Број 2768  четврток, 21 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Искричења во парламентарните комисии по ветото на Црвенковски

Светлана Унковска

На опозициската СДСМ вчера не и' успеа да ги стави на дневен ред на Законодавно-правната комисија и на Комисијата за политички систем законите за енергетика, за работни односи, за адвокатура, за лобирање, за експропријација и законот за надворешни работи, чии укази претседателот Бранко Црвенковски одби да ги потпише.

Владејачкото мнозинство со надгласување го отфрли предлогот, па така пропадна можноста не само да се дискутира за овие закони туку и да се поднесуваат амандмани.

Од СДСМ велат дека не се откажуваат од намерата повторно да се чешлаат овие закони. И покрај настојувањето на претседателот на парламентот, Трајко Велјановски, да нема амандмани, СДСМ ќе инсистира и на амандмани и на уште една рунда дебата.

„Тоа што го бара Велјановски нема никаква реална основа. Нашата цел ќе биде овие шест закони, кои се многу важни, да бидат подобрени. За овие закони имаат забелешки синдикатите, адвокатите, невладините организации, претседателот на државата“, рече вчера Игор Ивановски, потпретседател на СДСМ.

Ивановски вели дека ќе инсистираат „на разумна процедура“. „Тоа што претседателот на Собранието го чита Деловникот онака како што сака е само еден вид политичко насилство“, изјави тој, додавајќи дека за опозицијата е најважно да ги расчисти системските проблеми во Собранието за тоа „да не биде и натаму експозитура на Владата“.

Но, и владејачката ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од ставот дека парламентот нема, како што велат, надлежност да расправа за овие закони. Додека СДСМ се повикува на недореченостите во стариот Деловник и бара да се постапува во согласност со одредбите од новиот Деловник каде што е пропишана процедура во врска со вето од претседателот, ВМРО-ДПМНЕ не попушта.

Револтирана од односот на владиното мнозинство, Цветанка Иванова од СДСМ ја праша претседателката на Законодавно-правната комисија од ВМРО-ДПМНЕ, Благородна Дулиќ, која е целта на суспензивното вето од шефот на државата ако не се дебатира за неговите забелешки, односно не биде подобрен законскиот текст.

„Должни сме да се придржуваме кон процедурата. По непотпишувањето на указите, законите само се гласаат во парламентот, а отворањето расправа во собраниските тела е можно само за предлог-закони. При третото ’читање’ на законите не постои можност за расправа“, возврати Дулиќ.
















Статијата е прочитана 510 пати.

Испрати коментар

Од: SuicideMessiah
Датум: 21.08.2008 04:41:55
Samo onoj koj saka da proturka sporni zakoni bez rasprava saka da pritai neshto t.e. so izglasuvanje na zakoni bez rasprava gragjanite neznaat sto e izglasano ili shto sodrzhi toj zakon a koga ima veto od pretsedatelot samo retardirano parlamentarno mnozinstvo ke gi glasa po 3pat i bez raspravija i bez da doznae narodot shto se izglasuva a toa e grubo krshenje na ustavot i zakonite.Po izglasuvanje na ovie sporni zakoni G'uevski treba da go vidi narodot ne pred tuku VO sobranie ili kaj nego u kabinet a kako sho tera vaka ne e daleku od negovata bolna vistina.
Од: Gino
Датум: 21.08.2008 12:33:30
ako ,, gospodata'' od sdsm sakale da debatiraat zasto ne sedea na mesto kade sto narodot nas napaten i gi placa

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
СДСМ се мисли дали да предложи потпретседател на Собранието
До кога ќе избираме кумови за судии, прашува опозицијата
Владата бара намалување на работното време поради жештините
Субвенции од два денара за килограм грозје