Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Полека доаѓате на себе. Почнувате нормално да функционирате и да правите ред во работите во кои се изгубивте. Здравствената состојба се подобрува, односите со партнерот, исто така. Со еден збор, уживате во сите сфери што ви предизвикуваат задоволство.



БИК

Свесни сте за сопствените цели, затоа и целосно сте насочени кон нив. Чувствувате силна потреба за усовршување и учење. На машките припадници на знакот им е потребна жена што знае што сака. Контактирајте со странство, можеби ќе остварите некоја врска за патување.



БЛИЗНАЦИ

Привлечни сте и чувствителни на сите. Зголемена ви е смислата за спиритуални теми со широк спектар. Не плашете се од стапици, бидете внимателни и нема да бидете во неволја. Не претерувајте кога се во прашање блиските, особено бидете попустливи спрема партнерот.



РАК

Слободните претставници на овој знак сонуваат за фатална љубов. Не дозволувајте сенките од минатото да остават трага на личноста со која сте во врска. Вистинската љубов, не ретко има тажен крај. Посветете повеќе внимание на личноста што ја чувате покрај себе.



ЛАВ

Доколку не го искористивте вистинскиот момент за заработка, немојте да се каете, предоцна е. Аспектите кои укажуваат на добивка веќе поминаа. Ова е успешен професионален ден проследен со контакти со околината. Секое недоразбирање со партнерот решете го на мирен начин.



ДЕВИЦА

Доколку се занимавате со бизнис, големи се шансите добро да заработите. Доколку парите ви доцнат, немојте премногу да се нервирате. Најверојатно, тие наскоро ќе пристигнат. Она што треба да ве загрижува е состојбата на нервоза, која лошо влијае на вашето здравје.



ТЕРЕЗИЈА

Напнати сте и незадоволни, па се тр��дите на импулсивен начин да се ослободите од тоа. Бидете внимателни тоа може лошо да дејствува на околината. Поради нешто сте емотивно незадоволни, па патите помалку. Мислите дека до се' доаѓате со мака, претерувате.



СКОРПИЈА

Конечно, почнавте да се занимавате со слабата точка на организмот - имунитетот. Ќе успеете и ќе почувствувате многу енергија. Но, доколку се појават посериозни здравствени проблеми, не размислувајте и директно одете на лекар. Односите со партнерот се одлични, уживајте.



СТРЕЛЕЦ

Неуморни сте од работа. Остро критикувате се' што ви се спротивставува. Ги совладувате сите пречки и постигнувате одличен успех. Треба да се чувате од давање јавни изјави и напаѓање на другите, може себеси да си направите проблеми. Сетете се дека веќе бевте во слична ситуација.



ЈАРЕЦ

Мала ситница ви прави да се чувствувате одлично. Теми на денот има повеќе, а главни се љубовта и уметноста. Најдобро е да ги искомбинирате и да уживате во нив. На партнерот ќе му годи комбинацијата. Вие тоа го умеете и затоа однесувајте се во согласност со расположението.



ВОДОЛИЈА

Остварувате огромен успех кој, пред се', се однесува на работата и друштвото. Љубовта е во втор план, и покрај тоа што слободните припадници на знакот размислуваат за брак. Идеална комбинација за вас е Рак или Бик. Премногу сте мотивирани, а тоа ви дава сила да планирате.



РИБИ

Работите полека доаѓаат на свое место. Подобро се чувствувате, здравствените проблеми исчезнаа. Подготвени сте да соработувате со личност со која имате најмногу тешкотии- партнерот. Лесно ви е да се изборите со децата и пријателите , но не и со него. Вклучете го талентот за дипломатија.








#
Најди! во Утрински






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax