинство. А, тоа значи за него да гласаат најмалку шест од вкупно девет судии. Првиот што ќе ја добие потребната поддршка, ќе стане претседател, ќе го раководи Судот и ќе го претставува во јавноста во наредните три години.

Наследникот на Трендафил Ивановски ќе биде четвртиот уставен судија што ќе седне на жешкото столче во овој судиски состав. А, кој поради внатрешните турбуленции, двете оставки и заминувањата на еден судија на нова должност, доби судии со различен мандат.

Најдолг судиски стаж во Уставниот суд имаат судиите Трендафил Ивановски, Лилјана Ингилизова, Игор Спировски и Зоран Сулејманов, кои на оваа функција се избрани во јуни 2003 година. До крајот на мандатот им о��танува уште една и пол година. Во јануари 2004 година, за нов уставен судија е избрана скопската апелациона судијка Вера Марковска, а истата година, само во декември, на судиите им се придружи првиот македонски омбудсман, Бранко Наумовски.

Едно од првите поголеми премрежиња што го преживеа овој судиски состав беше во ноември 2007 година, по одлуката за Законот за употреба на етничките знамиња. Уставниот суд беше изложен на силен притисок од партиите на албанскиот политички кампус, а во прозивките најжесток беше лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Притисокот не го издржаа двајца судии од албанска националност, од кои едниот беше претседател -Махмуд Јусуфи и Бајрам Положани, кои си поднесоа оставка. Неколку месеци подоцна, поради заминување на нова функција во Судот за човекови права во Стразбур каде што беше избрана за европски судија, од функцијата се збогува и поранешната претседателка на Државната изборна комисија, Мирјана Лазарова-Трајкова.Пополнувањето на нивните места траеше долго, па дури во август наредната 2008 година по предлог на собраниската Комисија за избор и именувања беше избран поранешниот министер за правда, Исмаил Дарлишта. А, во октомври истата година по предлог на тогашниот шеф на државата, Бранко Црвенковски, нови уставни судии станаа професорките Гзиме Старова и Наташа Дамјановска-Габер.

Се стеснува ли кругот на можните кандидати за првата фотелја во Уставниот суд?

Уставниот судија Зоран Сулејманов, кој беше иницијатор на вербалниот инцидент што се случи на последната седница, самиот најави дека се повлекува од изборната трка. Откако не беше ставено на дневен ред неговото барање за одложување на две точки, тој демоснтративно ја напушти седницата. Во неговата препирка со актуелниот претседател околу тоа како едвај чека да му помине функцијата на Ивановски, многумина препознаа самопроимоција. Но, Сулејманов ги негираше ваквите комбинации, тврдејќи дека не се гледа себеси како претседател, затоа што до крајот на мандатот има уште 1,5 години. Но, веројатно, бил и свесен дека не е меѓу омилените колеги во овој состав.

Прашање е колку заминувањето на половина мандат ќе биде ограничувачки фактор и за судиите Игор Спировски или Вера Маркова. Изборот на Спировски сигурно нема многу да ги израдува партиите на власта, кои на овој судија гледаат како на остар критичар на владините политики. Далеку попосакувана варијанта сигурно би бил изборот на некој од двајцата кандидати од албанска националност, а особено на бившиот министер за правда од времето на ДУИ, кои важи за близок човек на лидерот Али Ахмети.




#
Статијата е прочитана 863 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 26.10.2010 19:32:44
Кој сака нека седне само да нее кодошки обележан.

Најди! во Утрински
На прво место
Кодошите не кодошеле гратис
Некој во Бангладеш, некој во Шведска!






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU