Број 3416  среда, 27 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Втора страница

Државниот врв се растрча низ Европа

Претседателот, премиерот и шефот на дипломатијата во политичка офанзива за препораката на ЕК

Македонскиот државен врв се растрча низ Европа за да ја спаси препораката на Европската комисија што, според сите најави, ќе се најде и во идниот извештај на Унијата со шанси да добие пресуда во Советот, како и минатата година. Со ист текст и иста порака претседателот Ѓорге Иванов престојуваше во Естонија, шефот на дипломатијата Антонио Милошоски во Унгарија, а премиерот Никола Груевски утре ќе престојува во Брисел на самитот на народните партии и ќе има средби во Европската комисија.

На средбите во Талин претседателот Иванов порачал дека Македонија очекува фер третман од земјите на ЕУ, таков каков што имаат другите кандидати за членство и на декемврискиот самит да го поддржат интегрирањето на Македонија, така што позитивните примери за решавање на билатералните спорови да бидат применливи и за нас. Според Иванов, Македонија не по своја вина се нашла во тој спор, и не по своја вина не може да излезе од него. Тој истакнал дека од македонска страна има подготвеност за решение, дека до него може да се дојде со политичка волја и конкретни чекори во процесот, дека Македонија дава идеи и иницијативи, но оти очекува фитбек од Грција. За естонскиот претседател билатералните спорови не треба да бидат пречка за интеграциските процеси и за почеток на преговори, но дека реално постои проблем за кој Естонија може да даде поддршка, но таа е со ограничена моќ. Во Будимпешта, пак, шефот на дипломатијата, Милошоски, се повика на награда за државата поради реформите, а не на некаков божикен подарок од ЕУ.

„Македонија не бара, ниту очекува божикен подарок од ЕУ, туку прогрес, чекор напред, како валоризација за сработеното и спроведените реформи“, изјави Милошоски по средбата со неговиот унгарски колега Јанош Мартоњи. „Посакуваме да ни се даде она што го заслужуваме со оглед на постигнатото во последните 20 години“, нагласи тој додавајќи дека проширувањето на Унијата не треба да биде заложник на ирелевантно прашање, како што е грчкиот спор околу името.

Тој изрази уверување дека за време на унгарското претседателство со ЕУ, македонскиот случај, како што рече, ќе го добие заслуженото внимание.

Во врска со македонско-грчкиот спор, Мартоњи ги охрабри двете страни побргу да најдат решение.

„Македонија, земја-кандидат за членство од 2005 година, е подготвена за почеток на преговорите, но меѓу неа и една членка на Унијата има отворено прашање. Ги охрабрувам двете страни што побргу да најдат решение“, рече унгарскиот министер.

„Германија ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон НАТО затоа што сметаме дека се направени многу важни и добри чекори во тој правец. Многу сме заинтересирани да се најде компромисно решение за името, бидејќи тоа донекаде е поврзано со прашањето на целокупната стабилност на Балканот“, изјави министерот за одбрана на Германија, Теодор цу Гутенберг, по средбата во Берлин со министерот за одбрана, Зоран Коњановски.

„Ја слушнав подготвеноста од македонска страна за пронаоѓање компромис, останува да се надеваме дека и другата страна ќе ја покаже истата подготвеност“, рече Гутенберг. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 945 пати.

Испрати коментар

Од: Ovcarot i volkot
Датум: 27.10.2010 12:54:50
Celata ,,prikazna,, okolu zaclenuvanjeto na RM vo EU i NATO potsetuva na poznatata prikazna za Ovcarot i volkot! Sepak, postoi razlika, bidejki sega volkot moze da go izede ne samo ovcarot, tuku i drzavata!
Од: b
Датум: 27.10.2010 13:30:08
Маратонците го трчаат последниот круг. А резултатите, однапред се знаат. Ни кажаа уште пред четири години што треба да се стори, толку јасно дури и секој неписмен да разбере.
Од: кракатоа
Датум: 27.10.2010 14:02:34
И навистина да се растрчале, тоа е премалку, предоцна. Башка што во главата имаат само една „вијуга“...
Од: jovan
Датум: 27.10.2010 14:25:42
Koga se "rastrcaa" po Evropa, zosto se rastrcaa, koga sedat doma, zosto sedat doma. Ni na nas ne ni se faka krajot. Mene najmnogu me boli sto toa jalovo trcanje go plaka narodot, a bogami ne e bas eftino nivnoto rastrcuvanje.
Од: Заменик-помошник
Датум: 27.10.2010 17:08:41
А може ли да разговараат барем со некој заменик-помошник?
Од: седумте џуџуња
Датум: 27.10.2010 20:25:05
Треба дома да трчаат и да работат! Овој народ нема претстава колку ОВИЕ оринџ каунти фаци се неписмени, неспособни и мрзливи = 24/7 = ама во друг, научно-фантастичен филм! Но, за тендери и „кој лепеше плакати ќе биде помошник раководител на сектор со 30.000 у џеб“ операции се невидени... На здравје, Македонијо, каде и да ќе отидеш...
Од: stip
Датум: 28.10.2010 09:42:44
ajde bre sedete si doma, ne trosete gi badijala narodnite pari......

Најди! во Утрински
Втора страница
Чувај ме од Клинички!
Кантримен кај Груевски, нема детали за средбата
Вербатим
Скопскиот универзитет се здружи со Приштинскиот






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker