Број 3085  понеделник, 14 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Повод

Министерка во несоодветно издание

По бродската несреќа во Охрид, владиниот кабинет, најверојатно, ќе остане да плива во ист состав. Премиерот Никола Груевски мудро молчи за понудената оставка на министерот за транспорт, Миле Јанакиески, а без бранувања ќе помине и Министерството за внатрешни работи. Опозициската СДСМ побара претседателот на Владата и двајцата министри - Јанакиески и Гордана Јанкулоска да демонстрираат одговорност и да си дадат неотповикливи оставки, меѓутоа такво нешто тешко дека ќе се случи.

Наместо повлекување од функцијата, министерката Јанкулоска ја искара најголемата опозициска партија „да не ја политизира загубата на 15 човечки животи“, но иако ги обвини за дилетантизам, манипулации и лаги, и самата, за волја на вистината, дента кога се случи трагедијата не се однесуваше на висината на министерката позиција. Прво, од причини што и' се познати само на неа, шефицата на полицијата им дозволи на медиумите да подместуваат и да снимаат делови од потонатиот брод, меѓу другото, и фамозната сајла која се спомнува како причинител на несреќата, што подоцна ги збесна експертите.

Но, Јанкулоска, која стана препознатлива по строгоста во облекувањето, секогаш со темен костум со пантолони, овој пат, наспроти тоа што во Охрид слета по несреќата, на местото на настанот беше како дојдена од училишна екскурзија. Изгледот и облеката на првата дама на полицијата одеднаш се наметна како придружна тема, зашто јавноста се најде загрижена од тоа каква порака му испративме на светот.

Поточно, на телевизиските снимки во кои Јанкуловска им дава изјави на бројни домашни и странски новинарски екипи, жената која поради функцијата ја тресе полицијата, светот ја виде во несоодветно, непримерно издание - со црвеникаво кошулче и пластична шнола во косата како дава отчет за несреќата. Затоа, не случајно се коментираше: „Зар вака... кога на Македонија и' се случува најголемата бродска несреќа“?! (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 2582 пати.

Испрати коментар

Од: читател
Датум: 09.09.2009 00:19:39
Навистина многу невкусен коментар. Памети ли некој, кој каква изјава даваше и кој како беше облечен, во едно друго време кога, во краток временски период, се случија две авионски несреќи со многу поголем број на жртви. Освен тогашниот министер за транспорт и врски, после втората авионска несреќа, што си поднесе оставка, исто така од морални причини, другите членови на владата мува не ги лазеше. Зошто тогашната владеачка гарнитура заедно со тогашниот премиер и министерот за внатрешни работи не си поднесоја оставки. Страмота е една ваква трагедија, која како што велат стари можеби е и судбина, да се користи за дневно политичко опстојување.
Од: gargi
Датум: 09.09.2009 02:37:36
Ministrite vo edna vlada se ogledalo na drzavata koja ja pretstavuvaat.Zatoa sekogas treba da bidat izbriceni,zaceslani,ispeglani,sredeni.Del od nasiot ministerski sostav ne obrnuva mnogu vnimanie na ovie pravila pa zatoa vo javnosta se pojavuvaat vo mnogu nevkusni izdanija.Neretko i premierot go gledame razgasten so izvadena kosula do kolena nadvor od panatalonite kako se seta niz kabinetot ili po nekoja ulica niz MKD.Da ne mu ja snimaat celata figura covek sesto bi pomilsil.A za izdanieto na prviot cajkan vo drzavava,sto da se kaze.Saka da prezentira lazna skromnost so toa kosulceto koe kako da go pozajmila od crven krst.Ili ste go videle li Milososki nekogas nasmean.A minister za nadvoresni raboti e.So taa odbivna naci ledena faca ne pretstavuva niz svetot.Slicno izgleda i Stavrevski,iako ima mnogu pricini da bide nasmean so ogled na prekrasnata sostojba vo koja se naogaat makedonskite finansii i ekonomija.Janakieski postojano e skisnat kako po cel den kiselini vo zeludec da go maca
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 09.09.2009 06:30:54
Do site sto komentiraat protiv ovaa vlada za ovaa rabota ,jas mozam da go prokomentiran slednoto deka se uste rano e da se krivi vladata i nekoj delovo od resurnite ministri na vladata na RM,najprvo treba da se pocne od lokalnata vlasta na Ohrid ,bidejki tie najpovolno ja znaat sustinata na ovoj brod ,kako i ispituvanje na geografskata polozba na Ohidskoto ezero vo celost -mislam se razbirame.POZZ ORCE MAKEDONSKI.
Од: mene
Датум: 09.09.2009 07:38:09
Do orce makedonski: Jas mislam deka odgovornosta treba da se bara uste pokonkretno- od cistacite na pristanisteto oti tie se najbliski do brodot i znaat kakov e. POZZZZZ
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.09.2009 07:49:01
Гледам нема потпишан автор со полно име и презиме туку иницијали,дали се има страв од оправданата реакција на јавноста не знам.Кога по ваше новинарско видување сте дозирани со информации од владата на ,,лажиче,, се слуша плач до небо демек нешто се крие.Кога ви даваат целосна слобода на пристап на местото на несреќата пак сте незадоволни,нааканоста нема граници.Коментирање на гардеробата на министерката е крајно дегутантна,можеби сте очекувале длабока црнина и скубење коси.Дајте некој бистер коментар за владата а ги има толку многу работи за коментирање.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.09.2009 08:32:38
Дефинитивно „куклето“ со дискретни мустаќи е без вкус за облекувањето. Од машко сако и панталони, до црвеникаво кошулче со карнерчиња и пластична шнолка... Но, се Сеќавам и на првите настапи во Збирштината на РМ... Цела партија беше облечена мафијашки, во црни излитени одела со вертикални сиви линии. Им фалеа само црно-бели чевли. Невкусот и изразитата некултура на нивните членови се гледа и во секојдневните настапи (посебно во однесувањето) пред медиумите, почнувајќи од Шерифот McCloud, па до нивните најситни (но моќни) војничиња, распослани во администрацијата и јавниот сектор. Секако, особена потврда за нивниот примитивизам се и Нивните коментари на вебот на Утрински!
Од: Оли Јулчовски
Датум: 09.09.2009 10:08:53
Зарем очекувате да се прифати оставката на Милето?Жално е што и овој трагичен настан ќе биде искористен од страна на фамилијарната Влада за Популизам.
Од: Jas
Датум: 09.09.2009 10:21:47
DO ORCE MAKEDONSKI Vidi vaka g-dine Orce, zadolzeno za brodovite vo Ohrid e Ministerstvoto za transpost i vrski ( neli pa ministerot Janakievski zaradi toa od moralni pricini si dade ostavka- se nadevame site deka Gruevski ke ja prifati, samo sto fajde sigurno ke stavi uste pogolem debil na negovo mesto). Taka da ne mesaj lokalni samoupravi, geografii, reljefi.
Од: jas
Датум: 09.09.2009 10:27:04
Го памети ли некој Карпалак ???? Министерот за одбрана не си даде оставка а како награда за добро сработената работа подоцна стана премиер кој ја уништи Струга и за малку ќе беше линчуван. Затоа немојте ве молам да трескате вакви глупости врз пресните гробови на невините луѓе. Немојте да мислите дека народот заборава. Сето тоа ќе ви се врати стократно а ако не вам, тогаш на вашите деца.
Од: јас
Датум: 09.09.2009 10:29:49
А што друго да се очекува од ваква „детска“ Влада, на чело со пастирот???Се знае брате какво однесување и каква облека се носи во званични ситуации ( во кое спаѓа и давањето интервју на новинар) секако не по облека за по дома и со пластична шнола во косата...Прво премиерот треба да даде пример со своето однесување , па потоа и др.министри.За сите нив нема слободно време и спортско облекување, тие се 24 часа официјални претставници на оваа држава и како такви треба да ја претставуваат достојно..А за тоа дали охридскиот градоначалник требаше да дава изјави „на сите страни “ , не се согласувам со другите коментатори..Неговите ингеренции не се во Капетанијата ( мин. за транспорт и врски ) , а настрана од тоа што бе��е „ истуркан “ од оваа влада , дури и во вакви моменти..
Од: koki
Датум: 09.09.2009 11:43:10
Господи, прости и сепак е дете......
Од: pero
Датум: 09.09.2009 13:07:30
kakva geogravska pozicija na ezeroto kje ispituvas bre Orce. Se citas li sto pisuvas? I sto baras od lokalnata vlast? Kapetanijata e pod nadleznost na ministerstvo za transport i vrski, ezerskata policija e pod MVR. Krajno vreme e i dvete institucii da pocnat nesto realno i opiplivo da rabotat...

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Иван Бојаџиски
Македонски состојби
Манчо Митевски
Мислења
Илија Димовски

„Златен лав“ за израелскиот антивоен филм „Либан“