Број 3043  четврток, 23 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Позитивната листа проширена со 17 лека

Јасмина Јовановска

На товар на државата болните ќе можат да се лекуваат со нови дваесетина препарати. Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, и покрај скандалот со провизиите, на последната седница дал амин за проширување на листата на лекови на товар на државата за уште дваесетина нови препарати. Проширената позитивна листа денеска ќе му биде предадена на министерот за здравство, Бујар Османи, и доколку ја потпише, пациентите ќе може да ги подигнуваат лековите во аптеките од 1 септември.

Позитивната листа, по повеќе од две години, проширена е за 17 нови генерички препарати, а пет препарати од болничката листа се симнати на аптекарската. Ова значи дека болните од остеопороза, конечно, ќе може да ги добијат новите бифосфонатни лекови на рецепт во аптека, а не како досега, кога овие лекови им беа достапни само на хартија. Бифосфонатите на пациентите им следуваат исклучиво во болница, но терапијата обично не ја добиваа зашто болниците не ги нарачуваат лековите, бидејќи немаат доволно пари во своите буџети. Исто е и со новите препарати за епилепсија кои пациентите ќе може да ги подигнат во аптека, а не во болница. Меѓу новите препарати се и најновите видови цитостатици за дебело црево, црн дроб, како и имуносупресивните лекови за трансплантација на црн дроб. Единствено согласност Управниот одбор на Фондот не дал за неколку скапи лекови и антибиотици за респираторни заболувања.

„Согласност не добија само оние нови лекови кои, според бројот на пациентите и цената на лекот, не му се исплати на Фондот да ги стави на позитивната листа“, ни изјави вториот директор на Фондот за здравствено осигурување, Јанез Јелникар.

Управниот одбор на ФЗО експресно и под притисок на јавноста ја усвои новата позитивна листа откако беше обелоденето дека за нејзиното проширување со нови лекови се вртат големи провизии во М��нистерството за здравство. Во Фондот тврдеа дека листата е повлечена заради дополнителни финансиски анализи, иако, според познавачите, тоа беше само параван дека поради провизиите листата стасала на проверка дури во Владата, односно во Министерството за финансии.


Статијата е прочитана 614 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Од денес почнуваат тропски горештини до 41 степен
Ликот на Богородица на исечено дрво во Чашка
Безимени гробови за социјални случаи во Битола