Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора страница

Поглед

Армани од нашиот сокак

Љупчо Поповски

Александар Ношпал можеше и друг пример да даде кога презадоволен го објаснуваше изворот за својата инспирација за новите униформи на македонските гардисти. Големиот Армани и неговата униформа за италијанските карабинери бил музата на нашиот креатор. Но, има речиси едногласен заклучок меѓу модните умови дека Хуго Бос во 1930-те го направил најдобриот дизајн на некоја воена униформа – онаа за СС-офицерите во нацистичка Германија. Ѕверствата што ги правеа луѓето под тие униформи се приказна за изопаченоста на умот, а не за брилијантната креација.

Нашиот министер Зоран Коњановски има големи шанси неговото шефување со одбраната да остане запаметено најмногу по промоциите на нови униформи. Нема две години кога модели парадираа во нови униформи слични на американските. Чекавме, чекавме и тие униформи не стигнаа. Тешко се наоѓало квалитетно платно. Просто да не веруваш – не може да се најде платно во светот за македонските капи. Какви стандарди сме имале ние, не може никој во светот да ни ги исполни.

Сега дојде време за нови униформи. Кога нема членство во НАТО, кога нема вложувања во нови оружја, кога нема станови за војниците, кога речиси и нема касарни, најважно е да има нови униформи. Ношпал треба да биде навреден ако не го викнат на модните писти во Милано и во Париз по оваа креација – па, кој светски креатор може да ја поврзе македонската фаланга од пред 2.300 години со шубарата на дедо Иљо Малешевски. Што треба да бидат гардистите – војници или манекени што носат чудни креации правени по налудничави желби.

Тоа е Македонија – во овој маѓепсан круг на разни глупости униформите на гардистите треба да бидат една од поголемите глупости.


#
Статијата е прочитана 2234 пати.

Испрати коментар

Од: ilija
Датум: 07.12.2010 12:12:57
Ova so uniformite e mozebi i vrvot na ludiloto... Abe kapite kakvi se?!
Од: види сега ај да пробаме неутрално
Датум: 07.12.2010 14:53:49
аман со споредбите ТАТ и други дрангулии, па затоа ги избравме другиве за да се спроведува нормална контрола да почнат да вредат стандарди на нормално живеење. Тоа се очекува од оваа власт,а секој коментар понатаму полошо ви беше со другине веќе не држи вода и ве носи само подалеку од власта на следни изботи

Најди! во Утрински
Втора страница
Сирија како нов Тајван за Македонија?
Вербатим
Предвремени избори се ризична игра за СДСМ
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach