Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Мислења

Мислења

Кои се круцијалните прашања на МАНУ

Назми Малиќи

Македонската академија на науките и уметностите и оваа година ги избра новите редовни и почесни членови, без ниту еден Албанец

Македонската академија на науките и уметностите има посебна улога во верификацијата, афирмацијата и поттикот на научниот и општествениот развој на општеството. Затоа, имајќи ја предвид големата државна и научна улога која би требало да ја има МАНУ, во последно време оправдано се отвораат дилемите: кои се членовите на МАНУ, како се избираат новите редовни членови, со какви проекти влегуваат во конкуренција за прием, дали има статутарни реформи во делот на изборната политика, дали може да се избере кандидат на изборното собрание ако не е во фамилијарни врски со ложата.

Ако во овој контекст ја анализираме Академијата во делот на мултиетничноста, тогаш се доаѓа до заклучок дека е многу тешко, ако не и невозможно, кандидатите-Албанци, со своите научни и уметнички дела на албански јазик да бидат избрани за нејзини членови. Зашто, гледано реално, докажаните албански научници и уметници треба да бидат редовни членови во Академијата согласно со својот придонес во разните области на науката и уметноста. МАНУ, со постојниот облик, не ги привлекува албанските творци и поради тоа членувањето во неа не претставува сатисфакција за нив.



Македонска академија на науките и уметностите и оваа година ги избра новите редовни и почесни членови, без ниту еден Албанец. Поради тоа, би рекол дека оваа институција не треба да се лаже себеси дека со изборот на господата Луан Старова и Алајдин Абази за академици, секоја чест за нив, не направела голема работа, ако и понатаму остануваат затворени вратите за други кандидати.

Се сеќавам кога во 2003 година Форумот на Унијата на албанската интелигенција предлагаше реформирање на Академијата со цел таа да стане отворена институција, каде што ќе се верифицираат и афирмираат највисоките творечки вредности на мултиетничка Република Македонија. Во ова насока и македонските интелектуалци во последно време се загрижени за застарената и демоде изборна постапка што функционира во МАНУ. Впрочем, поради одредени неразбирливи изборни постапки, македонските научници и уметници бараат да се реформира изборната постапка во МАНУ. Исто така, бараат Академијата да започне проекти со чија помош би имала поголемо влијание во развојот на општеството, на државата и на науката. Се разбира, научните и уметничките творци, без разлика на националната и верската припадност, сакаат да го дадат својот придонеси и во оваа многу релевантна институција, а нивното присуство и придонес да соодветствуваат со научните, уметничките и другите вредности што ги имаат.



Во овој контекст, ќе го отварам прашањето - каков е научниот став на МАНУ за социјалната состојба на граѓаните на Република Македонија? Прашањето го поставувам бидејќи состојбата во оваа сфера е многу чувствителна. Фактот дека голем број граѓани и натаму остануваат надвор од државната грижа создава многу сомнежи и скептицизам кај нив. Овие граѓани денеска, утре или во блиска иднина, можно е својот револт да го изразат со негативно однесување и негативен став спрема општеството. Нивниот револт ќе го искажат и кон умот кој е собран во МАНУ и ќе го постават истото прашање - која беше улогата на академиците во оваа институција во градењето визии за одредена благосостојба и подобар живот, која би требало да ја имаат граѓаните. Се разбира, може да следуваат и низа други прашањата: дали политика се реализира со прифатливи закони; колку се почитуваат правата и слободите на граѓаните; какво е влијанието на МАНУ за економски развој, за евроатлантските процеси итн.

Вацлав Хавел, кога зборуваше за улога на интелектуалците, за умот на една земја, меѓу другото, потенцираше: „Интелектуалците имаат право да мислат за иднината, да замислуваат како би можело да биде. Но, нивната задача, нивниот главен приоритет, според мене, е да ја разбираат сегашноста, да ги разбираат нејзините кризи и да им дадат име. Токму така се раѓа вистинска свест за перспективите“.

(Авторот е универзитетски професор)



 


#
Статијата е прочитана 924 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 03.09.2009 00:36:30
Se teche se se menuva, samo MANU ne se pomrdnuva. Pred se istoriskata predstava stvorena vo Titova Jugoslavija ne e povekje izdrzhliva, no koj e toj od starata elita, shto kje priznae, deka celo vreme rabotel za da gi dobie simpatiite na politichkiot vrv, po shto sledvashe vili i komforen zhivot.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 03.09.2009 11:14:10
Желбата да стане и тој член, авторот треба само да ја упати до МАНУ! Очекувам наскоро и некој од врвните автори на Кичфигурините да се пријави! Онака... Да му прави друштво на Томета!
Од: Чадиковски Венцислав
Датум: 03.09.2009 12:47:55
baranje vlakno vo jajceto tocno rekol Vaclav Havel i gospodinot da go pogleda deluvanjeto na albancite vo ovaa sredina - intelektuaci i go krsti so pravi zborovi.....
Од: НВ
Датум: 03.09.2009 13:17:21
МАНУ = САНУ и ајван доктор = ХАЈВАН ДОКТОР
Од: M-r.Ramadani
Датум: 03.09.2009 13:25:24
Pocituvan profesore MANU e antialbanska i probugarska i del prosrbska organizacija i logicno e da nema tamu albanci tuku da primaat luge sto na nas ni licat na albanski samo zasto zborat albanski,potsetete se na slucuvanjata od 2001 gd koga ja podrzaa idejata na probugarski orientiraniot premier Lubco Georgievski za podelba na Makedonija.Mislama deka ce se slozite za institutot za duhovno nasledsvto na albancite trebase da dobie na znacenje i tamu albanskite profesori i naucnici da go dadat svojot pridones za albanskata populacija vo RM,no za zal na VMRO i smeta takv nesto i sega nema nisto od taa albanska institucija.Daleku sme nie od ramnopraven zivot so makedoncite,poglednete gi konkursite po drzavni institucii dali za vrabutuvanja dali za drugi celi ,ili ima eden ili nema nitu eden albanec....potrebna e Albanska akademija na naukite i umetnostite vo RM koja ce bide nameneta za albancite

Најди! во Утрински
Мислења
Синдромот на белата кокошка