Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп



ОВЕН

Размислувате за љубовта, свесни сте за недостатоците на партнерот. Бидејќи грешите кога е љубовта во прашање, почекајте да мине време и страстите да се стишат. Во меѓувреме концентрирајте се на работата. Пред вас е убав и креативен викенд.



БИК

Осцилациите во расположението стануваат се почести. Не сте свесни за моменталната состојба, па запаѓате во депресија. Немате причина така да се чувствувате, зашто тоа за кое мечтаете кога- тогаш ќе се оствари. Преостри сте кон околината и партнерот. Смирете се малку.



БЛИЗНАЦИ

Ќе постигнете успех, но со нечија поддршка и помош. Конструктивните критики се на место и ги условуваат наредните случувања. Соработниците сфаќаат дека сте во право, па решаваат да попуштат. Емотивно сте незадоволни, а за тоа е виновен партнерот.



РАК

Особината на добар психолог ви оди во прилог. Од неа имате поголема корист отколку што можете да претпоставите. Никому нема да му успее да ве насамари. Ја држите деловната ситуација под цврста контрола. Соработката со еден Лав ќе се покаже како одлична.



ЛАВ

Деловен успех, емотивна нестабилност. Да се радувате или нервирате? Радувајте се зашто љубовните несогласувања имаат минлив карактер, а смирувањето може да ја зацврсти врската. На емотивен план се појавуваат разни ограничувања предизвикани од вашите неконтролирани постапки.



ДЕВИЦА

Плановите се остваруваат, па можете да бидете задоволни. Бидејќи повеќемината од вас имаат немирна природа, можно е да се јави мала тензија. Не брзајте со а��тивностите и чувајте си ги работите, а посебно портмонето. Емотивно сте задоволни.



ТЕРЕЗИЈА

Зборувате само за љубовта. Преплавени сте со чувства, не само машки-женски, туку и оние што се врзани со драгите луѓе, децата и пријателите. Бидејќи никој не се меша во вашата работа, добро се чувствувате. Уживате во сите сфери на животот онака како што умеете само вие.



СКОРПИЈА

Се наоѓате во нова, досега непозната ситуација за вас. Чувствувате огромна празнина во душата, во срцето, како да лебдите, а сепак, стоите заковани в место. Што се случува со вас? Каде се изгубивте? Во главата ви се вртат разни приказни, мисли, товарот ве убива.



СТРЕЛЕЦ

Мора да го поправите расположението. Тешко е да се менувате, но вие сте затворени, срамежливи и незадоволни без причина. Успехот и парите се околу вас, а вие треба само да ги соберете. Новата љубов ќе ви го разубави денот.



ЈАРЕЦ

Дали сте размислувале за тоа дека премногу зборувате? И дека честопати умеете да се истрчате, па подоцна да се каете? Се наоѓате во многу чувствителна ситуација. Емоциите ви се измешани и зовриени како последица на еден неодамнешен конфликт со близок пријател.



ВОДОЛИЈА

Идеален период да размислите за новите работи. Бидејќи на емотивен план стигнавте до посакуваната цел, можете да мечтаете за нов квалитет на врската. Изгледате фасцинантно на околината. Понекогаш умеете да ја искористите предноста и ефикасно да дојдете до целта.



РИБИ

Одличен деловен период проследен со финансиски успех. Ќе се исплатат сите ваши нервози и смели вложувања. Можни се здравствени проблеми и лоша крвна слика. Зајакнете го имунитетот со исхрана богата со витамини. Еден Овен ќе се обиде да ве исфрли од колосек.






#
Најди! во Утрински

"""