Број 3399  вторник, 05 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Битка до истребување во вмровскиот камп

Георгиевски, Груевски, Бошкоски и Стојменов некогаш беа во иста партија и во иста влада, за на крај да се свртат секој против секого

Александра М. Митевска


Некогаш беа во ист тим и учествуваа во иста влада, а сега секој „пука“ против секого. Пред 12 години Љупчо Георгиевски ја презеде премиерската палка и го формираше својот кабинет во кој министерски фотелји, меѓу другите, добија и Борис Стојменов, бизнисмен во чија компанија беа вработени многумина видни личности од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Бошкоски, кој како повратник од Хрватска подоцна беше унапреден во прв полицаец, и Никола Груевски, кому како нов надежен кадар прво му беше доверен ресорот за трговија, за потоа од Стојменов да го преземе ресорот финансии. Кога на овој список ќе се додаде и името на Павле Трајанов, кој стана министер за внатрешни работи како кадар на ДА, уште повеќе се засилува заплетот во сторијата за најновите недоразбирања меѓу некогашните соработници во вмровскиот владејачки естаблишмент.

Случувањата околу лустрацијата повторно ги исфрлија на површина несогласувањата во кампот на политичката десница, чие ткиво почна да се расцепкува уште во времето кога Георгиевски беше премиер, за да кулминира во периодот кога Груевски стартуваше на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ. Ниту враќањето на вмровците на власт во 2006 година не го запре трендот на раситнување на десницата.

Ако на премиерот Георгиевски му се случи формирањето на ВМРО-Македонска на чело со Стојменов, премиерот Груевски го доживеа формирањето на ОМ на Бошкоски. Во меѓувреме, беше основана и ВМРО-НП, чиј почесен претседател е Георгиевски, а Груевски успеа да ги врати во старото јато ДРУМ и ВМРО-Вистинска на Доста Димовска и на Борис Змејковски. Се' на се', премногу комплицирано сиже, за во догледно време да може да се очекува обединување на десницата, како што пред извесно време предлагаше Филип Петровски, кој набргу по пласирањето на оваа идеја ја напушти ОМ на Бошкоски!

Во последниве денови повторно се шпекулира дека Петровски ќе формира нова партија, така што уште повеќе би се засилила конкуренцијата во политичкиот блок што го сочинуваат субјектите што произлегоа од ВМРО-ДПМНЕ. Петровски ниту ги потврдува ниту ги демантира ваквите наводи. За новите искричења меѓу неговите некогашни лидери, пак, вели дека се резултат на дефицитот на демократија во партијата што моментно е на власт.

„Бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ нема демократија се формираа нови партии, кои сега влегуваат во меѓусебни конфликти. Луѓе кои беа дел од една иста структура, веќе не можат да дејствуваат заедно и бараат начини како одвоено да ги артикулираат своите политики. Така и нивните недоразбирања прераснуваат во конфликти“, вели Петровски. Тој додава дека станува збор за јаки политички фигури, кои бараат свој израз на јавна сцена, па не можејќи да го најдат заедно, се вртат еден против друг.

Бошкоски најави масовен бунт на 7 ноември во Скопје, во знак на револт поради „неспособноста на актуелната владејачка гарнитура и против тешката економска и морална криза предизвикана од Груевски“.

Но, лидерот на ОМ не пропушти можност да го искритикува и Георгиевски, советувајќи го да престане да се изненадува и да почне да ја говори вистината за лустрацијата. Го спомна и Трајанов, како човек кој му ги носел досиејата на соработниците на службите на Георгиевски. Трајанов одговори дека Бошкоски дава несериозни и шарлатански изјави и оти поради такво однесување Македонија потпишала капитулација во 2001 година. Претходно Георгиевски го повика Груевски да не ја кочи лустрацијата, а премиерот праша зошто тој процес на расветлување на минатото не се реализирал во периодот 1998-2002 година. Потоа Стојменов го повика Георгиевски на дуел, се врати на дневен ред и прашањето за тоа кој купувал пратеници во 2000 година... Очигледно, премногу отворени прашања има меѓу некогашните вмровски икони, така што нивните меѓусебни недоразбирања не се големо изненадување.

Додека повторно се разгорува битката во десничарскиот табор, процесот на фрагментација на левицата е во стагнација. Битката меѓу фракциите во СДСМ стивна по враќањето на Бранко Црвенковски на партиското кормило, а кон широкиот опозициски фронт се приклучија и двете партии што произлегоа од сдсмовската матрица - НСДП и Партијата на слободни демократи.

Аналитичарите оценуваат дека битката со идеолошкиот противник, колку и да е тој моќен, всушност, е полесна од судирот во сопствениот двор - каде што се делат гласовите на стандардните поддржувачи. Груевски веќе подолго време води битка на два фронта. На една страна се традиционалните ривали на ВМРО-ДПМНЕ - социјалдемократите, а на другата страна се неговите поранешни сопартијци Георгиевски и Бошкоски.

