|
|
|
|
|
|
Грција да ја почитува Македонија како земја-кандидат
Грција, како земја-членка на Европската унија, да се однесува европски кон Македонија како кандидат за влез во Унијата, побара македонскиот претседател Ѓорге Иванов од Црна Гора каде што се одржува Самитот на шефови на држави и влади од процесот на соработка во Југоисточна Европа. „Секогаш го потенцираме проблемот што го имаа Словенија и Хрватска и како тие најдоа решение и се повикуваме на тоа искуство и бараме секоја членка на ЕУ да се однесува европски спрема кадидатите“, изјави Иванов, барајќи го тоа и од Грција.
Иванов притоа изјави дека Македонија останува доследна на своите трајни и врвни цели и приоритети, водејќи се притоа од основниот принцип на отвореност и блискост со сите. Од Свети Стефан Иванов ја пр��ти пораката дека целите на Македонија се јасни, а тоа се полноправно членство во НАТО и ЕУ, развивање извонредни односи со сите свои соседи, учество во сите регионални иницијативи, отвореност кон светот, кон меѓународната заедница, кон сите, по што резултатите не изостануваат. Според Иванов, предвремените избори покажале дека мнозинството граѓани ги поддржале тие цели, што претставува обврска за новата влада.
Иванов од Црна Гора испрати порака дека најголемата моќ на регионот и на Европа е во нејзината отвореност и обединетост, додека најголемата опасност за нив демне од затвореноста и поделеноста. „Само заеднички можеме да ги решиме прашањата како регионалната енергетска поврзаност, заедничките транспортни коридори, заедничката железничка инфраструктура“, рече тој. Според него Балканот мора да функционира како обединет регион, дел од обединетиот европски пазар и важна алка во европската комуникација кон светот. „Без интеграција на нашиот регион не можеме да зборуваме за целосно успешен и заокружен процес“, изјави Иванов, додавајќи дека на регионот му е потребна поддршка за продолжување на интеграциските процеси.
Македонија, која од идната година ќе претседава со ПСЈИЕ, како што најави Иванов, ќе ги отвори темите за кои има интерес, тоа, пред се', се елементарните непогоди и справувањето со нив. (Н.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 1138 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: srebre |
Датум: 01.07.2011 00:50:07 |
|
izjava vo bauk nit ja cul nit videl nekoj vo eu...a dali mak ja pocituva grcija so kradenje istorija(kako da sme cigani da nemame svoja)so provokacija,se prcime kako da sme petel a grcija pilce no fakticka sostojba e obratno...zatoa da svieme opas pdidavka da prifatime i vo eu ppa i das bankrotirame da ne mu islime drug ce plati......... |
|
|
|
|
|
|
Од: kole |
Датум: 01.07.2011 03:24:58 |
|
Не знам да ли сте слушнале, но Германија им издава пасоши на полјаци и сите останати од истокот на германија кои се чувствуваат германци, исто како што прави и Бугарија со своите соседи. Слично прави и Ирска, И не знам кој се не. Исто така, знам дека Франција ја има блокирано Англија за влез во ЕУ 8 години. Не знам точно на која тема, но мислам, не е ни битно. Со други зборови, се ова што ни се случува Е ЕВРОПСКО ОДНЕСУВАЊЕ. Зошто ја користите Европа како синоним за фер и ефикасен однос. Па, пред некој ден имаше графикон кој покажува дека во трговија со луѓе некои членки на ЕУ стојат полошо од нас. Така да, не очекувам милостина од ЕУ. А, не ми ни треба. Исто така не сум ни сигурен дека ми се допаѓа тоа друштво. Него, да си ги засукаме ракавите и да си ја сработиме нашата работа. Од ЕУ не очекувам ништо добро. Секое добро! |
|
|
|
|
|
|
Од: Buntovnik |
Датум: 01.07.2011 08:32:02 |
|
Jas koj sum cist makedonec ne go respectiram Ivanov nitu negovata Makedonija sto toj ja ima pred oci. Zasto pa Grcka ili pak bilo koja zemja bi go postuvalo ova nazadno covece so negovata nazadna makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 01.07.2011 09:51:46 |
|
Nekoj luge navistina bi se prodale za pari a i celata negova familija misleki deka ako Makedonija vlezi vo EU ,tie ke lezat kako dembeli i ovie od EU bez rabota ke im prakaat pari.Treba da se razbera Nashata zemja e edna shto so iljadi godini nashite predci se borele da e zachuvaat Makedoncite ne kradat na nikoj istorija tuku komshiite nashi so pomosh na nekoj zapadni zemji ne samoshto e kradat istorijatana nashite predci tuku i nashata zemja e ukradoa.. |
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1 |
Датум: 01.07.2011 16:41:21 |
|
Do Srebre: Siromaskiot dosta si skrenal. Pred da komentiras naucija istorijata. Samo edno da ti kazam, deka Aminta dedomu na Aleksandar e roden vo trebenista a babamu bila od Bitola, Nikogas Trebenista i Bitola ne bile pod grcija i od kade Makedonija e kradi istorijata na Grcija. Za vas prodadeni dusi treba proteruvanje od Makedonija, od vas takvite Makedonija strada so vekovi. |
|
|
|
|
|
|
|
|