|
|
|
|
|
|
„Скопско“ повикува на урбана забава
„Скопско“ и оваа година е генерален спонзор на фестивалот на пивото „Пиволенд 2011“, кој ќе се одржи од 31 август до 4 септември на платото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“. Годинава се очекува поголем број посетители од минатогодишниот рекорд кога имаше 300.000 гости. „Со нетрпение ги очекуваме деновите на ’Пиволенд‘. Секоја можност да бидеме заедно со нашите пријатели и преку дружење и забава да ја споделиме радоста на животот е специјална и единствена. Затоа сме горди што со поддршката на ’скопско‘ имаме уникатна можност од овој фестивал да направиме уште еден празник на пивото и урбана забава“, изјави Мартина Мишеска, менаџерка на група брендови во Пиварница „Скопје“.
Повикувајќи ги на одлична журка со најдоброто пиво, таа наедно упати и два апела до сите посетители на годинешниот „Пиволенд“. Едниот е за одложувањето на амбалажата и останатиот отпад во соодветни контејнери, а другиот се однесува на одговорното консумирање пиво.
„Пивото може да се доживее најдобро само доколку се консумира одговорно и со уживање. Затоа ’скопско‘ ве замолува - не возете доколку пиете и внимавајте каде го одложувате отпадот“, потенцираше Мишеска.
Во пет фестивалски дена, за музичкиот дел ќе се погрижат над 30-ина познати бендови, изведувачи и диџеи. Во програмата ќе има традиционални македонски песни, настап на легендарни бивши ЈУ-состави, па се' до трендовските поп, рок и денс-изведувачи од земјава, регионот и пошироко. (Ек.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 1049 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 29.08.2011 00:23:42 |
|
1. Многу лоша локација, прошлата му даваше посебен "шмек" на целиот настан. Сега има ем помалку стејџа, ем ќе биде топло од асфалтот.
2. Се надевам дека годинава цените на пивата ќе бидат нормални, за навистина секој да може да проба што повеќе пива може, бидејќи тоа според мене е крајната цел на овој настан. |
|
|
|
|
|
|
Од: трезве |
Датум: 29.08.2011 08:26:53 |
|
Дајтему на народот вино и игри. Во овој случај пиво и песна.Алоооооо. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mitre na Lenka |
Датум: 29.08.2011 14:05:25 |
|
retkop koj i edno da im ispie od ''najdobroto'' vo zemjava ,..a kamoli pa povekje!
nema potreba od tolkava zagrizenost za zdravjeto na lugjeto! |
|
|
|
|
|
|
Од: Sofronie |
Датум: 30.08.2011 11:19:31 |
|
Секој град си направи свој фестивал на пиење пиво, вино, ракија итн... Ќе дојде време и „трева“ ќе се дели само за профит и успивање и опијанување на населението. После децата ни се колеле во училиштата. Па родителите им се акохолизираат на фестивали. Кој да ги воспитува. Пробудете се. |
|
|
|
|
|
|
|
|