Број 2931  понеделник, 09 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Интервју

Европа некомплетна без Западен Балкан

Чешкиот амбасадор Јозеф Браун

Тамара Грнчароска



Чешката Република веќе два месеца е претседавач со ЕУ. Дали агендата која ја зацрта Вашата земја како претседавач се исполнува со предвиденото темпо?

Кога нови влади доаѓаат на власт, вообичаено им се даваат 100 дена да се приспособат. На претседавањето на Чешка не и' беа дадени ниту 100 часа да го преземе комотното место зад кормилото на ЕУ. Гасот и Газа не' катапултираа во центарот на настаните. Кој е балансот по првата третина од претседавањето на Чешка?

Во врска со кризата во Газа, дипломатската мисија, предводена од министерот за надворешни работи Шварценберг, го посети регионот веднаш по избувнувањето на борбите. Премиерот Тополанек учествуваше во преговорите во Шарм ел Шеик кои придонесоа за прекин на огнот. Претседателството испрати експертски тим во Газа да ја процени хуманитарната ситуација, која сега е наш најголем приоритет. Од круцијално значење е тоа што ЕУ останува активна во регионот.

Кризата со гасот беше уште подрастичен почеток на претседателствувањето, иако беше очекувана. Повеќе од 20 земји-членки на ЕУ беа погодени од недостигот од гас предизвикан од спорот меѓу Русија и Украина. Чешкото претседателство и ЕК рамо до рамо се справуваа со ситуацијата. Ги доведовме двете страни на преговарачка маса и успеавме да го зачуваме единството во ЕУ, што не е лесна задача кога бугарските граѓани се смрзнуваа, а словачките компании беа на работ на колапс. Додека го правевме тоа, многу силно почувствувавме колку зборот „европска солидарност“ има потреба да биде исполнет со суштина.

Главната задача на Чешка сега ќе биде двојна. Прво, да работи на повторно враќање на довербата кон нашите источни партнери, која беше нарушена за време на кризата. Не може да си дозволиме да се одвоиме од Украина. Второ, да се искористи моментот и политичката волја генерирана од кризата за да се истуркаат итните долгорочни, среднорочни и краткорочни мерки што ќе ја зголемат енергетската безбедност.



На агендата амбициозно се најде и Западен Балкан. Што значи тоа за Македонија и ќе успее ли Чешка да го задржи регионот на агендата, со оглед на актуелните проблеми со кои се соочува ЕУ?

Западен Балкан е географски и историски природен приоритет за надворешната политика на Чешка. Во програмата на нашето претседавање се подвлекува дека историската унификација и стабилизација на европскиот континент ќе биде некомплетна без интеграција на овој регион во ЕУ, а Македонија особено е посочена како земја со која претседателството е заинтересирано да ги подобри односите.

Ние сме одлучни да ги реализираме заклучоците од стратегијата за проширување, за одредени земји да може да им се приближат на изгледите за нивно членство во ЕУ, ако успешно ги исполнат сите услови и ги отстранат недостатоците изнесени во Извештајот за напредок. Меѓутоа, по избувнувањето на финансиската криза, овие прашања беа ставени настрана и возбудата од дополнително проширување одамна е исчезната кај старите земји-членки. Голем број Европејци, поради страв од губење на своите работни места, сакаат проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан да биде одложено. Чешка ќе стори се' што е во нејзина моќ да продолжи процесот на интеграција.



Чешкиот премиер Мирек Тополанек неодамна изјави дека Македонија не е зрела за добивање датум за преговори. Кое е Вашето мислење за правецот и темпото во кој се движи Македонија кон ЕУ?

Она што премиерот Тополанек го кажа беше дека Европската комисија наведе осум услови за Македонија за почеток за преговорите за членство, а некои од нив се' уште не се исполнети. Се надеваме дека во најкус можен рок ќе ги исполните и преостанатите клучни услови за партнерството за пристап. Убеден сум дека е познат фактот дека Чешка е силен поддржувач на вашата земја за нејзиното членство во НАТО и ЕУ. Ова се манифестира и со утрешната посета на премиерот Тополанек на Скопје, прва посета на претседател на Советот на ЕУ на вашата земја.



ЕУ ги означи претстојните избори како еден од клучните критериуми за напредок на земјата. Според Вас, дали изборите се навистина клучот кој ќе ја отвори вратата на земјава за ЕУ?

