Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Забава

Кралска венчавка

Се омажи внуката на британската кралица

Зара Филипс, најстарата внука на британската кралица, се омажи за рагби-ѕвездата Мајк Тиндал на церемонија во главниот град на Шкотска, Единбург. Само три месеци по свадбата на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт, британското кралско семејство викендов одново се собра на уште една кралска венчавка.

Меѓу гостите на церемонијата во катедралата „Кенонгејт Кирк“ беа кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс и Камила Паркер, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, принцот Хари, принцезите Евгенија и Беатрис... Невестата носеше венчаница во боја на слонова коска, која за неа специјално ја дизајнираше креаторот Стјуарт Парвин, познат шкотски дизајнер. При влезот во црквата таа имаше и долг превез под кој се наѕираше дијамантска тијара што ја доби како подарок од својата мајка Ана.

На втората кралска венчавка оваа година беа присутни и гајдаџии со традиционална шкотска музика, а пред црквата имаше стотици граѓани со англиски знамиња. Среќните младенци се бакнаа на излезот од црквата, додека масата ги поздрави со аплауз.

Триесетгодишната Зара Филипс е ќерка на принцезата Ана и нејзиниот прв сопруг Марк Филипс. Таа и Мајкл ја објавија својата свршувачка кон крајот на минатата година, а во врска се веќе неколку години.


#
Статијата е прочитана 2167 пати.

Испрати коментар

Од: Стојан
Датум: 01.08.2011 09:36:17
Колу ми е драго си немате појма. Денес ќе имам богат ручек, се разбира, во моја чест. Силна вест за почит.
Од: marija
Датум: 01.08.2011 22:20:34
E, ako de Stojan! I ova e vest,a ti biraj dali ke citas ili ne od naslovot!

Најди! во Утрински
Забава
Прогресивна музичка култивација
Премногу убавини на едно место

"""