|
|
|
|
|
|
Пробен психолошки тест за идните судии
Во Академијата за судии и јавни обвинители денес и утре ќе се одржи пробно психолошко тестирање за кандидатите за судии и јавни обвинители што ја завршиле почетната обука, слушателите на почетната обука во Академијата, како и дел од стручните соработници од основните судови во Скопје.
Како што информираат од Академијата, во текот на утрешниот ден ќе се спроведе писменото тестирање, додека в четврток ќе се изврши ин��ервју со кандидатите што го полагале пробниот психолошки тест, а чија цел ќе биде да се даде повратна информација од писменото тестирање.
Пробното психолошко тестирање ќе го спроведе Франк ван Лујик, експерт од консултантската компанија која ги дизајнираше тестовите и која е врвна компанија со долгогодишно искуство во дизајнирање и спроведување психолошки тестови за правосудството во Кралството Холандија. На пробното тестирање се поканети да присуствуваат и тим експерти од Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје. (МИА) |
#
|
Статијата е прочитана 627 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 06.07.2011 07:14:06 |
|
Во текстот пропуштено е да се спомне дека тестот ке се изведува во лабараторијата на РМ.Исто така ке се контролират партиските книшки и вербата во партијата на власт. |
|
|
|
|
|
|
Од: Alek® |
Датум: 06.07.2011 08:01:02 |
|
Нависитна ме интересира исходот од ваквите тестирања. Јас би ги подложил и оние судии и јавни обвинители кои на бавтана станаа тоа во последниве 5 години, а со благослов од светите партиски шефови. Е, таму резултатите би биле поразителни. |
|
|
|
|
|
|
Од: упатен |
Датум: 06.07.2011 14:25:35 |
|
да,да, секако..... малку истражувачко новинарство не би ни било на одмет, за да дознае јавноста кој во изминативе 4 години од 2007 наваму беше примен и ја заврши Академијата, во смисла колку од нив се деца на судии, обвинители и други извикани имиња....па јасно ќе биде дека секоја ткн реформа е всушност замачкување на очите на јавноста и ЕУ.........жално! |
|
|
|
|
|
|
|
|