Не е толку лесно! Има повеќе од еден клуч за отворање на вратата на ЕУ. Вие можете да отворите една од бравите со одржување фер и демократски избори, а од друга страна може да загубите еден од виталните клучеви со неисполнување на демократските стандарди на претстојните избори. Во следните три години нема да има избори. Затоа квалитетот на изборната кампања и процедурата на гласање ќе го покажат постојното ниво на политички стандарди во вашата земја. Да појасниме: спроведување добри избори нема автоматски да гарантира посветла иднина, но лоши избори, дефинитивно, ќе и' наштетат на земјата.



Колку во таа слика се вклопува спорот околу името со Грција?

Може да гледате на ЕУ како на семејство во кое членовите имаат различни мислења за голем број прашања, меѓутоа имаат заеднички цели кои се многу поважни за нив отколку поделбите. Имавме сличен проблем со Австрија кога преговаравме за влез во ЕУ. Во тоа време требаше да го надминеме проблемот со нуклеарката „Темелин“, која се наоѓа во близина на австриската граница и Австријците имаа проблеми со нејзините безбедносни стандарди. Преговорите изгледаа бесконечни, меѓутоа на крајот постигнавме компромис прифатлив и за двете страни.

Жално е тоа што по некогаш стратегиски одлуки од најголемо значење, како што е проширувањето на ЕУ, стануваат жртви на одредени билатерални спорови. Тоа е штета, бидејќи овие стратегиски прашања се предмет на едногласност во ЕУ, нема друг начин освен да се доведат засегнатите страни во спорот на преговарачка маса и да се реши проблемот. Сега се обидуваме да го направиме тоа со Словенија и Хрватска, а истото тоа се однесува и за Грција и вашата земја.



Македонија во рамките на СФРЈ имаше добри трговски и економски односи со поранешна Чехословачка. Економските односи меѓу двете самостојни држави, Македонија и Чешка, се на ниско ниво. На што се должи тоа?

Не сметам дека билатералните економски односи се на ниско ниво. Чешки компании покажуваат зголемен интерес за учеството во развојни и инвестициски проекти во земјава, и влегуваат на вашиот пазар. Вкупната трговска размена во 2008 година изнесуваше 54,4 милиони евра, што е 33-процентно зголемување од претходната година.

Трговската размена треба дополнително да биде поддржана преку чешки инвестиции или учество во процесот на приватизација. Главни области од интерес за чешките компании се енергетскиот и транспортниот сектор, комуналната инфраструктура, вклучувајќи ја и заштитата на животната средина. Постои континуираниот интерес на чешката енергетска компанија ЧЕЗ, која и покрај неуспехот да ја купи „ЕСМ - Дистрибуција“, се' уште е фокусирана на влез на локалниот енергетски пазар, особено преку изградба на нови капацитети за производство на енергија.

Добар знак за чешките компании во оваа земја е и чешката фирма „Хидропол“, која ја доби концесијата за модернизирање и работење со седум помали хидроелектрани во 2001 година. „Хидропол“ засега е најголемиот чешки инвеститор во вашата земја. Последниот голем проект имплементиран со помош на чешката влада е решавање на старите еколошки проблеми во ОХИС, во кој Чешка инвестираше 400.000 евра.

Вашата земја ја сметаме за перспективен економски партнер. Македонските бизнисмени и компании се добредојдени на чешкиот пазар. На пример, квалитетот на македонското вино многу се цени, а вашите градежни компании успешно реализираа неколку проекти во Чешка.

 


Статијата е прочитана 628 пати.

Испрати коментар

Од: Elena
Датум: 09.03.2009 01:46:14
Prvo: Sporot so Slovenija i Hrvatska e nov, vo sporedba so sporot Makedonija -Grcija. Za Hrvatska se potepavte da i pomognete, za Makedonija ne mrdnavte so prst, kako EU. Vtoro, nemojte da si dozvolite da sporeduvate spor za nuklearka so spor za ime, identitet, istorija, odnosno se sto edna nacija poseduva. I treto, vasiot upaten premier, go spomna imeto kako eden od osumte kriteriumi. Grckite vesnici pobedonosno go pozdravija toa. Imeto ne e eden od osumte kriteriumi. Tolku.

Најди! во Утрински
Политика
Иванов меѓу битолчани на Широк сокак
Нападнат штаб на ДУИ во Гостивар
Партиски напади за програми
Државата не е на еден етникум
Бошкоски ќе ги оствари барањата на бранителите