Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора страница

Во Пустец попусто чекаат попис

Алијансата за обединета Македонија во своe и во име на други малцинства се спротивстави на пописниот образец, кој не признава малцинство

Од нашиот известувач
Димитар Чулев

ПУСТЕЦ, АЛБАНИЈА - „Нема тука што да се направи грешка и нема кој да греши. Од потекло сме Македонци“. Павле Митевски (47) вели дека нема шанса на пописот што треба да се одржи во април следната година кој било од 5.300 жители на општината Пустец во Мала Преспа, територија од 250 км2 распространета на девет села, ќе се напише поинаку од Македонец. Страшна пропаганда и невидена агитација спроведе бугарската држава во моментот кога ОБСЕ побара од Албанија да го спроведе пописот во април. Во исто време попис на населението се врши и во Косово и во Албанија. Со пребројувањето на населението на Балканот, Европа сака да добие квалитативни податоци колку од пријавената дијаспора е навистина присутна во Запад, а колку навистина живее во земјата.

„Сметаме дека, барем што се однесува до општината Пустец, бројката и сега ќе остане иста, како што била иста и во изминативе 62 години“, вели Спасе Младенковски, претседател на првата македонска организација „Друштво Преспа“, кој од 1991 година и по отворањето на Албанија, првпат ја откри вистината за постоење македонско малцинство и во третиот, помалку познат дел од Македонија.

Спасе ни вели дека неговите роднини му кажувале дека од 1913 до 1924 година во Мала Преспа и во денешните девет села во Пустец била спроведена невидена грчка пропаганда. Грчки училишта, грчки попови. Не сака да навлегува во историјата и во политичките игри во 20-тите години на минатиот век, но татко му му говорел дека од 1924 година, дали поради размена на територии или поради некаков договор помеѓу Грција и Албанија, Мала Преспа се најде во Албанија. „Предност беше што до осмо одделение во училиштето се изучуваше македонски“, ни вели Спасе. Тој е разочаран дека кон крајот на 1980-тите и почетокот на 90-тите години почна еден ретрограден процес што имаше цел да го уништи македонскиот јазик, па дури и со барање Македонците од Преспа да се откажат од учењето на македонскиот јазик.

Дознаваме, во годините на Информбирото во Голо Брдо и во Гора беше укинат македонскиот јазик. Истиот процес сега вештачки се обидува да го направи албанската држава, која не признава дека надвор од територијата на општината Пустец постои македонско малцинство. Куриозитет е, ни вели Спасе, дека во 1948 година имало 5.300 жители, а сега се 4.160.

Едмонд Темелко, претседател на Македонската алијанса за Европа, ги потврдува овие податоци. Токму тоа беше повод на 6 ноември легално регистрираната партија на Македонците во Албанија да излезе со декларација против намерата на Албанија да спроведе селективен попис. Во последен момент албанските власти го сменија образецот во кој покрај албанското мнозинство, беа таксативно наведени и припадниците на малцинските групи во таа земја.

„Побаравме, вели Темелко, враќање на првиот формулар каде што беа наведени сите малцинства, а луѓето да се изјаснуваат со едноставно ставање крст на квадратчето пред тоа. Второ, побаравме претставник на малцинствата да има во Државната изборна комисија. Побаравме, исто така, во местата каде што малцинствата се мнозинство да има претставници во пописните комисии и меѓу попишувачите од страна на малцинствата. Декларацијата вчера во општинската зграда во село Пустец има цел да испрати сериозна порака до меѓународната заедница во име на сите малцинства во Албанија“, ни објаснува Темелков. На средбата на 6 ноември, Едмонд Темелко го прочита документот во име на Македонците, Србите, Власите и на Ромите. Единствени што не се приклучија на повикот за спроведување реален попис беа Грците. Во Декларацијата било побарано припадниците на малцинствата во Албанија во иднина да се попишуваат во Матичната книга на Албанија како такви, независно од местото каде што живеат.

Куриозитет е - но во Албанија можете да бидете запишан како Грк на југот на земјата, а како Македонец исклучиво во општината Пустец, која за свој симбол го има 16-кракото македонско сонце.

