Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Втора страница

Поглед

Изборни бањи

Маја Томиќ

Десет илјади пензионери или четири отсто од нивниот вкупен број, од февруари идната година ќе можат да се лекуваат во некоја од домашните бањи на државен трошок. Владата за таа цел од буџетот ќе издвои 1,5 милиони евра. Во пакетот други услуги на власта, кои не биле од политички мотиви, како што вели таа, туку за „доброто на народот“, е и оваа. И овојпат, како во сите досегашни предизборни владини „добра за граѓаните“, заедно со буџетарите, секако, ставени се и пензионерите. Не случајно. Станува збор за солидна гласачка машина од околу 270.000 пензионери, бројка што не е за потценување. Важно е навреме да се стават работите во колосек и кога ќе дојде вистинскиот момент, да се употребат за поставената цел.

Како и да е, и што и да стои во заднина, пензионерите се израдуваа на овој владин подарок. Дали и навистина во бањите ќе се лекуваат по десет дена за без пари оние на кои тоа им е потребно, ќе се види. Од Здружението на пензионерите рекоа дека тие ќе воделе контрола услугата да дојде во вистински раце!? А, всушност, владина комисија од двата фонда и од Министерството за труд и социјала ќе ја носи главната одлука за тоа кој може, а кој не може да оди во бања? Допрва ќе се види дали ќе излезе се' онака како што ветува Владата и дали привилегијата да одат на бања ќе ја имаат пензионерите со мали пензии до 6.000 денари, кои се и најмногу, дури 33 отсто од вкупниот број.

Додека се' уште трае неизвесноста, дали набргу ќе има навалица од пензионери кои ќе аплицираат за во бања, добро би било Владата да побрза со подготовките на бањските центри за примање на пензионерите - пациенти. Бидејќи, од вкупно седум бањи, Фондот за здравство засега има склучено договори само со четири, а останатите се запуштени и не работат. За да го исполни ветеното, Владата ќе мора да фрли уште некој денар и да ги стави во функција.


