Број 3463  среда, 22 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Слободан Вујчиќ во Вардар само со чисти сметки

Познатиот спортски работник, кој со судска одлука може повторно да го преземе Вардар, бара целосна ревизија

Миодраг Мицковиќ

Дали Вардар по оваа тригодишна голгота, на чие чело се сменија неколку претседатели и кои го доведоа на питачки стап и на чекор до Втората лига, ќе застане на цврсти нозе и ќе успее да се извлече од амбисот што води кон понизок ранг, поточно во Втората лига прв пат од шеесетгодишното постоење на нашиот најтрофеен клуб?

Пред десетина дена Основниот суд во Скопје ја усвои жалбата на Слободан Вујчиќ и му даде зелено светло повторно да го преземе клубот и да биде негов спонзор.

Ваквата одлука на судот беше пречекана со голема радост меѓу играчите на Вардар, кои веќе заборавија што значи тоа плата или премија повеќе од половина година и кои играа и го носеа црвено-црниот дрес затоа што го сакаа Вардар и се бореа колку што можеа со еден подмладен тим, без недоволни подготовки за новата сезона, без терен за тренинзи, без простории, без телефон или факс, практично во никакви услови.

Сега сите погледи се свртени кон за нив, спасителот Брацо Вујчиќ. Се виде како заврши во годинашнава сезона Вардар, на претпоследното место на табелата речиси со едната нога во Втората лига.

Меѓутоа, без оглед на одлуката на судот Слободан Вујчиќ е реален кога вели:

„Јас веќе се изгорев со некои луѓе што го водеа со мене Вардар, затоа сакам најпрвин, пред да го прифатам спонзорството на Вардар, да ангажирам ревизорска куќа за да направи целосна ревизија на финансиското работење во клубот во изминатите три години бидејќи за ова време се сменија повеќе претседатели и управи, беа потпишани многу договори од кои за некои нема валидни или никакви податоци“, вели Вујчиќ и додава: „Не можам да сфатам дека еден клуб со шеесетгодишна историја да нема речиси никаква архива или таа што ја има е минимална. Во работните книги недостасуваат договори со играчите, никој во овој момент не знае колку практично е должен Вардар, а побарувања има, дал господ. Дури и генералниот секретар, Мишо Мајсторовиќ, не е запознат со некои потпишани договори за опрема, со фудбалерите... Ќе го почекам извештајот на ревизорите, па потоа ќе одлучам како натаму со Вардар. Деновиве треба да се направи и примопредавањето по судската одлука, треба да се изврши измена и во Централниот регистар на Република Македонија, се' уште има многу работи да се расчистат и доведат во ред. На изглед по оваа судска одлука се' е в ред, но навистина ништо не е в ред“.

За многумина што го следат фудбалот беше изненадување неочекувана разделба на Вујчиќ со Работнички како главен спонзор. Сега прашањето е што ќе биде сега со повеќето негови играчи кои играа за Работнички. Дали ќе се префрлат во Вардар?

„Со Работнички, по разговорот со претседателот Драган Поповски се разделивме пријателски. Нема туку ништо спорно, тоа е нормална појава во фудбалот, денес си во еден клуб, утре во друг. Меѓутоа, реков и пак ќе повторам, се' додека не биде познат извештајот од ревизорската куќа за финансиското работење во Вардар, потпишаните договори, побарувањата, долговите, јас се' уште не сум одлучил дали ќе продолжам по неколку години повторно да го спонзорирам Вардар. Мислам дека тоа е најчесно. Многумина ме прашуваат, дали ќе вратам одделни играчи во клубот, повеќето од нив кои заминаа сакаа да се вратат. Но, морам да кажам и јас не сакам некои да се вратат во клубот, мислам дека тие фудбалери ќе се препознаат. Најпрвин ќе разговарам со сегашните играчи на Вардар, јасно доколку одлучам да останам во клубот бидејќи тие есенва, кога беше најтешко го понесоа целиот товар на свои плеќи, во моментите кога сите кренаа раце од Вардар и не би сакал да се откажам од нивните заслуги бидејќи меѓу нив има одлични млади фудбалери кои заслужуваат да го носат дресот на Вардар“, објаснува Вујчиќ, за кого се вели дека ќе го повлече со себе и досегашниот тренер на Работнички Зоран Стратев.

„Мислам дека за него и останатите играчи се' ќе биде познато до 15 јануари кога Вардар ќе ги почне подготовките за новата сезона. Тогаш ќе биде познато колку должи Вардар, кој ги потпишувал договорите со играчите, за опремата, ќе се види каде исчезнаа некои договори. За Вардар сега е најважно да се стабилизира, јас ги повикувам сите оние кои го сакаа и кои сакаат да бидат дел од спонзорскиот тим, вратите им се отворени. Со најновиот закон за спорт, кога Вардар ќе може да биде акционерско друштво, се' ќе биде полесно. Вардар мора да биде она што беше порано, гордоста на македонскиот фудбал. За тоа ќе треба време и помошта од сите, не само од Брацо“, потенцира Вујчиќ.


#
Статијата е прочитана 805 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Евертон му ги расипа божикните празници на Сити
Бенитез
Македонија брка прва победа против Кина
Шумахер
Далас ја прекина серијата на Мајами
Рудиша го засени Болт годинава
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks