ПРИЛЕП - „Како претседател и врховен командант, ќе се залагам за остварување на правата на бранителите зашто ги разбирам нивните барања и нема да дозволам никој да се поигрува со нивната судбина“. Ова, меѓу другото, го порача претседателскиот кандидат Љубе Бошкоски од завчерашниот митинг во Прилеп и повика на помирување и единство за сите прашања од национален интерес.
„Се поклонувам пред жртвите на Карпалак. Никогаш нема да ги заборавам оти заедно со нив се откорна едно парче од Македонија, едно парче од мојата душа. Затоа не смееме да ги заборавиме македонските бранители, а не сега да ги тужиме за да ги враќаат парите оние кои се бореа за оваа Македонија“, нагласи Бошкоски.
Во првата година од мандатот Бошкоски вети дека ќе создаде услови Македонија да стане полноправна членка на НАТО. Според него, Македонија не може поинаку напред, бидејќи така се гарантира безбедноста и се создаваат услови за нови инвестиции.
„Но, тоа нема да го направиме на штета на идентитетот на Македонците, нема да го загрозиме уставно-правниот поредок на Македонија и никогаш нема да ги загрозиме националните интереси“, потенцира претседателскиот кандидат.
Бошкоски ја критикуваше работата на актуелната владејачка структура, која според него продуцира сиромаштија, се' поголем број невработени, стечајци и технолошки вишок. Тој порача дека има визија, сила и тим да креира политика која ќе значи нова пролет за Македонија, за македонскиот народ и за економијата. (Мн.Т.)
Boskoski misli deka so minata slava ke stekni pozicija! Ama se izlazal mnogu dobro!
Од: Мрамор
Датум: 09.03.2009 07:24:21
Срамота, во борбата за фотеља Љубе се сврте директно против ВМРО. На крајот понизно ќе се моли да се врати.
Од: Goce Viena
Датум: 09.03.2009 08:55:14
Brat Ljube ako i ti si za promena na naseto sveto ime Makedonija togas te molam otkazi se navreme od kandidatskiot status,ako si za Makedonija da vleze vo NATO i EU kako Makedonija togas kazi go toa javno i sigurno ke ti se dade doverba da ja vodis Makedonija,sekoj vid na manipulacija so Makedoncite brzo ke se razotkrie,kako sto e slucajot so crvenkoski.Zatoa na Makedonija i treba pretsedatel koj cesno,umno,gordo,dostoinstveno ke zastane na celo na Makedonskata nacija i Makedonskata drzava da go vrati ugledot i da izgradi od maleckata Makedonija edna silna drzava.
Од: BLASH
Датум: 09.03.2009 09:53:10
Segasnata vlada gi cisti ostatocite od predhodnata koja ostavi 1000.. semejstva bez rabota.Fala Boskovski za kometarite,plukas na prijatelot koj te izvlece od zatvor.
Од: branitel
Датум: 09.03.2009 10:30:41
Pa polo kadar na VMRO se bivshi SDSMovci, NSDPovci, DA, LP itn.... i toa na vidni pozii, pa gledam deka ne im smeta...A Ljube sobra 13.000 potpisi na graganite na RM. A ako nekoj toa ne saka da go pocituva, i mu e krivo sho ne e "partiski vojnik" bez pravo na glas, toa e negov problem. Ova da ne zaboravime deka ne e samo partiska drzava, ovaa drzava pripaga na Graganite na RM a ne samo na partiite, bez razlika koj toa vladee so RM. Se dodeka ne naucime da go pocituvame tugoto mislenje ke bideme vo rangot na pomalku razvienite Africki drzavi. za zal.
So pocit do site koi ja branele i ja branat RM
Од: Princeza
Датум: 09.03.2009 11:19:22
Нема да дозволима за претседател да имаме занесеник и фантазер, кој сака да добие гласови како со тоа што се нарекува брат Љубе.
Од: euro4
Датум: 09.03.2009 13:09:50
Ne sugeriram koj za kogo da glasa no na skratenkata VMRO treba da se dodade AD,ili DOO.nikakov patriotizam,samo ekonomski interesi.PARI ZA MALA GRUPA LAZNI PATRIOTI
Од: d.t.a od Kavadarci
Датум: 09.03.2009 13:25:43
Kolku i da se kazuva deka e od VMRO ne lici deka gi ima istite ideali i mislenja kako drugite clenovi na VMRO,osobeno koga taka gi kritikuva svoite dovcerasni sopartijci.
Од: Irina,kavadarci
Датум: 09.03.2009 16:31:56
Mnogu sum razocarana od Boskoski,imav mnogu podobro mislenje za nego ama sega....?definitivno poddrskata odi za Ivanov