КЕЈТ МОС
Во блажена состојба?
Во светот на модата се' почести се гласиштата дека манекенката Кејт Мос наскоро би можела да стане мајка по втор пат. Ваквата информација ја откриле нејзините пријатели, кои најавиле дека во пресрет на празниците, Мос побарала од своето семејство и од најблиските да се соберат на вечера, со цел да им биде соопштена една радосна вест.
Се' посигурни се приказните дека Мос е во блажена состојба откако се појавила на доделувањето на наградите на списанието „Вог“ во широк фустан, иако важи за жена која го обожува стилот припиено за телото.
Притоа, на тоа се додава и фактот дека не присуствувала на неколку забави, а таму каде што била присутна се однесувала смирено и невообичаено.
Кога сето ова ќе се собере, голема е веројатноста дека нејзината ќерка Лили Грејс наскоро би требала да добие брат или сестра.
Инаку, Кејт на неколку наврати ја потенцирала желбата дека би сакала да стане мајка, па дури приказните велат дека токму темата околу детето била причина за кратката разделба со нејзиното актуелно момче Џејми Хинс. Хинс не бил воодушевен од желбата да стане татко, но Кејт, најверојатно, успеала да го премисли. |