Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Забава

„СУНЧАНЕ СКАЛЕ“

„Још увијек сањам да смо заједно“- хит на годината

Постхумно издадената песна на Тоше Проески, „Још увијек сањам да смо заједно“, на авторите Мирослав Рус и Никша Братош, е прогласена за хит на годината, освојувајќи „Принчева награда“ на фестивалот „Сунчане скале 2010“, кој се одржа од 7 до 9 јули во Херцег Нови, Црна Гора.

Завчера, пак, во рамки на фестивалот се одржа Вечер на нови ѕвезди во која македонските пејачи остварија уште еден успех - имено, ексклузивците на продукција „Република“, Магдалена Цветковска и Дарко Илиевски, со песните „Ме боли“ и „Едно тело“, успеаја да се пласираат на второто, односно на третото место. Веднаш по нив, вчера се одржа и главната фестивалска вечер „Песна на летото“, на која настапија уште неколку македонски претставници, меѓу кои Влатко Илиевски, Роберт Билбилов и Наде Талевска.

За потсетување, лански победници на фестивалот „Сунчане скале“ беше дуетот Калиопи и Наум Петревски со евровизиската тема „Рум, дум, дум“.


#
Статијата е прочитана 831 пати.

Испрати коментар

Од: jovana
Датум: 10.07.2010 09:49:13
Ova e uste eden dokaz deka NASIOT TOSE preku negovite pesni VECNO KE ZIVEE. No za zal, ostanuva gorcinata deka nasiot angel poveke go pocituvaat i cenat, nadvor od granicite na Makedonija, otkolku nie samite. ZALNO!
Од: beti
Датум: 10.07.2010 17:08:09
Vie Jovana ste celosno vo pravo. Nasiot ANGEL e poveke spomnuvan, pocituvan i slusan nadvor od MK.

Најди! во Утрински
Забава
Петтемина среќници одат на финалето во Јоханесбург