Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора страница

5 прашања 5 одговори

Предвремени избори се ризична игра за СДСМ

Илинка Митрева, поранешна шефица на дипломатијата

Соња Крамарска

Бевте ли на протестот на СДСМ и коалициските партнери? Какви се вашите импресии?

Би ја поедноставиле природата на настанот ако го дефинираме само како протест на СДСМ и на коалициските партнери. Тој беше многу повеќе од тоа. Наместо вообичаената парада на функционери и симпатизери на СДСМ, видовме масовно артикулиран револт на граѓани, на луѓе што се одважија јавно да го покажат и да го искажат својот став за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа е најважната порака од овој народен чин! Воедно, се елиминираа сите шпекулации околу мотивите за неговото оддржување. Природно е што СДСМ го предводеше тој марш, како единствена партија што во овој момент може организирано да му се спротивстави на Груевски.



Што мислите за идејата на СДСМ за предвремени избори? Што ќе добие, а што ќе изгуби СДСМ ако се одржат предвремени избори?

Предвремените парламентарни избори во 2008 година беа јасен трик на ВМРО-ДПМНЕ да си обезбеди проширен мандат. Тие со сигурност знаеја дека ќе победат на изборите и дека наместо четири години, ќе добијат шест години простор за практикување на неограничена власт. И покажаа апсолутна смисла за апсолутистичко владеење. Мотивите на опозицијата се суштински различни: не може со сигурност да се тврди дека СДСМ ќе ги добие изборите. Во партиска смисла, тоа е дури и ризична игра. Но, тоа е помалку важно. Она што е извесно е дека предвремените парламентарни избори ќе му го стеснат маневарскиот простор на ВМРО-ДПМНЕ, ќе му ги „скратат крилцата“ за насилничко владеење. И тоа е најважно, зашто така добива државата. Верувам дека изборните математики веќе стануваат кошмар за владејачката партија.



Дали сте му уште лута на Црвенковски што не ве вклучи во првата партиска постава?

Бесмислено е во вакви преломни моменти да се расправа за поединечни политички судбини. Времето ќе даде суд за секого. И граѓаните. Оцените што допираат до мене за тоа како и' служев на мојата земја, на различни позиции, во изминативе дваесет години, ме исполнуваат со радост. Јас својот „марш“ против Груевски го започнав како пратеник во Собранието на Македонија, во 2006 година. Денес, како граѓанин, како универзитетски професор, како поранешен министер за надворешни работи, низ многубројните контакти што ги имам со релевантни играчи на меѓународната сцена, со присуството на меѓународни форуми, но и со моите книги и текстови, продолжувам да работам за интересите на Македонија.



Зошто СДСМ се дели во мигот кога ВМРО-ДПМНЕ се обединува?

Не знам што точно мислите кога велите дека СДСМ се дели. Ако под делба или поделба ги подразбирате кадровските решенија во СДСМ, тогаш прашањето не е за мене. Не знам, исто така, каде го гледате обединувањето на ВМРО-ДПМНЕ. Ако под обединување ја подразбирате трката за личен интерес и профит на поединци, тогаш тоа е „обединување“ на стаклени нозе.



Што мислите за последните потези во надворешната политика - средбата со Мугабе, нападите врз Фуере, Сирија итн.?

Сеедно е дали ќе ги коментираме првите или последните потези во надворешната политика на оваа Влада - на крајот ја добиваме истата трагична слика. Македонија ја изгуби позицијата на почитуван партнер во меѓународните односи, позиција што грижливо ја градевме до 2006 година. Македонија денес е далеку од остварување на стратегиските цели што ни беа на дофат. Груевски успеа да ја претвори во стварност метафората за сопствената земја, што во една пригода јавно ја искажа:

„Македонија е глушец притиснат в ќош“. Но, едно треба да им се признае - неприкосновени се во вештината од пријатели на Македонија да направат непријатели. Таа вештина успеаја да ја воздигнат на ниво на наука. Ќе биде многу тешко, но не и невозможно, Македонија, по ВМРО-ДПМНЕ, да стигне таму каде што веќе беше до 2006 година.


#
Статијата е прочитана 7193 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 07.12.2010 12:08:29
Se najdobro sto moze da se kaze za edna licnost kako sto e Mitreva. Makedonija svojte najvisoki dostreli gi postigna vo vremeto koga Mitreva bese Minisyter za nadvoresni raboti. Vo toj period ne priznavaa pod Ustavno ime, a i stavot na cel svet bese deka Grcija ima neracionalni baranja. Kilaviot Antonio so drugarcinjata uspeaa da go unistat se ona sto pred niv intelektualci i profesionalci go napravija za Makedonija. G-gja Mitreva potrebni ste i na Makedonija.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.12.2010 12:09:54
Дали да веруваме или не за искажаната бојазност од предвремени избори оставам тоа да го искоментираат Феличита,ајван др.шаховски чирак,јас,Стојко и др.А можеби ќе и прилепат и етикета на ексминистерката кој ќе му ја знае.Инаку од текстот негледам да се има паднато во афектен дерт од маршот.А и прашањето за делби е интересантно,зарем не.
Од: caki
Датум: 07.12.2010 12:48:11
Jas sum simpatizer na Gruevski,no velam napred g-gjo Mitreva vie ste,po mene edinstven politichar shto moze BC da go smeni,bid.dobra opoz.e dobro zaRM.No ne rek.nisto za crvenite linii....
Од: Pirin
Датум: 07.12.2010 12:55:27
sve dodeka crvenkovski je na celo na SDSM, SDSM nema sansi da dobie izbori, vo SDSM treba temelno reformi vo vodeckiot kadar da se promenat , bez toa nisto , narodot e gneven , a oovie sto izlegoa na ulica veruvam se protiv grueski ali sepak i se protiv crvenkovski.
Од: tihi
Датум: 07.12.2010 13:03:27
A Kameron od Sirija li bese???
Од: Bravo profesorke
Датум: 07.12.2010 13:05:45
Se sto mozam da kazam e edno golemo bravo. A sto se odnesuva do nekoi komentari ne treba da se trosat zborovi. Ili ne go procitale intervjuto ili ne go sfatile. Vsusnot eden od niv komentira na sekoj nastan so potpolno isti tezi. Inaku bi sakal da go vidam negoviot komentar za evolucijata na Stavrevski koj minatata godina ne ubeduvase deka imidzot na zemjata se namaluva ako zemame pari od MMf, a vcera rece deka so aranzmanot so MMF ke go zgolemime imidzot na zemjata. I za nekoi koi imaat problem so percepcijata na vistinata toa e sosema OK.
Од: Trpce
Датум: 07.12.2010 13:19:48
prvo Penzionero da se penzionira vo celost, posle predvremeni izbori... za dobro na site...
Од: gore
Датум: 07.12.2010 13:33:13
Koga bi se slucile predvremeni izbori, i ako pak dobie ekstremnata denicarksa partija, toga ke imame siguren dokaz deka vo mk populacija ima defekten gen za samounistuvanje. Posle takvata katazstrofa, 100% od mladite lugeke baraat nacin da ja napustat Mk. Abe nikoj ne e dorasnat za takvata izborna matematika...
Од: Феличита
Датум: 07.12.2010 13:45:55
Многу реални одговори од личност што обезбеди признавање од 127 земји под уставното име,што за портокалчињата е само сон.Гледањето на Сител со Латас остава последици и на позрели личности од нашиот Среле.Па така го спопаѓа „бојазан“ и „афектен дерт“.Учи нови зборови,претежно српски,кои рака на срце,баш не ги разбира.Тоа не е важно,тој и други работи тешко разбира.Дружењето со „нешпион со тапија“ веќе го дава ликот на ВМРО-Комунистичка!
Од: nekoj
Датум: 07.12.2010 14:26:52
ajde, ajde ne ja velicajte Ilinka, kako da ne znaeme koj bese i sto bese. Preku glava mi e od isti faci! nemate li nekoi novi ?! Aman.
Од: lopuza
Датум: 07.12.2010 14:43:33
Bez B.C; Frle; Makraduli; Sema; Sekerinska- koga ovie ke se mavnat od rakovodstvoto na SDSM i koga ke slusnam deka Stevce od Karpos ne se veke vo politika e togas mozam da kazam deka ke glasam za niv. Se dodeka ovie taralajki se vo politika nema teorija da se glasa za SDSM
Од: Micko od Kanada
Датум: 07.12.2010 15:14:29