#
Статијата е прочитана 1291 пати.

Испрати коментар

Од: Од Верник
Датум: 02.12.2009 00:23:45
Тоа е една од јадиците што владата систематски плански им ги фрла на граѓаните во оваа земја. Кугтриот народ ,за жал без размислување што сака власта за возврат да добие, ги загризува ти мамци.Се прашувам,зошто само 10.000 пенз.да бидат привилеговани со државни пари да го користат бањскиот туризам? И на крај тоа се наменети пари за партиски ветерани за кои ќе одлучувала владина комисија.Ако е тоа заради лечење ,зар владата треба да формира паралелен фонд за здравство ? Затоа власта не контролирано се задолжува.Ама народ како народ тоа го смета за успешност на власта.
Од: korco
Датум: 02.12.2009 07:31:47
A mori maicke novinarke. Od avion se gleda deka si od kujnata na Bane precedniko. Ama so sakam da se vrati Bane na vlast i na penzionerite ovojpat ne 10% tuku20% da im gi skrati penziite. Da vidime togas tie prasanja dali ke zasluzuvaat odgovor
Од: ФЕЛИКС
Датум: 02.12.2009 07:46:26
Почна пребројувањето кој за кого ќе гласа,абе вие го барате со ,,боринче,, што би рекле пензионерите,кој добро се сеќаваа кога помодрените плавци со својата инвентивност и преголема грижа за нивното здравје ги оставиа без четири пензии.Ги натераа да тренираат како она српско шоу снимано некаде на пуст остров викано ,,опстанок,, само да имго очеличат здравјето.Верувам дека пензионерите со радост се сеќаваат на тие моменти,дури и на своите внуци им прераскажувале за авантурите на живот без пари.А внуците како гласачи ги помодреа оние од Бихаќка.
Од: navalete babicki i dedovci - Grujo gi ceka vasite glasovi!!!!
Датум: 02.12.2009 08:08:22
Epa na Gruevski kako mu trgna so penzionerive uste malku ke pocne i vo Hotel "Aleksandar Palas" da im uplaka po edna bezplatna nok na penzionerite pa na toj nacon ke mu se ostvari i onaa kampanja za treto dete a babickive i dedovcite ke si lapnat uste po edna penziicka poveke a Boga mi i stance pa taka SIGURNO i najmasovno site penzioneri ke si glasaat za Grujo. Eh, sto ti e zalba za pusta vlast i za nekoj glas poveke!!!
Од: b
Датум: 02.12.2009 09:40:27
Му предлагам на премиерот да овозможи бесплатен фризерај за жените, да се разубават македонките, а ке го развие фризерскиот занает и ке го зголеми прометот. За сите мажи на кои им е потребно, да овозможи бесплатна вијагра, мажите да се стрекни, а ке го зголеми и наталитетот!
Од: gv
Датум: 02.12.2009 09:46:24
So narodnite pari Grujo gi ispraca na banja.Na ovoj narod maklku mu e .
Од: Lukrativen populizam
Датум: 02.12.2009 10:34:55
Se raboti za cisto populisticka mera so lukrartivni celi, a bez nikakva zakonska i pravna osnova. Ako vece Vadata saka da gi upati penzionerite na besplatno banjslo lekuvanje , toa treba da odi preku zdravstveniot sistem so odredeni propisani medicinski uslovi i pravila. i za toa da resavaat sootvetni komisii po medicinski , a ne po partiski kriteriumi. Na ovaj nacin se nosi edns nezakonska i protiuztavna odluka, bidejci odredena grupa na penzioneri se stava vo privilegiran polozaj. Navistina na vakviuot polulizam moze da ni zavidi i Caves.
Од: Sale
Датум: 02.12.2009 10:35:38
Hm, banja za starite, a za mladite sto? Nema veze i onaka mladi ne ostanaa mnogu vo drzavata a bogami uste pomalku ke gi ima posle 19 dekemvri, Znae li vladata nasa deka na mladite svetot ostanuva?
Од: gledacka
Датум: 02.12.2009 10:59:01
Koe licemerie! Mozebi ke dobie 10.000 glasa od penzionerite ama ke izgubi dvojno povekje od tie sto gi isfrli od rabota od drzavnata administracija [poradi potegot "banjsko lekuvanje". Vprocem banjsko lekuvanje od 7 dena ne e nikakvo lekuvanje za koja bilo bolest...prasajte gi ekspertite ke vi kazat.
Од: Aleksandar
Датум: 02.12.2009 12:42:34
dajte nesto da si go dignete rejtingot,za tova sto rabotite i zemate leb.A za izbori ako se ide i taka samo katastrofa ke dozivee taka kazaniot sds.smeneteja politikata na samo kritikuvanje bez vrska
Од: Ника
Датум: 02.12.2009 14:51:40
Аман бре луѓе, кога не се прави ништо, не чини работата, власта е утка, кога пак се прави нешто, пак не чини, бидејќи тоа било правено за вакви или онакви цели! Доста е веќе. Нашиов народ дефинитивно со НИШТО не може да се задоволи, освен со тој проклет песимизам во кој секој втор граѓанин се дави. За нас секогаш сите се ѓаволи, сите нас нешто ни прават, се некој на нас ни е крив, а ние секогаш сме правите и обесправените. Е заради тоа стагнираме и не одиме напред. Бидејќи постојано ги гледаме и осудуваме другите, а себеси не се ни погледнуваме. Кога секој поединечно би започнал да се подобрува најпрво себеси, еден по еден, ќе се формира поголема маса која конечно ќе придонесе околу тоа да тргнеме напред! И на крајот на краиштата, секоја власт, во секоја држава низ светот не е и никогаш не може да биде ниту совршена, а ниту блиску до тоа, бидејќи самата политика по себе е нечесна. Мене лично ми е здосадено од ваквите глупости...

Најди! во Утрински
Втора страница
Вжарени телефони во туристичките агенции
Вербатим
Приказната од Преспа се повтори во Атина
Баросо чека добра вест од Груевски