Од славната петорка во претходната вмровска влада, на страната на Груевски останаа уште Трајанов и Стојменов, кои освоија пратенички мандати како кандидати на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Добра вест за Груевски е што противничкиот блок од неговиот „десен агол“ се раслојува, бидејќи така се цепкаат и гласовите на незадоволните вмровци. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 6611 пати.

Испрати коментар

Од: do felix
Датум: 05.10.2010 12:24:22
А ти со кого си? Води сметка дека друг може да избие во прв ред, па да немаш проблеми. Многу е важно да се избере прав бугарин!
Од: Milan
Датум: 05.10.2010 13:27:51
"Sarlatanot" Boskovski prozva i edno "lice" koj go narece feudalec i sopstvenik na Televizija, koj e "pecen" za lustracija ,bidejki tamu imalo najmnogu "materjal" za lustriranje. Vo seto negovo "sarlatanstvo" ovaa izjava mu e edna od najpametnite a bogami i najhrabrite, bidejki sekoj koj ukazuva na ovoj covek koj ima dosta dobra "privatna organizirana mreza",zavrsuva "kobno"(nabeden, otfrlen, a bogami i unisten). Gledam i vie se "pazite" pa taa izjava na Boskovski ne ste ja prenele.
Од: МКА
Датум: 05.10.2010 13:31:27
ВМРО Е ВМО!!! Предавство, раскол, шпиони, братоубиство разнофилство .
Од: Феличита
Датум: 05.10.2010 14:01:27
Среќко е со стално со победникот! Ги залечи вените што ги сечеше за Љупчо,и купи шамија на Дада,а нешто во задно време помодрува!.Не знам дали е бивш комуњар или Егеец,само тие останаа кај портокалите!
Од: gimi
Датум: 05.10.2010 14:05:29
I taka podelenata desnica 4 pati ja pobedi homogenata levica. od koja se oddelija samo Ljupco Jordanovski i Tito Petkovski. Pogolemite podelbi ke sledat po naredniot 5 poraz koj ke go doziveat na narednite redovni izbori.
Од: do felicita
Датум: 05.10.2010 14:53:35
Samo ti drzi se do tvojot vecen crni Branko , belki ke vidis bel den od nego.Nadezta posledna umira.Inaku ova ne e od vasiot omilen Feliks
Од: Трпе
Датум: 05.10.2010 16:04:36
Што може да се очекува повеке од партијата ДрпниПрисвојМатиНатовариЕмигрирај.Но самиот народ си е виновен ,што и верува на лажниот патриотизам,со илузионистички способности.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 05.10.2010 17:49:30
Расцепкување во десницата по приложеното на политичкиот терен нема.Има една десна која ја урниса едната лева партија дури четири пати,а десните привезоци се како гуски во магла ,уште лутаат неможат да слетаат кај електоратот. Ептен се невидливи.Инаку до тој до мене јас сум бугарин толку колку што бугарофилската партија ги заштити оние со бугарски таблички. Дајте нешто поинвентивно,,,лупате богати,ко Максим по дивизии,,.Епитет кој 100% ќе ви се допадне.
Од: sonja
Датум: 05.10.2010 21:18:17
a shto vi smeta mechuvanjeto????
Од: Dragan
Датум: 06.10.2010 07:09:24
I toa e demokratija. Stom edna licnost ce go potrosi svojot kredibilitet treba da si zamine i da otstapi mesto na novi lugje so novi idei. Ili vie ste podrzuvaci na " Druze BC mi ti se kunemo...
Од: sime
Датум: 06.10.2010 08:47:37
Demokratijata podrazbira i borba ama na mislenja stavovi taka da ovie procesi gi smetam za normalna pojava vo edna demokrattija na pocetok.
Од: Bubo(ama ne Karov)
Датум: 06.10.2010 09:01:34
Portokalive,na celo so ovoj Feliks sigurni po direktiva mavaat li mavaat po Utrisnki.Ne sum se javil odamna,ama gi gledam desnive portokalovi sili,iako se u[te *krekaat* ,ne im e bas seedno sto ke bide so vlasta ponatamu.Ide 11 Oktomvri pa se plasat od Vostanie.Sto keletate,ke letate,ama kako i kade ke vidime..
Од: hari
Датум: 06.10.2010 10:01:52
оддамнина е позната расколнчката политика и алчноста на ВМРО.Ова не е ништоново само што се испливува на површина ,а тоа е навистина добро за прочистување на воздухот

Најди! во Утрински
На прво место
СПЦ и МПЦ никогаш не биле подалечни






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma