Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

Некој во Бангладеш, некој во Шведска!

Перцепцијата на премиерот Никола Груевски и реалната слика за состојбите во државата, според опозицијата, се разликуваат светлосни години. И додека премиерот зборува за инвестиции, прогрес и дострели на сите полиња, народот живее во беда и сиромаштија. Генералниот секретар на СДСМ, пратеникот Андреј Петров, имал впечаток како да живееме во две различни држави. „Ние во Бангладеш, а вие во Шведска“, му рече тој на премиерот на вчерашната седница за пратенички прашања откако внимателно го ислуша. Убеден дека проблемот на Груевски е што тој нема приоритети и во ситуација кога во државата нема ниту една фабрика се луксузира со споменици.

Критикувајќи го премиерот, тој рече дека Груевски не ја говорел вистината кога кажал дека проектот „Скопје 2014“ ќе чини 80 милиони евра. „Преку Бирото за јавни набавки е евидентирано дека досега се потрошени 130 милиони евра. Сега е објавен и податокот дека споменикот на Филип Втори ќе чини дополнителни три милиони евра“, кажа Петров. Притоа, тој додаде дека не му е јасно што ќе слави Груевски со Триумфалната порта и самиот заклучи: сиромаштијата!

Премиерот тврдеше дека опозицијата намерно ги извртува работите, а вистината е дека спомениците се само мало делче од многуте инвестиции. Уверен е дека тоа го прави од злоба, бидејќи и' е криво затоа што во времето на СДСМ не се градело ништо. „Нема поле каде што нема крупни инвестиции. Жал ми е што сте се фатиле за неколку споменици. Имаше период кога 50 години не се финансираше ништо. Тоа е мал сегмент од големата палета инвестиции. Владата води политика на инвестирање во низа проекти: енергетика, патната инфраструктура, изградба на водоводи, канализациски системи, тех��олошко-индустриски развојни зони... Имаме бројни инвестиции во дејностите што беа целосно запоставени од претходната власт: образование, здравство, земјоделство“, нагласи премиерот, додавајќи дека Владата води здрава фискална политика и дека оваа година имаме помал буџетски дефицит од минатата. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 857 пати.

Испрати коментар

Од: deli
Датум: 26.10.2010 13:13:51
Premierot ubavo si go kaža svoeto: pa neznam, zošto postojano se žalite... Nemalo toa, nemalo ovo. Patišta, bolnici, školi, autobusi... pardon! Tie ke pristignat sega skoro od Kina... Dvospratni, crveni, vo retro dizajn... A po broj na spomenicite na žitel na država MK e nabogata na svet. Eden žitel, eden spomenik. Dosta so kukanje, Makedonci!
Од: Трпе
Датум: 26.10.2010 13:31:11
Господин,господин мистер мр Рејтинг,живее во некој сопствен свет,светот на бајките.Тој градел и крадел.Водел добра фискална политика и болен македонски народ.Во последните педесетина години не се градело ништо.А кој го изгради факултетот во Прилеп за да заврши факултет.Кој му изгради патишта за да се шета.Кој изгради станови за неговите портокалови подржувачи.Триумфална капија му треба за да покаже дека го победил сопствениот народ.По завршувањето на мандатот ке живее како успешен бизнисмен.Абре македонче за каде се спремаш....
Од: Oskar
Датум: 26.10.2010 15:05:09
Eve kolku se tie nekolku spomenici kako sto kaza Premierot napraveni i postaveni: 4-ri lava, G.Delcev, D Gruev, Cento, Kiril i Metodi, Sv. Naum i Sv. Kliment, sest statui na Gemidjiite, Sklupturi: Bik, macka, smizla, prosjak, cistac, igraorci, hej-maz, devojki-dve pred stokovna dve pred Gr. park, riba-covek, klovn, maski, ljubovnici i covek drvo kaj Kameni most, majka tatko i dete, zena so gitara, beskonecnost i momce i devolka sedat na masa na kej 13 Noem. Pred MOB tri sklupturi na instrumenti, azbuka; pred posta tri mermerni sklupturi, Spomenici koi ke se realiziraat: A. Makedonski na Bukefal so sklupturi na vojnici broj nepoznat, N. Karev na konj, 60 sklupturi na dvata mosta za pesaci Oko i Mostot na umetnicite,Car Samoil, Justinijan I, Filip II, Karpos, Osnivacite na VMRO, na Prezidiumot na na ASNOM, na padnatite za Makedonija, spomenik na branitelite Makedonija, poslednive cetiri se grupni. Posebni spomenici po izgled i cena se Triumfalnata porta i stadionot.
Од: mustafa
Датум: 26.10.2010 22:01:47
Edinstvena dobra strana na G-din G-din Premier e taa sto e prefrigan LAZGO, a za Trpe Odlicen si,tocno vo centar.

Најди! во Утрински
На прво место
Кодошите не кодошеле гратис
Кој ќе седне на жешкото столче во Уставен суд?






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU