Што прават денеска
Војче Китановски
хуморист
Денеска со битолската група „Боеми“ патуваме за Врање, Србија, каде што вечерва ќе ги забавуваме гостите на тематската „Македонска вечер“. Пред тргнување уште еднаш си ја проверувам програмата, ја освежувам со нови идеи, иако најдобрите шеги и забави се случуваат спонтано.
Предраг Павловски
актер
Уште во 10 ч. во Театарот за деца и младинци треба да ја одиграме претставата „Убавицата и ѕверот“. Потоа продолжувам на договор за снимање на еден краток филм што треба да го работам наскоро. Попладне уште една претстава во театар - „Бескрајни соништа“, а сето меѓувреме од денот ќе се обидам да се скријам од светот.
Јован Јованов
музичар и продуцент
Главната задача што си ја задавам денеска е да ја координирам мојата екипата за дистрибуција на рекламниот материјал за концертот на Јелена Карлеуша. Концертот ќе се одржи на 20 ноември во салата „Борис Трајковски“ во Скопје и веќе е време да започне медиумската кампања. |