I da ima predvremeni izbori vo Makedonija Gruevski ke dobie mnogu poveke pratenici vo parlamentot ne go li sega sto gi ima. ne go prodade znameto ne go smena imeto, narodot vo Makedonija i diasporata nema nikogas da zaboravat deka imeto na Makedonija e smenato vo PJRM znameto e smenato vo vremeto na vladeenjeto na SDSM. I pokraj site blokadi od Grcija za ovie nekolku godini Makedonija dosta postignala. Sekoj eden koj ja posetil Makedonija vo poslednite dve godini moze da napravi golema razlika kako Makedonija izgledase koga bese na vlast Crvenkovski i negovata SDSM a kako izgleda sega. Pogledajte gi anketite ke videte koj ke dobie ako sega ima izbori. A zosto tolku pari da se trosat?. Opozicijata treba da pomaga za dobroto na Makedonija, a ne da saka da dojdi na vlast, a da ne kaze sto taa ke napravi . Ke go smeni li imieto pak na poloso? Ke ni go smeni ili identitetot, jazikot i sl. Pozdrav od Toronto Kanda do site sto ja sakaat Makedonija
Од: Branislav
Датум: 07.12.2010 15:15:54
Bravo Ilinka. Branko od Strumica !
Од: karokan "gambit"
Датум: 07.12.2010 15:23:34
Osven sto se isti vo razmisluvanjeto (od kutura kazanoto),mi se cini deka g-dinot Felix i po druga osnova e slicen ili blizok do negoviot mediumski avangardist.Na toa donekade me upati i Felicita,no i samiot go zabelezav "INTERESANTNO".Felicita veli "uci srpski",jas bi rekol uci "latasovski" jazik (nekoj iskriven skopskocrnogorski dijalekt". Ne mi e najjasno sto nie nabroenite od Felix treba da iskomentirame " za bojaznosta od predvremeni izbori".Eve,potpolno se soglasuvame ,potocno se soglasuvam,so profesorkata.Drugo i povece treba li ili e dovolno !!!!!!! Vo edno sum siguren,ako nejziniot tatko bese ziv i slusnese kako Ministerot za nadvoresni raboti go brani jazikot,a so samoto toa i identitetot,veruvaj deka ce posakase da ne e ziv !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Трпе
Датум: 07.12.2010 15:44:55
Честитки за коментарот на госпогата Митрева како добар и успешен политичар.Но честитки за Црвенковски како храбар и способен лидер на партијата.Нормално е да постои и страв кај опозицијата за предвремени па и нормални парламентарни избори.Како ке може Македонија да се застане на здрави нозе по осакатувањето од страна на ова власт .Без разлика на кое поле ,дали економија,надворешна политика,здравство образование,неправда итнт.СДСМ во првиот мандат градеше држава.Обвинувањата за уништување на стопанството не се точни,тоа го направија 1998-2002 год дпмне-овците продавајки ги фирмите пошто зашто на било кој и ги оставија работниците на улица.После 2008 година мораше се да се поправа што претходните уништија.Сега да дојдат на власт незнам каква способност треба да имат како феникс да ја поправат државата на некое ниво од пред пет шест години.
Од: јас (Прилеп) <-- jас
Датум: 07.12.2010 16:09:31
Жити бога Среќко ,престани да учиш и кажуваш зборови на кои и самиот не им го знаеш значењето...Колку што се „просветлени “ твоите ( препишани конетари) , толку и ти со новиве збориви стануваш се’ поконфузен...
Од: алек
Датум: 07.12.2010 16:34:36
Тоа што бараат избори фсушност јас би го превел како барање да ги испрати Груевски во историјата засекогаш.И тоа ќе се случи но нека почекаат едно две години па ќе добијаат избори,е тогаш ќе ги видиме кај ќе се пикаат!!!
Од: aleksandar
Датум: 07.12.2010 16:36:58
sdsm gubi garant ako ima predvremeni izbori,nema sto da ponudat,se im e izlitena fraza
Од: Stojko
Датум: 07.12.2010 17:33:50
@Feliks> Ako dosega i ne bev siguren dali sum na pravi pat, sega, otkako me spomna, siguren sum vo toa.
Од: Johnny
Датум: 07.12.2010 18:49:19