Едмонд Темелко се сомнева дека овој принцип на регионално стационирање и попишување на малцинствата е согласно со европските норми. „Ги известив амбасадорите на ОБСЕ во Албанија, Роберт Бош, и на Европската унија, Хелмут Лохен, за овој преседан... И ги запрашав зошто на Балканот постојат такви двојни стандарди. „Имаме случај, вели Темелков, во Пустец луѓето да бараат да учат македонски како основно човеково право во согласност со меѓународните конвенции, ратификувано од албанската држава, кое не се остварува. Во исто време, во Македонија се води обратен процес - децата на Албанците не сакаат да учат македонски или јазикот на матичната држава“.

Павле Митевски е уверен дека овој пат вистинската бројка за Македонците во Албанија ќе излезе на површина. Живее скромен ж��вот во Пустец каде што машкото население веќе со децении наназад е принудено да оди во аргатлак во странство. „Не велиме странство, велиме во комшии“, вели Павле. Одиме во Грција или во Мала Преспа каде што во сезоната кога се бери гравот, можат да се добијат и по 25 евра по ден, одиме во Ресен во есен кога се берат јаболката и кога се добива 1.000 денари на ден. Посилните мажи во помладите години одат да работат камен... Градителите од Пустец се познати во Македонија. Со добра понуда и со добар претприемач, можат да се добијат и 40 евра дневно.

Во Пустец има една кафеана, нема име, ја нарекуваат - кафеана сретсело пред црквата „Св. Архангел Михаил“. Овде една ракија чини 500 лека или 25 денари. Цигари чинат три пати повеќе и тоа е омилено сврталиште на луѓето од малото село. Младите излегуваат секој петок во кафеаната „Велигден“.

Спасе ни вели дека треба многу да се работи надвор за да се обезбеди живот дома преку зима. Треба да се работи шест месеци над 10 часа во денот за да имате топла зима.


#
Статијата е прочитана 1524 пати.

Испрати коментар

Од: ilija
Датум: 11.11.2010 12:16:39
sto ne intersira nas za albanija nie tuka vo makedonija da si gledame za nasiot popis idnata godina kolku procenti ima albanci i kolku od makedoncite ke se pisat za bugari i dali ke treba da se ukine ohridskiot dogoveo i da se menuva ustavot zaradi rezultaite od popisot
Од: АХ ЕВРОПО
Датум: 11.11.2010 13:20:06
Европа го дозволи злото врз македонскиот народ а и денес не е подобра. Срам за нивната тн демократија.
Од: TRAJANKA
Датум: 11.11.2010 17:02:47
Do ILIJA Taka kako razmisluvas ti , da razmisluval dedoti , ti denes ne bi se vikal Ilija , niti bi znael sto si i koj si . Treba da ti e gajle za sekoj Makedonec na zemjava , toa e tvoj narod , toa si ti . Sekoj narod ima svoe obelezje a toa e jazikot Makedonski koj lugeto vo Pustec go neguvale .
Од: maloprespanec
Датум: 11.11.2010 18:00:14
ne smeeme da dozvolime na albanija da si igra so cuvstvata na makedonskiot narod . zelezoto se kova dur e zesko pa ako sega popustime vo idnina albanija ke pravi sto i grdcija ili hell ass ....pravi so tamosnite makedonci
Од: bogomilec
Датум: 12.11.2010 07:35:38
Во однос на Македонците, Албанија ги игра истите игри, како што тоа го прави Бугарија и Грција. ааааааааааааааааааасите тие играат на картата да покажат пред светот дека се хомогена еднородна нација, исклучиво од хегемонистички позиции. Еврпа треба да бара и од нив да спроведат попис, каков што и се наложува на Македонија, со графа за секое малцинство. Во таа насока не треба да дремат како млади невести и господата од македонската Влада. Треаба се да се стори за да се заштитат правата на пр��падниците на македонското малцинство во тие земји, кои настојуваат да го забошотат до исчезнување.

Најди! во Утрински
Втора страница
Хомо или фобија?
Вербатим
Системот се менуваше, политичарите останаа исти






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'