Do portokalovite komentatori koi smetaat deka Grujo e zrel za smena samo Branko da ne bil.E pa Branko ke bide.Toj Vi e majstor.Koga togas,kako sto i samiot kaza.Ne e slucaen mediumskiot linc protiv Branko od strana na portokalite zatoa sto sup.. im se stega koga ke pomislat sto gi ceka koga ke se raskrinka laznata prerodba i patriotizam i koga ke se otkrie deka zad se stoi grabez i kriminal. Da ne bil Branko a?A koj da bide?Nekoj koj ke mozete da go veslate i koj ke vi se ulizuva vo kabinetite i ke se grebe i pazari za parce vlast.Ja unistil drzavata a?Dva pati ja spasuvase MKD od bezdnata vo koja ja napikavte na rabot od graganska vojna i raspad i so 0 pari vo budzetot
Од: Сергеј
Датум: 07.12.2010 20:16:38
Сосема точно, во овој момент предвремени избори се веројатно ризик за опозицијата, но многу поголем ризик е да се остави на мира двоецот ��руевски-Мијалков. Како се засилија овие двајца, со какви насилнички методи владеат, па престанаа да бидат свесни за последиците. Затоа е за поздравување секое, и помало и поголемо раздвижување и спротиставување на апсолутизмот на власта. Ако граѓаните и опозицијата ја наведнат главата (како што посакува Груевски) на крајот власта ќе посегне и по крв. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Do Trpe
Датум: 07.12.2010 21:42:49
Lele, koi fantomi bile 1998-2002 (a ne bese do togas, predvreme se vratija drugite na vlast), sve zivo rasprodale i ja unistile Makedonija.... Maheri, znaci... Ja pamtam nesto drugo, gi prodadoa od pogolemite samo Telekom i Okta, poveketo od rabotnicite bea dobro obesteteni. Imase drugi promasuvanja so toa (odliv na kapital vo stranstvo, ekoloska katastrofa), no se znae koj gi "proizvede" stecajcite i nevrabotenite, sto e ubedlivo najgolema katastrofa za Makedonija od koja uste ne moze da se oporavi. Nemoj so nevistini, te molam.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 07.12.2010 22:01:35
Среќко,еве признавам: на митингот имаше сал 20-тина души,помалку и од бројот кој го искажува во афект (ефект) твојот „пастиракис“!Останатиот број беше портокалова фатаморгана,која многу скоро ќе прерасне во портокалов кошмар!Најверојатно си бил меѓу оние што ѕиркаа преку прозорчињата и криејќи се трепкаа во чудо,не верувајќи дека ви дошол крајот!Меѓу оние илјадници со портокалови маици,кои му се приклучија на маршот,те немаше!Никогаш не е доцна,прашај го Латас - тој и неговиот газда се најискусни во политичкото камелеонство!Ќе го исправам „Феличита“,не се работи за ВМРО-Комунистичка,туку за МВРО-Сталинистичка!Во МВРО се токму оние кои ги испраќаа луѓето во Гулаг на Голи Оток!P.S. Се гледа дека уште не ја читаш Зоки Поки...најверојатно чекаш И. Димовски најпрвин да ти ја Опсервира!
Од: Persida
Датум: 08.12.2010 01:53:04
Abe kakva G-gja Mitreva i ostanatite site tie se isti od minatoto i od segasnosta....nema novi lica i ke gi nema vo bliska idnina zatoa sto 20 godini producirate kriminal i neorganiziranost, nisto drugo. E, zatoa mladite ke si odat oti starite se nauceni na lezenje a ne na rabota, se mr'zat megju sebe ke se zakolat, ne im e gajle ic za Makedonija,. Site se sekiraat za svojot dzep i svoite licni karieri....zatoa nema uspeh ni so Mitreva nitu so ni eden drug....so eden zbor toa ti e Balkan sto ocekuvate povekje...toa e, kriminal, korupcija, neprfesinalnost vo sekoj pogled veke dvaeset godini, a BC i NG se za na gjubriste da se frlat, i pak nema da ima air...
Од: Крал Марко пп
Датум: 08.12.2010 02:11:55
Убаво си кажа јасно му е на б.ц. дека пак ќе изгуби ова му е само начин да плука по владата
Од: Skopjanec
Датум: 08.12.2010 06:22:09
Lesno e da se komentira od Toronto, Kanada, Neka dojdat tie tuka da vidat kako se zivee. I jas so 5 000 dolari plata ke vregjam a lugjeto tuka nemaat leb da jadat. Narodot e bez rabota. Vaka nemoze poveke. Si ja sakam mojata zemja, ne sum pobegnal od tuka i sakam da imam srekna idnina vo nea!
Од: До„Феликс„
Датум: 08.12.2010 08:41:57
„бојазност„ мисли од мал мозок.
Од: trajce
Датум: 08.12.2010 08:45:15
до Мицко од Канада дечко собери си ги парталите и дојди да живееш во татковината за да видиш нешто, вака од Торонто е многу лесно да коментираш ...
Од: Diogen-London
Датум: 08.12.2010 09:24:22
Za G-gja Mitreva nema potreba da se objasnuva koja e i sto napravila.Za vreme na nejziniot mandat kako minister za nadvoresni raboti na R.M. Taa i Makedonija imaa najvisok mozen megjunaroden rejting.Predvremeni izbori,zosto da ne.Marsot za "sloboda" jas bi rekol pokaza edna mnogu bitna rabota sto vo Makedonija bedostasuvase..Obicnite gragjani "PROGLEDAA" i se osmelija da izlezat i javno da go pokazat svojot revolt i nezadovolstvo od vladeenjeto na edna kriminogena garnitura na marginalci i diletanti,samobendisani koi beskrupulozno unistuvaat i pljackaat se sto prethodnite generacii go gradea.SE SLUCI MAKEDONIJA i toa e dobro.Ocekuvam da ni se sluci "Narodot".E togas ke moze da kazeme deka zasluzuvame da sme rame uz rame so ostanatite vo EU i Svetot.Makedonecot mora da svati deka treba da zastane na noze,da se ispravi i da pocne da cekori gordo,so ispravena glava.Niedna vlast nemoze bez narod no onoj praviot,a ne isplaseni,ugneteni,osiromaseni,gladni i nezadovolni lugje.Srekno.
Од: sime
Датум: 08.12.2010 10:37:41
Steta sto sdsm deklasira sposobni kadri kako Mitreva,Poposki..vervam na greskite se uci.I postojnive se za respekt Makraduli ,Stankovic...Dali ke uspeat da dobijat izbori?jas mislam sega potesko,sekako promena na vlasta e korisna rabota za narodot.
Од: Miroslav
Датум: 08.12.2010 12:08:32
Sekoj narod,predstaven preku svojata; istorija tradicija ,kultura , te`nee da se prikluci kon op{tite civilizaciski pridobivki. Davajki go pravoto nekoj da go predstavuva ,odnosno zemajki go da vladee ne znaci deka vladee}i so toa gi {titi negovite interesi Kolku i da saka nekoj da e negira g-|a Mitreva pe~atot i zaslugite sto gi ostavila zad sebe te{ko da }e ubedat nekogo, tuku naprotiv sekoj nejzin pridones e dobrodojden i potreben.Edinstvenata alternative e deka treba da se prodolzi po kontinuitetot koj sto e vospostaven vo gradeweto na drzavnata politika koja sepak postoi I koja e prepoznatliva kaj sekogo a toa e ; Evropska idnina , NATO, Demokratija , Pazarno orientirana ekonomija,Slobodna li~nost.
Од: snajper
Датум: 08.12.2010 15:18:45
haha, drn-drn, ke go lazime narodot kako da izlezi, isi finti.. demek izlezete nie ke izgubime.. pa na taa finta ne vi uspeja da ne naterate da glasame ni za Ivanov, pa pravevte falsifikati.. a pa i normalno deka sega ni sdsm ni dpmne ne sakaat izbori koga nema nikoj da izlezi da glasa. sega scenarioto e kako da si ja predadat vlasta so nekakvi si drzavni udari.. tesko i toa da vi pomine
Од: blagica
Датум: 08.12.2010 22:19:55
I da ima predvremeni izbori povtorno ce dobie gruevski so vmro, zasto so vakvo rakovodstvo sds nikogas nema da dobie na izbori
Од: Kalimero
Датум: 08.12.2010 22:54:32
Najnapred bravo za Profesorkata, sepak pokaza golemina koja sega ja nema vo portokalcinjata. Vtoro sto bode vo oci e reakcijata na portokalovata bagra, koj prvo gi cekaat dopisite od Protuger, posto siroti oni nemat mozok da mislat. Portokalcinja zarem zabravite deka ste skoro 5 godini na vlast i seuste vi e nekoj drug kriv. Barate novi faci, pa vasiot minister za selski turizam e minister so najdolg staz vo Makedonija. Zarem ne se dosta lagite koj sekojdnevno gi sirete po narodot. Ej nauceni ve narodot i nisto ne vi veruva. P.S. Srekko trci baraj kompjuter da odgovores na site komentari, oti nema plata za ovoj mesec, a Nova godina ode
Од: cd
Датум: 09.12.2010 05:08:18
za skopjanec i za trajce !!!!!!! PA BUJRUM VO KANADA pa da vidite zosto nie vo toronto ja napustivme nasata zemja i kako se pravat 5 iljadi dolari i do kade odat tie 5 iljadi dolari ???????

Најди! во Утрински
Втора страница
Армани од нашиот сокак
Сирија како нов Тајван за Македонија?
Вербатим
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach